Забава
Опра Винфри за слабеењето: Сфатив дека слабите луѓе не ни размислуваат за храна

Опра Винфри (70) сними нова епизода од The Oprah Podcast. Во него таа разговараше за ефектите на лековите за слабеење врз телото со ендокринологот Ања Јастребоф и откри некои детали за нејзиниот процес на слабеење.
„Една од работите што ги сфатив првиот пат кога земав апчиња за слабеење беше дека сите овие години мислев дека слабите луѓе едноставно имаат поголема волја. Дека јадат подобра храна, полесно се држат до неа, никогаш не јадат чипс. И тогаш јас сфатиф дека тие воопшто не размислуваат за тоа. Јадат само кога се гладни и престануваат кога се сити“, опишала Опра.
На Инстаграм профилот на Опра беше објавен клип од подкастот каде следеа бројни коментари. Многумина се согласија со водителката и ги поддржаа нејзините одлуки, но имаше и критичари кои сметаат дека она што го кажува Опра не важи за сите луѓе.
„И слабите луѓе постојано размислуваат за храна, но се трудат да ги задоволат своите физички и ментални потреби на здрав начин, а не со земање лекови“, „Ова воопшто не е точно. Се работи за волја, придржување кон диета/рутина, а вие го правите тоа долго време“, „Само затоа што се приклучивте на нов тренд не значи дека треба да зборувате како вашето разбирање за реалноста да е конечно“, „Ова ме лути“, напишаа незадоволните луѓе.
Медиумите потсетуваат дека иако претходно негираше дека земала лек за слабеење, 70-годишната ТВ ѕвезда призна дека почнала да го користи и откри дека ослабела 20 килограми. “Не можев повеќе да вежбам. Не можев да се качувам побрзо или да трчам побрзо. Морав да јадам еден оброк на ден. Не можев да правам ништо друго”, објаснила таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Адвокатот на Балдони проговори за шегата на Рајан Рејнолдс за Блејк Лајвли

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс се најдоа во центарот на вниманието пред неколку дена поради шегата на актерот за правната битка што неговата сопруга ја води со актерот Џастин Балдони. Сега се огласи адвокатот на Балдони, кој ја критикува шегата на Рајан.
Рејнолдс се појави со сопругата Блејк Лајвли на прославата на 50-годишнината од шоуто SNL, а во еден момент стана и им кажа на водителките Тина Феј и Ејми Полер дека има прашање. „Рајан Рејнолдс! Како си?“, го прашаа, а актерот рече: „Одлично! Зошто, што слушнавте?“ и на тој начин ја насмеа публиката, а актерката наеднаш стана сериозна по неговите зборови.
Audience Q&A with Amy Poehler and Tina Fey! #SNL50 pic.twitter.com/XYqXMddhS9
— Saturday Night Live – SNL (@nbcsnl) February 17, 2025
Адвокатот на Балдони, Брајан Фридман, се појави на „Хот микс“ и ја нарече ситуацијата најнов потег од нивниот тим.
„Искрено, не познавам личност чија сопруга била сексуално вознемирувана, а тој би се исмејувал со таа ситуација“, изјави Фридман.
„Не можам да се сетам на некој што направил нешто такво. Ме изненади“, додаде тој.
Тој рече дека Балдони се надева оти целиот случај ќе биде решен во негова корист. Водителот го прашал адвокатот дали Балдони заминал на Хаваи на одмор со сопругата и децата. „Не би го нарекол одмор. Мислам дека никој што е обвинет за такви страшни работи, можеби дури и за злосторства, не е на одмор“, рече Фридман и додаде: „Мислам дека се обидува да помине време со своето семејство и да најде мир“.
Забава
Припадниците на овие два знака му пркосат на стареењето, тие се навистина среќни

Некои хороскопски знаци имаат неверојатна способност да му пркосат на стареењето, а ако сте меѓу нив, имате навистина среќа.
Не се работи само за генетика, туку и за нивниот однос кон животот – нивната опуштена природа, мудрост и љубов кон ситниците ги прават долговечни. Кои се тие?
Еве два хороскопски знаци кои според ѕвездите знаат да живеат долг и исполнет живот.
Јарец
Јарецот е, без сомнение, хороскопски знак кој живее со план – и тоа долгорочен! Нивната дисциплина, промисленост и неверојатна издржливост често ги водат до зрела старост.
Јарците не донесуваат избрзани одлуки и ретко си дозволуваат да претераат, без разлика дали станува збор за храна, пијалок или стрес.
Нивната тајна? Мудрост и рутина. Јарците редовно ќе одат на медицински прегледи, ќе внимаваат на исхраната и секогаш ќе најдат време за прошетка. Но, не се само здравите навики кои ги прават долготрајни.
Јарците знаат како да се справат со предизвиците – никогаш не се откажуваат, дури и кога животот станува тежок. Оваа внатрешна сила им овозможува да останат смирени и фокусирани, што е клучот за долг и квалитетен живот.
Вага
Вагите се вистински уметници за одржување рамнотежа – не само во социјалните односи, туку и во нивниот животен стил. Тие интуитивно знаат кога да застанат, да успорат и да ги наполнат батериите.
Нивната опуштеност им помага да го избегнат непотребниот стрес, кој е нивен главен сојузник во борбата против стареењето.
Вагите се познати по тоа што сакаат сè што е пријатно и релаксирачко – од долги прошетки во парк, топли, релаксирачки купки, до добра книга со чај.
Нивната способност да уживаат во сегашниот момент им помага да останат отпорни на грижите од секојдневниот живот што ја трошат енергијата.
Вагите исто така сакаат друштво и љубовни врски, што научно е докажано дека е клучен фактор за долговечноста.
Забава
(Видео) Никола Јокиќ го запозна Кевин Харт и ги насмеа сите со изјавата: Мислев дека си нечие дете

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ, кој игра во НБА за Денвер Нагетс, се сретна со американскиот комичар и актер Кевин Харт, кој учествуваше на Ол-стар викендот.
Актерот кој е висок околу 160 сантиметри разговарал со Јокиќ кој е висок 211 сантиметри.
A COMEDIAN AND A JOKER 😅@KevinHart4real x Jokić pic.twitter.com/JoPxLICIAE
— NBA (@NBA) February 17, 2025
Јокиќ на шега му рекол: „Извини, мислев дека си нечие дете“.
Харт повеќе пати му повтори: „Не се смеј“.
Shaq and Kevin Hart 😭 pic.twitter.com/YtHd1wbUST
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) February 17, 2025
Јокиќ не е единствениот кој се пошегува на сметка на висината на Харт. Кевин Дурент се насмеа кога Харт застана до Шекил О’Нил на Ол-стар натпреварот, а микрофоните го снимија она што тој го кажува.
KD mic'd up at the All-Star Game 🤣🎤 pic.twitter.com/MdPBvGZFGG
— Bleacher Report (@BleacherReport) February 17, 2025