Забава
Оригиналната екипа се враќа во „Смртоносно оружје 5“

И покрај тоа што има 90 години, Ричард Донер ќе ја земе режисерската палка за петтиот дел на популарниот акционен серијал „Смртоносно оружје“.
Со Мел Гибсон и Дени Гловер во главните улоги, „Смртоносно оружје 5“ ќе ја има оригиналната екипа, која повторно се обединува, откако го почнаа серијалот уште во 1987 година.
Иако Донер беше на чело на целата франшиза, неговото последно издание, Lethal Weapon 4, не ја погоди целта. Со заработка на филмот од 285 милиони долари (376 милиони долари пред даночење) на киноблагајните, а со буџет од 150 милиони долари, не се смета за враќање на инвестицијата што Холивуд ја очекува.
Во интервју за „Телеграф“, Донер потврдува дека „Смртоносно оружје 5“ ќе биде последен дел. Со оглед на моментната клима кога станува збор за расположението кон полицијата, особено во САД, останува да видиме како ќе помине жанрот „другар полицаец“, коментира весникот.
А во врска со продукцијата на Дени Гловер, кој го играше детективот Роџер Муртаг во филмовите, тој за „Варајети“ изјави дека сценариото одекнува со актуелните настани: Открив дека дејството има многу силна важност за некои работи што се случуваат денес.
„Би било интересно да се види како го сфаќаме ова во политичката рамка во која се наоѓаме, економската рамка во која се наоѓаме. И особено оваа рамка контра заедниците погодени од полициско насилство, полициските стандарди и моќта што тие ја наметнуваат“, вели актерот.
„Смртоносно оружје 5“ ќе биде во продукција на Дан Лин, кој беше извршен продуцент на телевизиската адапатација на популарниот акционен серијал.
„Смртоносно оружје“ излезе во 1987 година и ги следеше авантурите на детективското дуо Мартин Ригс (Гибсон) и Роџер Муртаг (Гловер).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По стапките на татка си – Патрик Шварценегер покажува стомачни на одмор во Мауи

Неговиот татко Арнолд Шварценегер е еден од најпознатите бодибилдери на сите времиња, дури и пред да ја почне својата филмска кариера.
Патрик Шварценегер се чини дека посветува доста внимание на добрата фигура кога ги покажа затегнатите стомачни мускули на плажа во Мауи, Хаваи, во саботата.
27-годишниот актер беше забележан како излегува од Пацификот по сесија нуркање со група пријатели.
Забава
Расел Кроу во одбрана на култниот класик „Господар и заповедник“

Расел Кроу не прифаќа несоодветни коментари за еден од неговите омилени филмови во кои глумел некогаш.
56-годишниот оскаровец се огласи на „Твитер“ во саботата за да застане во одбрана на својот поморски еп од 2003 година „Господар и заповедник : Далечната страна на светот“ по зајадливиот твит на шкотскиот пејач текстописец Јан Мекнеб.
Во реакција на твитот на музичарот Кроу напиша дека тоа е симптом на денешните деца, а многу твитерџии побрзаа да го бранат култниот класичен филм.
Мекнеб ја поттикна полемиката со коментар за моментната ситуација со целосното затворање и го спомна филмот.
„Многу луѓе се жалат на недостиг од сон среде пандемијата“, напиша тој. „Може ли да ви го препорачам „Госпдар и заповедник“ со Расел Кроу во главната улога, актер што обично ви го привлекува вниманието. Никогаш не сум ја поминал границата од десет минути. Ти благодарам, Расел“, додаде музичарот и го означи актерот за да може да го види твитот.
Расел Кроу набргу се огласи со реакција.
„Тоа е проблемот со децата овие денови. Нема фокус“, одговори Кроу иако Мекнеб е четири години постар од него.
Актерот сподели некои специфики што го прават филмот не само привлечен туку и убав за гледање. „Филмот на Питер Вирс е брилијантен. Прецизна, детаљно ориентирана, епска приказна за верност кон империјата, без оглед на цената. Неверојатна кинематографија од Расел Бојд и величествна музика за филм“.
„Дефинитивно, филм за возрасни“, додаде тој.
Забава
(Видео) Новиот филм со Лијам Нисон го симна од тронот „Вондер воман 1984“

Блокбастерот за суперхеројката беше соборен од првото место на киноблагајните изминатиов викенд.
„Марксмен“, новиот експлозивен трилер на Лијам Нисон, ја детронира жената чудо и по четиринеделна доминација на киноблагајните, „Вондер воман 1984“ падна на местото број три.
Акциониот трилер го победи суперхеројскиот хит во првите четири дена прикажување во киносалите, според „Холивуд репортер“.
Ова е вторпат еден од филмовите на Нисон да се најде на врвот на киноблагајните за време на пандемијата, откако неговиот трилер „Искрен крадец“ исто така се искачи првото место во октомври.
Режисер на „Марксман“ е Роберт Лоренц, кој има продуцирано повеќе филмови за Клинт Иствуд, па дури и го режира Trouble With The Curve (2012 година).
Во новиот филм Нисон глуми сточар во Аризона, кој треба да ја искористи некогашната обука за маринец за да спаси младо момче киднапирано од мексикански наркокартел.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира