Контакт

Забава

Остров што може да се посети само двапати годишно е најексклузивното место во Италија

Објавено пред

Најексклузивното место во Италија е остров што е толку заштитен што влезот за посетители е дозволен само двапати годишно.

Островот Монтекристо во Тиренското Море во провинцијата Ливорно е дел од тосканскиот архипелаг, кој го сочинуваат и соседните острови Елба, Џиљо и Капреја.

Монтекристо е остров со богата флора и фауна, па токму поради тоа е под строга заштита. На него живеат само четири луѓе, кои се грижат за заштита на животната средина. Риболовот е забранет, но исто така и пристапот до брегот.

Сепак, меѓу 1 и 15 август и 31 август и 31 октомври островот е отворен за посетители, но треба посебна дозвола за да се дојде на него.

За време на престојот, туристите може да го посетат главното пристаниште Кала Маестри, но се организираат и тури низ целиот остров со придружба од професионалци. Секоја година само 1 000 луѓе добиваат дозвола за влез, а предност имаат научни тимови или училишта кои доаѓаат на екскурзии.

Островот го прославил францускиот писател Александар Дима, бидејќи таму се одвива дејството во неговиот авантуристички роман од 1844 година, „Грофот од Монте Кристо“, каде што главниот лик Едмонд Данте наоѓа закопано богатство на островот, кое ќе му овозможи да го спроведе својот одмазнички план на дело.

Естрада

Бибер бара предбрачен договор со моделот

Објавено пред

Од

Поп-ѕвездата Џастин Бибер и неговата убава свршеница, моделот Хејли Болдвин, нема да застанат пред олтарот и да се заколнат меѓусебно на вечна љубов, без да потпишат предбрачен договор.

Иако не беше планирано претходно, бидејќи Бибер верува во љубовта со Хејли до крајот на својот живот, во консултација со својот ПР-тим и пријателите, тој се согласи да го потпише договорот.

Хејли и Џастин веќе ја извадија неопходната документација за склопување брак, ги ангажираа своите адвокати и се подготвени да преговараат и, како што тврди ТМЗ, во договорот ќе стои дека во случај на развод секој си го задржува својот дел од имотот.

Богатството на Бибер се проценува на 265 милиони долари, а Хејли има околу 6 милиони долари.

Прикажи повеќе...

Забава

До 2043 година дебелината ќе го надмине пушењето како причина за рак

Објавено пред

Од

Дебелината ќе го надмине пушењето како најголема причина за рак која може да се спречи кај жените во Велика Британија до 2043 година, според извештајот на британскиот Центар за истражување на ракот.

Во моментот 12 проценти од случаите на рак кај жените се поврзани со пушењето, а 7 проценти со дебелина и прекумерна телесна тежина.

Сепак, како што бројот на пушачи се намалува и се очекува раст на бројот на луѓето со прекумерна тежина, Центарот предвидува дека во следните 25 години тој однос ќе се промени.

Според пресметките на Центарот, 10 проценти од случаите на рак кај жените, што е околу 25.000 лица, може да се поврзани со пушењето, а девет отсто, околу 23.000 случаи, со дебелината.

Ако овој тренд продолжи, до 2043 година дебелината ќе предизвика повеќе случаи на рак отколку пушењето кај жените, пренесува Би-би-си.

Што се однесува до мажите, засега нема такви предвидувања бидејќи во моментот повеќе мажи се пушачи отколку жени.

Иако дебелината е сè поголем проблем кај мажите, се верува дека дебелината кај жените е почест предизвикувач на рак кај оваа популација.

 

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Индонезиско момче преживеало 49 дена на море во сплав

Објавено пред

Од

Индонезиски тинејџер преживеа 49 дена на море пиејќи морска вода и јадејќи риба, која ја приготвувал на дрва што ги кршел од оградата на бородот, објави Би-би-си.

Во средината на јули 19-годишниот Алди Новел Адиланг се наоѓал во колиба оддалечена 125 километри од индонезискиот брег кога силните ветришта го исфрлиле. Завршил илјадници километри во близина на Гуам, каде што на крајот бил спасен од панамски брод.

19-годишникот од индонезискиот остров Сулавеси работел на „ромпонг“ – пловна стапица за риби, без никакви педали или мотор.

Неговата работа била да ги запали светилките на пловилото, кои се дизајнирани да привлечат риби, пишува весникот „Џакарта пост“.

Стапицата, која е обликувана како колиба, лебди во средината на морето, но е закотвена на морското дно.

Секоја недела на тинејџерот му носеле свежи резерви храна, вода и гориво од некого од неговата компанија, кои ги собирале рибите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Димитров: Со четири амандмани ќе менува Уставот, се уште не се напишани, ниту преговарани

Уставите андамани не се напишани ниту преговарани, нив ќе ги дефинира Собранието со двотретинско мнозинство, порача министерот за надворешни работи...

Македонија58 минути

Масовно труење во Виница, за една ноќ затруени 120 лица

Вчера, во текот на ноќта, дури 120 лица побарале итна медицинска помош во здравствената установа во Виница кога почувствувале симптоми...

Титаник, СЈО Титаник, СЈО
Македонија2 часа

ДУИ во 2013 година забележала дека на седница на владата ВМРО-ДПМНЕ протнала 400 државјанства на луѓе од Кичево

Во разговор од 9 јануари 2013 година во предметот „Титаник“ меѓу ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, и поранешната министерка за...

Свет3 часа

Две лица загинаа во Полска кога камион удри во училиштен автобус

Во сообраќајна несреќа, која утринава се случи во Полска, загинаа две лица. Несреќата се случила помеѓу камион и училиштен автобус....

Македонија3 часа

Вртиме на списоците што ги собираше ти, му вели обвинета на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот на СЈО со кодно име „Титаник“ со репродукција на бомбите. Во разговор од...

Топ4 часа

67-годишен маж пронајден мртов во река во близина на Прилеп

67-годишен маж е пронајден мртов во река во близина на Прилеп. Според полицијата, вчера околу 16 часот било пријавено дека...

Вести4 часа

Јапонските ровери испратија први фотографии од астероид

Двата мали ровери кои јапонското вселенско летало „Хајабуса 2“ во петокот успешно ги спушти на астероидот Рјугу, ги испратија првите...

Европа4 часа

Веднаш по излегувањето од притвор, Алексеј Навални повторно уапсен

Полицијата денеска повторно го уапси активистот за борба против корупцијата и противник на рускиот претседател Владимир Путин, опозицискиот лидер Алексеј...

Свет5 часа

Пирати киднапирале 12 членови на екипаж на брод во близина на Нигерија, меѓу нив има и Хрват

Пирати од Нигерија киднапирале 12 членови на швајцарски товарен брод, а меѓу киднапираните има и еден Хрват. Товарниот брод бил...

Македонија22 часа

Договорот со Грција е диво месо вметнато во здрав организам, порача Мицкоски од Охрид

Овие месеци се пишува историја, а јас Христијан Мицкоски, заедно со огромното мнозинство од народот, со разум, мудрост, но и...

Култура23 часа

Клаудија Кардинале: Не останав во Америка, зашто Холивуд многу манипулира

Малата сала на Центарот на култура во Битола беше претесна да ги прими сите заинтересирани новинари, фоторепортери и обожаватели на...

Македонија24 часа

Видео порака на Столтенберг: Вратата е отворена, ве чекаме во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку видео порака се обрати до македонската јавност и ја повика да одлучи дали...

Македонија1 ден

16 лица се затруле од сендвичи во Виница, петмина се во болница

Од минатата сабота до денеска, околу 50 лица од Виница се затруле од храна во различни угостителски објекти во градот....

Македонија1 ден

Бујар Османи со 40 претставници од Македонија в четврток на скрининг во Брисел  

Со досега најголема делегација од над 40 претставници в четврток, главниот политички преговарач Бујар Османи заминува во Брисел. Европската комисија...

Македонија1 ден

(Видео) МВР ќе казнува и за активности на интернет за спречување на правото на глас

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во рамки на подготовките за одржување на референдумот денес соопшти дека полицијата е на...

Македонија1 ден

Трка на бизнис секторот, најбрзи и годинава Министерство за финансии

Тимот од Министерството за финансии на чело со министерот Драган Тевдовски и годинава беше најбрз на бизнис трката покрај Вардар во...

Топ1 ден

Кај Лојане за неколку дена откриени над 120 мигранти

Полицијата за неколку дена открила 13 случаи со мигранти кои се обиделе илегално да ја преминат границата кон Србија. Како...

Свет1 ден

Кина ги откажа трговските преговори со САД

Кина ги откажа планираните трговски преговори со САД и наредната недела нема да го прати вицепремиерот Лиу Хе во Вашингтон....

Европа1 ден

Протести во Полска: ,Не се живее од плата до плата. Ние гладуваме”

Неколку илјади Полјаци вработени во јавниот сектор, меѓу кои вработените во образованието и здравството, како и пожарникарите, излегоа на протест...

Македонија1 ден

(Видео) Иванов од САД: Нема да гласам на референдумот

Претседателот Ѓорге Иванов од САД порача дека дека да отстапи од својата одлука и дека на 30 септември нема да...

Досие