Контакт

Естрада

Оливер Мандиќ: Поради фустанот, мислеа дека сум хомосексуалец

Објавено пред

Оливер Мандиќ е оженет со 22 години помлада сопруга и за него се врзуваат најголемите естрадни скандали и навреди.

Во 80-тите години кога на музичката сцена се појави во фустан, со црвен кармин и високи потпетици, дотеран и среден како најдобро облечена жена, следуваше скандал.

Денес, тој не би предизвикал толку многу реакции, а некогаш го нарекуваа со погрдни имиња на улица, го навредуваа и му дофрлуваа.

Тој беше првиот маж што сними спот облечен како жена ризикувајќи дури и тогаш да си ја загрози својата кариера, пишува „Курир“.

– Во Србија велеа дека сум пе*ер и плукнаа на мене. Ноќе, кога возев автомобил, илјада плукања извикуваа: „Пе*ерчинооо“ – изјави пред неколку години Оливер потсетувајќи на моментот кога беше на врвот на славата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Џаред Лето изнајми остров во Хрватска и ги покани фановите да дојдат

Објавено пред

Џаред Лето и неговиот бенд „Трти секундс то Марс“ организираат фестивал во Хрватска, поточно на едно островче кај Шибеник.

Станува збор за Марс исланд фестивал кој ќе се одржи од 9 до 12 август, а рокерите се активираа на социјалните мрежи и не престануваат да ги повикуваат луѓето да им се придружат на настанот во Хрватска. Тридневниот билет ги вклучува сите активности, сместување и храна.

Цените се движат од 900 евра до неверојатни 5 600 евра. Посетителите ќе уживаат во „интимни концерти” на бендот, но и во масажи, јога, медитација и многу други активности. Инаку, Лето досега Марс исланд го организираше во Калифорнија, а фестивалот беше многу популарен во САД.

View this post on Instagram

PRE-SALE IN 6 DAYS!!! 🕺🏻🕺🏻🕺🏻

A post shared by JARED LETO (@jaredleto) on

“Ќе биде неверојатно, местото е лудница”, им порача Џаред на своите обожаватели преку Инстаграм и ги покани да му се придружат во Хрватска.

Прикажи повеќе...

Естрада

(Видео) Дејвид Хаселхоф се прошета во домашна наметка во снег до колената

Објавено пред

Повеќе од 41.000 луѓе беа затрупани во снегот од понеделникот во Салцбург, меѓу кои и холивудскиот актер и пејач Дејвид Хаселхоф (66), пишуваат австриските медиуми. Но, на ѕвездата на „Спасувачката служба” очигледно не ѝ студи. И покрај толку снег, тој ја облече домашната наметка, ја стави капата на главата, ги обу чизмите и скокна во снегот.

Walleggalm

It’s going to be sunny tomorrow and the rest of the week. My concert is on Thursday at 2pm guarantee it will be awesome! Walleggalm… Die Megaalm in Saalbach Hinterglemm

Gepostet von David Hasselhoff am Montag, 14. Januar 2019

Тој сакаше да се прошета до џакузито, но снегот, кој му беше до колената, ги прекина неговите планови. Кога сфати колку е ладно, Дејвид се врати во својата куќа, а пред тоа ги повика сите на својот концерт в четврток.

„О, мој Боже, појдов до џакузито, но не можам, премногу е студено“, се насмеа Дејвид, а неговите следбеници му кажаа дека во Австрија не е топло како на плажите на Малибу.

Инаку, во Австрија, поради снегот, многу луѓе се спречени да дојдат или да заминат од земјата. Неколку луѓе дури и починаа.

Прикажи повеќе...

Естрада

Убиен 24-годишен геј-пејач додека возел мотоцикл

Објавено пред

Ѕвездата во подем, пејачот Кевин Фрет е убиен, а имаше само 24 години. За него се пишува како за прв отворен геј-пејач на латиноамериканскиот трап, и според весникот „Ел нуево диа“, тој беше убиен во Порторико во раните утрински часови во четвртокот, 10 јануари. Некој пукал во него додека се возел на неговиот мотоцикл по Сан Хуан околу 5:30 часот по локално време, а починал во медицинскиот центар во Рио Пиедрас.

Полицијата го испитува неговото убиство, во кое тој е застрелан осум пати.

„Кевин беше уметничка душа, сонувач со големо срце. Неговата страст беше музиката и уште толку многу сакаше да направи. Насилството мора да престане. Не постојат зборови за да се опише она што го чувствуваме и болката што ја предизвикува фактот дека едно лице со толку многу соништа мораше да си замине“, се вели во соопштението неговиот менаџер Едуардо Родригез.

Фрет се проби на латиноамериканската трап-сцена на почетокот на 2018 година со песната Soy Asi, и искрено се залагаше за порториканската ЛГБТ-заедница.

„Молете се, опуштете се и чекајте го моето време, јас ќе го направам останатото”, е последната објава на Фрет на Инстаграм, која ја напиша во средата.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион32 минути

Најмалку седум деца мигранти речиси измрзнале на планинскиот премин меѓу Хрватска и БиХ

Најмалку седум деца мигранти, кои со родителите вчера тргнале пешки од Босна и Херцеговина преку планината Пљешевица, се сериозно повредени,...

Македонија38 минути

Путин: Постои надворешен притисок околу зачленувањето на Македонија во НАТО

Кога станува збор за ситуацијата на Балканот, тогаш може да се каже дека тука сериозен дестабилизирачки фактор тука преставува политиката...

Регион1 час

Романија ја претстави програмата за претседавање со ЕУ

Романската премиерка, Виорика Данчила, вчера пред Европскиот парламент ги презентираше приоритетите на романското претседателство со Европската унија. „Првата фаза ќе...

Вести1 час

Грчкиот парламент ќе гласа недоверба на владата на Алексис Ципрас

Денеска во грчкиот парламент продолжува седницата на чии дневен ред е една точка – недоверба на владата на Алексис Ципрас....

Македонија1 час

Владата една и пол година ги слави празниците на Груевски, Законот за празниците нечепнат

Владата една и пол година ја разгледува можноста за укинување дел од неработните денови и  измена на Законот за празниците,...

Свет2 часа

Британскиот парламент ќе гласа за недоверба на владата на Меј

Британската премиерка Тереза Меј денеска треба да се соочи со гласање за недоверба, еден ден откако парламентот го отфрли нејзиниот...

Свет2 часа

Помпео: Иранските ракети за сателити се закана за Европа и Блискиот Исток  

Неуспешниот обид на Иран да ландира сателит во орбитата со трифазна ракета покажува дека намерата на Исламиската Република е да...

Свет3 часа

Американскиот  Стејт департмент: Американските граѓани во странство се цел на терористите од ИД и Ал Каеда

Американскиот Стејт департмент во својата најнова серија совет и препораки за своите граѓани низ светот предупреди дека американските граѓани се...

Свет4 часа

Отава побара од Пекинг помилување за канадскиот државјанин осуден на смрт

Канадскиот министер за надворешни работи, Кристија Фриленд, во вторникот информираше дека Отава официјално побарала од Пекинг да го поштеди животот...

Свет14 часа

Тереза Меј доживеа голем пораз, парламентот го одби нејзиниот предлог за брегзит

Британските пратеници вечерва гласаа против предлогот на премиерката Тереза Меј за договор за излез на Велика Британија од Европската Унија,...

Регион14 часа

Девојче од БиХ почина од сепса предизвикана од сипаници

Деветгодишно девојче од Читлук во Босна и Херцеговина починала во неделата во болница во Задар, откако настанале компликации за време...

Регион15 часа

Приштина попушти и ги повлече даноците на дел од производите од Србија и БиХ

Привремените приштински институции одлучија да ослободат од стопроцентно зголемените даноци на дел од производите од Србија и БиХ, пренесуваат српските...

Свет16 часа

(Видео) Најмалку петмина убиени во нападот на хотелски комплекс во Најроби

Најмалку пет луѓе се убиени, а четворица се повредени во напад на луксузен хотелски комплекс во Најроби, кој полицијата го...

Македонија18 часа

(Видео) Филипче бара максимална казна за „Македонијалек“ за техничката грешка со декларацијата на МРП-вакцините

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска изјави дека е завршен увидот на инспекторите од МАЛМЕД во сите места каде што...

Истражувања19 часа

(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици

Цигари, влажни марамчиња, мирисливи свеќи, калап за печење мафини, решо, дрвени лажици, чајник, се дел од работите што Општина Арачиново...

Култура20 часа

Министерството за култура унапредува по етничка основа, а брка реномирани советници

На почетокот на годината Министерството за култура унапреди 20 службеници во разни сектори, а се поздрави со советникот и креатор...

Македонија21 час

(Видео) Претседателските избори ќе се одржат на 21 април, а ќе има и локални во 3 општини

Поради Велигден, за една недела ќе се помести првичната идеја за одржување на претседателските избори на 14 април. Според процените...

Македонија21 час

(Видео) Џафери: Не чувствувам одговорност, постапив во согласност со надлежностите

Вчера, во својство на претседател на Собранието, во согласност со моите надлежности, потпишав два указа и ги испратив во „Службен...

Вести22 часа

Каменос: Ќе сторам сè актуелната влада да не добие поддршка

Ќе ги искористам сите расположливи механизми што ми се на располагање сегашната влада да не добие поддршка за договорот од...

Македонија22 часа

Иванов: Објавувањето на Законот за јазиците во „Службен весник“ е противуставно и незаконски

Објавувањето на Законот за јазиците во „Службен весник“ е противуставен чекор, велат од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов. Оттаму велат...

Досие