Контакт

Забава

Омилената песна на Џон Ленон ја нема во неговиот култен албум

Објавено пред

Легендарниот бенд „Битлси“ сними голем број песни со текот на годините, а Џон Ленон продолжи да снима и по неговото расформирање, но една од неговите омилени песни била тргната од неговиот иконски албум „Рокенрол“ од 1975 година.

Крајот на „Битлси“ беше во 1970 година по неколку години бурни расправии меѓу славната четворка. Иако Џон Ленон, Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар останаа добри пријатели, тие никогаш не се собраа повторно на свирки или за снимање. По распадот на бендот, секој од поранешните членови објави неколку свои соло албуми.

Ленон издаваше по еден албум годишно од 1970 година, а неговиот последен албум излезе во 1975 година.

Петтииот соло албум на поранешниот „битлс“, „Рокенрол“, беше хит што се искачи на број шест во Велика Британија и САД. Набргу по објавувањето, беше сертифициран со злато во двете земји.

Иако албумот вклучуваше хитови, како Stand By Me и Ain’t That a Shame, во него ја немаше една од омилените песни на Ленон.

На 26 октомври 1973 година Ленон го сними синглот „Енџел бејби“ за овој албум. За жал на фановите, Ленон реши да ја задржи песната надвор од албумот. Не е познато зошто ја изостави, особено затоа што многу ја сакал, коментираат британските весници.

Говорејќи за синглот неколку години подоцна, Ленон рече: „Ова е една од моите омилени песни на сите времиња“.

Забава

Мадс Микелсен ќе го замени Џони Деп во новиот „Фантастични ѕверки“

Објавено пред

Данскиот актер Мадс Микелсен е избран да го замени Џони Деп во претстојниот трет филм во серијалот „Фантастични sверки“, соопшти во средата „Ворнер Брос“.

Микелсен (55), кој е познат по улогата на сериски убиец Ханибал Лектор во американската телевизиска серија „Ханибал“, ќе го игра злобниот волшебник Гелерт Гринделвалд во спиноф филмот на авторката на Хари Потер, K.К. Роулинг.

Деп беше принуден да ја напушти улогата на почетокот на овој месец откако изгуби случај за клевета во Велика Британија против весникот „Сан“ во врска со статија за наводно семејно насилство.

Деп, кој претходно започна со продукцијата на третиот филм „Фантастични sверки“ во Лондон, откри  дека од „Ворнер“ побарале од него да замине.

Прикажи повеќе...

Забава

„БТС“ ја доби првата Греми-номинација за К-поп бенд

Објавено пред

Јужнокорејскиот бенд „БТС“ во вторникот ја освои првата номинација за „Греми“ за К-поп бенд (корејски поп бенд), со што светската сензација е чекор поблизу до освојувањето на музичката награда.

Од нивното деби во 2013 година, седумчлениот бенд е предводник на јужнокорејската поп-музика, а неодамна со песната „Динамит“ го забележа својот прв хит-сингл број еден на топ листите на Билборд во САД.

Прикажи повеќе...

Забава

Судот во Лондон ја одби жалбата на Џони Деп во случајот клевета

Објавено пред

На Џони Деп му е одбиена жалбата во случајот за клевета против таблоидот „Сан“, кој неодамна го изгуби откако судот одлучи да ја отфрли тужбата.

57-годишниот актер презеде правна акција против британскиот весник откако го нарекоа тепач на жена кој физички ја нападнал тогашната сопруга Амбер Херд, но судијата пресуди во корист на „Сан“ на почетокот на овој месец, и ја отфрли тужбата на Деп за клевета.

Во тоа време, адвокатскиот тим на Деп најави дека ќе се жали на одлуката, но во средата, судијата ја одби нивната првична жалба со објаснување дека случајот нема „разумна перспектива за успех“.

Британскиот дневен весник „Тајмс“ наведува дека ѕвездата на „Пиратите од Карибите“, исто така, мора да плати 628.000 фунти правни трошоци на сопственикот на „Сан“, News Group Newspapers.

Ако адвокатскиот тим на Деп сака да продолжи со нивното барање за жалба, тие сега мора случајот да го предадат на Апелациониот суд.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

СДСМ: За јазикот и идентитетот не се преговара и не може да се преговара

За јазикот, за идентитетот не се преговара, ниту може да се преговара. Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се потврдени и...

Топ57 минути

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Македонија1 час

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитува и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување...

Македонија2 часа

Опозицијата бара оставка од Заев поради вчерашното интервју

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев, поради ставовите изнесени во интервјуто за бугарската новинска агенција БГНЕС. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Свет2 часа

Меркел: Задолжителни маски и на отворено

Германската канцеларка, Ангела Меркел, објави дека ограничувачките мерки против коронавирусот ќе бидат продолжени најмалку до 20 декември, а можеби и...

Свет2 часа

Трамп одобри помилување на неговиот поранешен советник за национална безбедност

Американскиот претседател Доналд Трамп го одобри помилувањето на неговиот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, што медиумите го...

Македонија13 часа

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Македонија14 часа

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на...

Македонија15 часа

Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна...

Свет16 часа

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинескиот државен весник „Пиполс дејли“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека коронавирусот не потекнува од Вухан, град...

Меѓународен17 часа

Почина Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал...

Македонија19 часа

Заев: Бугарија не е фашистичка земја, туку наш пријател

Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател, вели претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за бугарската новинска...

Македонија22 часа

Судот го опомена Бојан Јовановски, одбиено е барањето за изземање на судијката

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, го одби барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова од...

Македонија22 часа

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени во здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера,...

Култура23 часа

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа23 часа

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет24 часа

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Македонија1 ден

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, слободни уште 20-ина места

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Пандемијата покажа дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите нации,...

Регион1 ден

Од денес стапува во сила полициски час во Црна Гора

Во Црна Гора од денес угостителските и услужните објекти ќе работат од 7 до 18 часот, а забраната за напуштање...

Досие