Контакт

Естрада

Оливија Њутн-Џон се лекува со масло од канабис

Објавено пред

Австралиската пејачка и актерка Оливија Њутн-Џон објави дека третпат има рак.

Пејачката (69), која стана позната по својата улога во „Брилјантин“, на австралиската телевизија откри дека нејзините лекари ѝ нашле тумор на ‘рбетот.

Покрај радиотерапијата, исто така се лекува и со природни методи, како што е употребата на масло од канабис.

Њутн-Џон го поддржува одгледувањето канабис за лични медицински цели и вели дека растението помага во болката и се надева дека ќе стане легално во нејзината родна Австралија, како што е во Калифорнија, каде што живее.

Естрада

Мадона напорно вежба за турнејата во септември

Објавено пред

Поп-дивата Мадона (60) неодамна го објави новиот албум наречен „Мадам X“, па веројатно поради тоа е постојано присутна во медиумите во изминатите два месеци.

Пејачката напорно вежба за своите настапи во склоп на турнејата „Мадам Х“, и тоа со таква леснотија што во исто време може да ги гледа вестите на својот мобилен телефон. Таа на својот инстаграм-профил објави видео кое во краток период имаше речиси 800.000 прегледи.

„’Мадам Х’ се подготвува за денот“, напиша Мадона во описот на објавеното видео.

„Како можете да бидете толку флексибилни на 61 година?“, еден од нејзините обожаватели го коментираше видеото.

Турнејата за која пејачката се подготвува ќе почне во Њујорк на 12 септември.

Прикажи повеќе...

Естрада

„Металика“ донираше 250.000 евра за изградба на детска онколошка болница во Букурешт

Објавено пред

Американскиот метал бенд „Металика“ донираше 250.000 евра на здружението кое во Букурешт ја гради првата детска онколошка болница во Романија.

„Тоа е гест за кој не сме ни сонувале“, изјави за „Франс транс“ Кармен Ускату, еден од основачите на романската невладина организација „Подари живот“.

Од хуманитарната организација „All Within My Hands“, основана од „Металика“, соопштија дека „последната етапа од турнејата започнува со многу посебна донација“.

„Металика“ синоќа одржа концерт во Букурешт, а следниот настап во рамките на турнејата WorldWired ќе биде утре во Виена.

Во Романија, стапката на смртност кај деца заболени од рак е двојно поголема од просекот на Европа, пренесува АФП.

Прикажи повеќе...

Естрада

Симон Ковел ослабе 10 килограми и го намали внесот на алкохол

Објавено пред

Британскиот музички продуцент Симон Ковел се појави на црвениот килим по повод четвртфиналето на популарното шоу „Америка има талент“ и ја покажа својата нова линија.

Ковел изгуби речиси 10 килограми откако беше хоспитализиран во 2017 година  кога се струполи поради нискиот крвен притисок.

„Отидов кај познат доктор и тој ми рече дека морам да избегнувам црвено месо, млечни производи, шеќер, глутен и леб“, рече Коуел за Екстра ТВ во јули, додавајќи дека исто така морал да го намали внесот на алкохол.

View this post on Instagram

Brit Awards 2016

A post shared by @ simoncowell on

Тој сега се придржува кон речиси строго веганска исхрана, а во сè го поддржува и неговата партнерка Лорен Силверман со која има петгодишен син.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион4 часа

(Видео) Авион слета на автопатот Загреб – Риека откако му откажал моторот

На автопатот Загреб-Риека помеѓу Врбоско и Равна Гора, помал спортски авион слета на патот. Граѓани кои се возеле во автопатот...

Топ5 часа

Гори планината над Буковиќ

Пожар избувна изутринава на тешко пристапен терен над селото Буковиќ, во близина на Сарај. Како што дознава ,,Макфакс”, пожарот избувнал...

Свет5 часа

„Не сме на продажба“ – му порача Гренланд на Трамп

Владата на Гренланд соопшти дека нејзината територија не е на продажба, по извештаите дека претседателот на САД Доналд Трамп бара...

Свет7 часа

(Видео) Осум лица загинаа, а десет се повредени во пожар во хотел во Одеса

Осум лица загинаа, а десетина се повредени во пожар кој рано утрово изби во хотел во украинскиот град Одеса, соопшти...

Свет7 часа

Трамп планира да им продаде борбени авиони на Тајван за осум милијарди долари

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го информираше Конгресот дека планира да му продаде борбени авиони Ф-16 на Тајван, во...

Култура7 часа

Почина актерот Питер Фонда, ѕвездата на филмот „Голи во седло“

Актерот Питер Фонда почина на 79-годишна возраст на својот имот во Лос Анџелес. Тој боледуваше од рак на белите дробови....

Македонија8 часа

Ленче Ристоскa: Со панични движења подлабоко се тоне во живиот песок

„Интересен феномен. Со продолжено или панично движење подлабоко се тоне во живиот песок“, напиша на Фејсбук обвинителката Ленче Ристоска, без...

Економија9 часа

„Алибаба“ прва на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании

Кинескиот гигант за електронска трговија „Алибаба“ е прв на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании. Веднаш зад „Алибаба“ се наоѓаат...

Македонија23 часа

Пациент со западнонилска треска хоспитализиран на Инфективна клиника

Пациент заразен со западнонилска треска е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Од Центарот за јавно здравје соопштија...

Топ1 ден

Расветлено и второто убиство кај браната Турија – го застрелал, го ставил во резервоар за гориво и го фрлил во водата

Полицијата соопшти детали за убиството на струмичанецот кој се водеше за исчезнат, а неговото тело потоа беше пронајдено во водите...

Македонија1 ден

(Видео) Рустеми: Ако чувствував влијание од Јанева за моето сведочење, ќе пријавев

Бурим Рустеми вели дека одговорил на сите прашања од обвинителството поврзани со случајот „Рекет”. Тој не сакаше да каже дали...

Топ1 ден

Загина 26-годишен тетовец на патот Гостивар-Тетово

Дваесет и шестгодишен жител на селото Топлица, Врапчиште, синоќа загинал во сообраќајна несреќа, откако изгубил контрола на возилото и излетал...

Македонија1 ден

Битолчанец го враќа сонцето од Кутлеш на шахтите

Битолчанец ги враќа отстранетите ѕвезди од Кутлеш на шахтите во градот кои беа отстранети според преспанскиот договор. Тој направил шаблон...

Свет1 ден

Трамп сака да го купи Гренланд

Претседателот Доналд Трамп сака да го купи Гренланд. За ваквата намера тој во повеќе наврати контактирал со данската влада, а...

Свет1 ден

Северна Кореја повторно лансираше две ракети што паднаа во море

Северна Кореја повторно истрела две балистички ракети со краток дострел кон источниот брег на земјата, соопштија официјални лица на Сеул,...

Европа1 ден

Пронајден цртеж на Да Винчи што бил сoкриен 500 години под неговото ремек-дело

Откриен е цртеж на Леонардо да Винчи, сoкриен повеќе од 500 години под една од неговите најпознати слики „Богородица во...

Регион2 дена

Грција се бори со шумските пожари, гори на неколку острови

Грчките власти испратија засилувања на пожарникарите кои се борат со голем шумски пожар во природен резерват на островот Евија, додека...

Европа2 дена

Шест европски земји ќе подадат рака за спас на 147 мигранти

Премиерот на Италија Џузепе Конте изјави денеска дека шест европски земји сакаат да ги преземат 147 мигранти кои се блокирани...

Свет2 дена

Киев и ЕУ се лути, Русија им нуди државјанство на три милиони Украинци

Киев и ЕУ се лути, откако Русија им нуди државјанство на околу три милиони Украинци од регионот на границата со...

Свет2 дена

(Видео) Кремљ ќе ги одликува пилотите херои кои слетаа избегнувајќи јато птици

Кремљ ќе им додели државни одликувања на двајцата пилота кои успешно принудно слетаа со патнички авион во кој имало 233...

Досие