Забава
Орел одлетал во роаминг зона и направил огромна сметка за научниците

Руски орел чие движење научниците го следеле преку GPS околувратник, одлетал надвор од земјата, во роаминг зона и направил огромна сметка.
Степскиот орел по име Мин, кој бил опремен со уред што преку текстуални пораки испраќал координати до истражувачите, одлетал во Казахстан, на 5.600 километри оддалеченост, од каде уредот прикачен на него испратил стотици текстуални пораки, кои подоцна биле наплатени по роаминг тарифа.
Мин, како што пренесува агенцијата „Танјуг“, најпрво летал во област која немала покриеност со сигнал, поради што сите пораки кои требало да се испратат во тој период биле зачувани за да бидат испратат подоцна, кога ќе има сигнал.
Меѓутоа, орелот прелетал скоро 5.600 километри и кога во Казахстан влегол на територија со мобилна покриеност, биле испратени сите заостанати пораки.
Според една од истражувачите, Елена Шнајдер, од таму пристигнале стотици скапи пораки, а сметката на крајот била неколку десетици илјади рубли.
Инаку, научниците од рускиот центар за рехабилитација на дивите животни во Новосибирск постојано надгледуваат 13 птици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Кралицата Елизабета Втора сподели една од нејзините омилени фотографии со принцот Филип

Во пресрет на погребот на принцот Филип, британската кралица Елизабета Втора сподели со јавноста една од нејзините омилени фотографии со нејзиниот сопруг, со кого беше во брак 73 години.
На фотографијата се гледа како кралскиот пар се одмара на трева во Абердиншир во 2003 година, пренесува Би-Би-Си.
На таа фотографија направена еден сончев ден, кралицата и принцот Филип изгледаат целосно опуштено и топло се насмевнуваат на својата снаа Софија која ги сликала.
Погребот на принцот Филип, кој почина на 9 април, на 100-годишна возраст, ќе се одржи денес во замокот Виндзор.
На погребот ќе можат да присуствуваат најмногу 30 лица во согласност со мерките против епидемијата на коронавирусот. Самиот принц Филип претходно изјави дека сака скромен погреб.
На церемонијата, која ќе биде прикажана на телевизија, кралското семејство ќе се збогува со војводата од Единбург, кој беше во брак со „Лилибет“ која стана кралица во 1952 година.
Забава
Ејдан Тарнер ќе го глуми Леонардо да Винчи во нова серија

Ирскиот актер Ејдан Тарнер изјави дека му е мило што новата историска драма за Леонардо да Винчи ја отсликува сексуалноста на уметникот.
Во новиот проект, во продукција на „Амазон прајм“, Тарнер го глуми познатиот италијански ренесансен архитект, инженер, вајар, уметник.
Во ТВ-серијата, универзалсниот уметник од Тоскана е прикажан како да има машки љубовници. Некои историчари тврдат дека Да Винчи бил хомосексуалец или бисексуалец.
„Неговата сексуалност е голем дел од она што навистина бил тој“, рече Тарнер во текот на поткатстот Leonardo: Official Podcast. „И негова мотивација да направи толку многу“, додаде актерот.
Драмската серија – љубовна приказна и мистерија за убиство – истражува што го натерало Да Винчи да црта. Секоја од осумте епизоди се фокусира на различна слика и приказната што стои зад неа.
Забава
Најубава фигура во танга-бикини, Софија Вергара ги потсети фановите како изгледаше во 90-тите

Актерката Софија Вергара сака да ги задева своите 21,4 милион фанови и следачи на „Инстаграм“ со фотографии од периодот кога работеше како модел, години пред да стане голема телевизиска sвезда благодарение на хит-серијата „Модерно семејство“.
Колумбиската убавица се наврати на помладите години и овој пат сподели секси фотографија во танга-бикини како дел од својот Throwback Thursday.
„#tbt Мајами 90-тите“, напиша 48-годишната актерка во описот на објавата потсетувајќи се на периодот кога живеела во Мајами, каде што се доселило нејзиното семејство кон крајот на 90-тите.
Експлозија од минатото: Софија Вегара во „троубек трсдеј“ од 90-тите
На крилјата на високите телевизиски рејтинзи и признанија, Вергара беше најплатената ТВ-актерка од 2013 до 2019 година, што вклучува неверојатни 42,5 милиона долари од јуни 2017 и јуни 2018 година.
Од неодамна таа е судија, односно една од четиричленото жири на ТВ-шоуто „Америка има талент“.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш