Контакт

Естрада

Оскаровката јавно проговори: Очувот ме силуваше кога бев мала

Објавено пред

Оскаровката Сали Филдс (71) целиот живот го помина под светлата на рефлекторите, но успеа вешто да сокрие еден мрачен дел од својот живот.

Филдс открила неколку шокантни факти од својот живот во својата книга „Во делови“, која наскоро ќе биде објавена. Во мемоарите таа пишувала за злоупотребата што ја трпела со години од нејзиниот очув, но и за тајниот абортус што го имала на 17 години во Мексико.

Во мемоарите, таа пишува дека очувот, додека нејзината мајка не била дома, ја повикувал во спалната соба. „Тогаш знаев“, напишала таа. „Во истиот момент се чувствував како беспомошно дете, а не бев. Моќно. Тоа беше моќ. Сакав да бидам дете“, додала.

Во книгата останало нејасно кога почнала  злоупотребата, но се наведува дека престанала кога таа имала 14 години. Неколку години подоцна, поточно во 1968 година, мајка ѝ се развела од очувот.

Сали ѝ признала на мајка ѝ дека очувот ја злоупотребувал дури кога имала 66 години во 2012 година.

Естрада

Енрикe се бакнуваше со обожавателка на сцената и ѝ го допираше задникот

Објавено пред

Пејачот Енрике Иглесијас (43) извлече обожавателка од публиката на последниот концерт во Амстердам и се бакнуваше со неа на сцената. Фотографите го фатија моментот кога пејачот ја фати за задникот обожавателката облечена во фармерки со дезен на леопард.

Додека го пееше хитот Hero, тие првин се гушкаа, а потоа станаа уште поинтимни. Инаку, не е првпат пејачот да избере среќна обожавателка и да ја доведе на сцената за да ја бакне.

„Тоа не го правам секогаш, туку само кога сум расположен. Без јазик, се разбира“ – откри Енрике Иглесијас.

Освен што подготвува голем број концерти, пејачот го помининува слободното време грижејќи се за своите деца, близнаците Николас и Луси, кои ги доби со својата девојка Ана Курникова (36) минатата година. Не е познато што вели таа за неговите врели бакнежи на сцената.

Прикажи повеќе...

Естрада

На американскиот рапер Текаши 69 му се заканува доживотна казна затвор за неколку кривични дела

Објавено пред

Даниел Хeрнандез, во музичкиот свет познат со псевдонимот на Текаши 69, беше уапсен во неделата и се соочува со долгогодишна затворска казна.

Тој е обвинет за кривично дело рекетирање, поврзаност со криминалната група Najn trej blads, како и непријавени вооружени грабежи и поседување оружје.

Ако биде прогласен за виновен, тој може да добие минимална затворска казна од 32 години затвор, а максималната казна, доколку ја добие, би била доживотен затвор.

„Хернандез е член на многу насилна група. Тој учествувал во многу акти на насилство“, рече државниот правобранител Мајкл Лонгиер.

Адвокатот на Хернандез, Ленс Лазаро, понудил неговиот клиент да го предаде својот пасош и да биде префрлен во домашен притвор со кауција од 1 милион долари, но комисијата го отфрлила ваквото барање.

Покрај Хернандез, во неделата беа уапсени и неговите соработници, поранешниот менаџер Кифано Џордан, Фахим Волтер, Денсел Батлер и Џамел Џонс.

Како што изјавија официјални лица, апсењето е резултат на петгодишна федерална оперативна работа. Адвокатот на Хернандез изјави дека неговиот клиент бил дел од групата повеќе од една година и дека ги запознал другите осомничени на концерт и ги ангажирал како менаџери и чувари.

Хернандез минатата недела објави дека ќе ја прекине соработката со групата тврдејќи дека тие го краделе.

Прикажи повеќе...

Естрада

И покрај возраста, Мишо Ковач не престанува да настапува

Објавено пред

Лесно подгрбавен, со бавен чекор, со едната рака потпирајќи се на куферот, а со другата држејќи се за сопругата Лидија (50), хрватскиот пејач Мишо Ковач (77) не сакаше да го пропушти настапот во Франкфурт минатиот викенд и пееше пред 12.000 обожаватели.

На десетгодишниот јубилеј на дијаспората во германскиот град исто така се одѕва и легендата на хрватската естрада. Неколкупати за време на неговата изведба тој мораше да се одмори, но не сакаше да ја разочара публиката.

„Кога публиката ќе почне да реагира, чувството не се опишува, така што никогаш не треба да ги разочарате. Важно е да допрете до човекот, а јас сè уште успевам во тоа, без оглед на возраста“, рече Мишо.

Пејачот од Шибеник ќе има концерт во сплитската арена „Спаладиум“ на 22 декември и подготвува нов албум. Дури и по шест децении од неговата кариера, не му е тешко да работи. Тој додава дека хитот не го прави тој, туку го избира публиката. Признава дека многу му помага сопругата Лидија, која ја запозна на својот концерт во Загреб во 1998 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Uncategorized3 минути

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27-ми април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27-ми април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија4 минути

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека ќе испрати барање за екстрадиција на експремиерот Никола Груевски, проследено со севкупната документација за процесите и пресудата. „Владата...

Бегството на Груевски1 час

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Бегството на Груевски2 часа

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија. „Барањето за...

Бегството на Груевски2 часа

Исполнети се условите за Груевски да стане азилант во Унгарија, пишуваат унгарските медиуми

Експремиерот Никола Груевски и официјално е азилант во Унгарија, објавуваат унгарските медиуми повикувајќи се на се уште непотврдени информации кои...

Македонија5 часа

Сведокот ги препозна двајцата напаѓачи што го претепаа Никола Саздовски

На денешното рочиште за убиството на 20-годишниот навивач на групата „Комити“ повеќе од два часа сведочи сведокот Миле Алексовски, кој...

Свет5 часа

(Видео) Девојка со српско потекло меѓу убиените во Чикаго

Една од трите жртви на пукањето во болницата „Мерси“ во Чикаго е 25-годишна девојка со српско потекло, пишуваат српските медиуми....

Македонија5 часа

При апсењето на Бошкоски пронајдени се пиштол и хрватски пасош

Денешното рочиште за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на претседателот на партијата ОМ, Љубе Бошкоски, продолжи со репродуцирање...

Афера „Банки“6 часа

(Видео) Афера „Банки“ – како банката му ја одзеде болницата на доктор Адил Мустафа!?

Приватната болница „Шендети“ во Мала Речица, Тетово, неколку години по отфрлената кривична пријава од Обвинителството, остана со катанец на вратата....

Бегството на Груевски7 часа

(Видео) Дескоска: Ќе бараме екстрадиција на Груевски и да му е доделен азил

Македонија, денеска, или најдоцна утре ќе го достави барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски. Министерката за правда, Рената...

Бегството на Груевски7 часа

Груевски добил азил во Унгарија?

Канцеларијата за имиграција и азил во Унгарија донела одлука за барањето на бегалецот Никола Груевски, но оттаму, нема детали дали...

Европа7 часа

(Видео) Избоден полицаец во напад во Брисел, напаѓачот повреден

Во историскиот центар во Брисел утрово непознат напаѓач со нож нападна еден полицаец кој се збоди со повреди. По нападот...

Македонија8 часа

Дисциплинска за полицаец кој употребил сила врз актерката Ирена Ристиќ

Одделот за внатрешна контрола при МВР поведе постапка за дисциплинска одговорност на полицаец од полициската станица Центар, кој пред два...

Македонија8 часа

Вучиќ: Груевски во Србија влезе со важечки документи, прашање е како ја напуштил Македoнија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави синоќа дека поранешниот премиер Никола Груевски со регуларни документи влегол во Србија, дека во...

Македонија20 часа

ДЗС: Спасени четири лица завеани на Пелистер

Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување од СВР Битола доцна синоќа, во 00:30 часот, добило известување дека...

Свет21 час

Путин: Повлекувањето на САД од договорот не може да остане без наш одговор

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Кремељ ќе има одговор доколку САД се повлечат од договорот за нуклеарните сили со...

Македонија22 часа

„Груевски е ВИП-мигрант на Орбан“ – унгарската опозиција постави транспарент на зградата на парламентот

Унгарската опозиција ги критикуваше потезите на владата на премиерот Виктор Орбан во врска со барањето  азил на поранешниот македонски премиер...

Македонија23 часа

МНР му врачи протестна нота на унгарскиот амбасадор поради бегството на Груевски

Во Министерството за надворешни работи денеска беше повикан амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Ласло Дукс, на средба кај државниот...

Македонија1 ден

Министерот Филипче и градоначалникот Темелковски ќе се соочат со граѓаните за дислокација на Центарот за зависници

Решение на проблемот со Центарот за зависници е најдено, а на граѓаните заеднички ќе им го презентираат градоначалникот на општината,...

Регион1 ден

Дармановиќ: Кога Груевски помина низ Црна Гора, немаше потерница по него

Македонија не издаде никакви сигнали со кои на другите земји ќе им даде до знаење дека експремиерот, Никола Груевски, е...

Досие