Контакт

Естрада

Една од најубавите актерки и понатаму тврди дека е сосем природна

Објавено пред

Како предупредување за жените, на интернет веќе подолго време се вртат фотографии на познати жени што станаа зависни од ботокс. Меѓу нив се и Донатела Версаче, Мег Рајан, Мелани Грифит и многу други, а според најновите фотографии набргу ќе им се придружи и Никол Кидман (50).

Секое ново појавување во јавноста носи нови докази дека Никол се обидува да го запре времето со помош на скалпел, но таа упорно го негира тоа.

– Да бидам искрена, јас сум сосем природна. Не сум заинтересирана за какви било операции. За жал, пробав ботокс, но само еднаш и никогаш повеќе – тврди Никол иако фотографиите го негираат тоа.

Таа инсистира дека тајната на нејзината младост е во здравиот живот, но сите хирурзи се согласуваат дека фотографиите откриваат дека Никол е редовен посетител на хирурзите.

Естрада

Познатиот пејач на „Бијело дугме“ се занимава со одгледување лешници за кои се интересира и „Фереро“

Објавено пред

Поранешните фронтмен на култната група „Бијело дугме“, пејачот Ален Исламовиќ, покрај активното пеење, веќе три години се занимава со одгледување лешници.

Тој открива на порталот CdM до каде стигна со својот агробизнис-план.

Неговата фарма во Бихаќ, која ја организира и води и неговата сопруга, се протега на површина од 25.000 квадратни метри.

„Тоа е моето слободно време меѓу викендот, работата на плантажата почнува од март, април до септември или октомври“, објаснува Исламовиќ.

Од седум дена, два се доволни за одржување на плантажата – за наводнување, заштита од паразити, прскање, хранење преку коренот, листот и така натаму. Оваа љубов кон земјата и земјоделството му ја всадил неговиот татко, а Бихаќкото Поле е најпогодно за лешници во БиХ.

„Моите сорти се најбарани на светскиот пазар за фабрики за чоколада, за производство на масла… Ќе работиме на брендирање на моите плодови наречени ‘Лешник од Уна’, што ќе почне за неколку години“.

Планот е, додава Исламовиќ, кога ќе отиде во пензија, фармата да има капацитет од 10 до 15 тони лешници истакнувајќи дека за неговиот производ веќе се заинтересирани познати преработувачи од странство. „За мене се заинтересирани преработувачи на лешник од Швајцарија, Австрија и ‘Фереро роше’“.

Прикажи повеќе...

Естрада

Мадона прифати да настапи на Евросонг, се договара хонорарот

Објавено пред

Израелските медиуми откриja дека преговараат со најголемите имиња на светската музичка сцена за настап на 64-тото издание на Евровизија. На сцената, најверојатно, ќе настапи и кралицата на попот, Мадона (60).

„Мадона начелно ја прифати понудата за настап на Евросонг, но сè уште не е договорено колкав ќе биде нејзиниот хонорар“, пишува порталот Ynet.

Израелците, според пишувањето на странските медиуми, подготвуваат вистински спектакл и контактираат со големи имиња како Елтон Џон и „Колдплеј“. Организаторите на Евросонг се познати по тоа што не ги откриваат изненадувањата до самиот почеток на шоуто.

Прикажи повеќе...

Естрада

Џаред Лето изнајми остров во Хрватска и ги покани обожавателите да дојдат

Објавено пред

Џаред Лето и неговиот бенд „Трти секундс то Марс“ организираат фестивал во Хрватска, поточно на едно островче кај Шибеник.

Станува збор за „Марс исланд фестивал“, кој ќе се одржи од 9 до 12 август, а рокерите се активираа на социјалните мрежи и не престануваат да ги повикуваат луѓето да им се придружат на настанот во Хрватска. Тридневниот билет ги вклучува сите активности, сместување и храна.

Цените се движат од 900 до неверојатни 5.600 евра. Посетителите ќе уживаат во интимни концерти на бендот, но и во масажи, јога, медитација и многу други активности. Инаку, Лето досега „Марс Исланд“ го организира во Калифорнија, а фестивалот беше многу популарен во САД.

View this post on Instagram

PRE-SALE IN 6 DAYS!!! 🕺🏻🕺🏻🕺🏻

A post shared by JARED LETO (@jaredleto) on

„Ќе биде неверојатно, местото е лудница“, им порача Џаред на своите обожаватели преку „Инстаграм“ и ги покани да му се придружат во Хрватска.

Прикажи повеќе...

Најново

Истражувања6 часа

(Видео) Турците ем градат кај Стара железничка ем плаќаат казна од 2 милиона денари месечно

Турската компанија „Лимак“, која го гради комплексот со дваесеткатници кај Старата железничка станица, месечно уплаќа по  2 милиони денари во...

Македонија7 часа

(Видео) Димовски: Следува комплициран избор на антикорупциска комисија

Конкурсот за избор на членови на антикорупциската комисија објавен во октомври денеска беше поништен за да може да се објави...

Македонија8 часа

(Видео) Наумовски си ја зголеми платата, а Ѓорче Петров нема пари за ветените базен и градинка

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, годинава ќе зема повисока плата, а планирани се и нови вработувања во Општината во...

Топ9 часа

Каракамишева повикана во полициска станица поради говор на омраза

Професорката Тања Каракамишева била на информативен разговор во полициска станица бидејќи била пријавена за ширење говор на омраза. Таа на...

Македонија10 часа

(Видео) Ако не се освести Заев, одиме со Мицкоски, порачаа пазарџиите

„Ако не се сврти кон народот, како што вети Заев, ние ќе се приклучивме кон другите, ќе одиме со Мицкоски“,...

Македонија11 час

(Видео) Кекеновски со иницијатива до Уставниот суд: Се противам на каубојското носење на Законот за јазиците

Професорот Јове Кекеновски поднесе иницијатива за оценка на уставноста на Законот за употреба на јазиците. Според него, власта каубојски и...

Македонија11 час

Камчев со Јанакиески: „Шефе, со дупоиве што ги обори Центар, шо стана“?

Во кривичниот суд во Скопје се одржа рочиштето за предметот на СЈО ,,Насилство во Општина Центар“. На денешното судење беа...

Македонија13 часа

„Јадеше гулаш во Унгарија, а?” – Јанакиески се пошегува со посетителот на Груевски

Пред почетокот на денешното рочиште на судењето за насилството пред Општина Центар, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, го...

Македонија13 часа

Владата: Законот за јазиците не воведува целосна двојазичност

Законот за јазиците ги унапредува правата на сите немнозински заедници и не предвидува нови вработувања. Македонскиот јазик со кирилското писмо...

Свет13 часа

В недела целосно затемнување на Месечината, ќе трае еден час

Месечината, Земјата и Сонцето за време на викендов ќе бидат во иста линија кога се очекува целосно затемнување на Месечината,...

Свет16 часа

Трамп ја откажа делегацијата на Светскиот економски форум во Давос

Претставниците на администрацијата на Трамп нема да отпатуваат на Светскиот економски форум во Давос овој месец, во контекст на делумната...

Свет17 часа

Најмалку еден убиен и еден повреден во пукање во Хјустон

Една жена била застрелана на паркингот на една црква во Хјустон, Тексас во четвртокот, а уште едно лице било рането,...

Македонија1 ден

Оливер Андонов учествуваше во сообраќајка, има повредени

Ексминистерот за внатрешни работи и поранешен директор на ЈП „Јасен”, Оливер Андонов, учествувал во сообраќајна несреќа што се случила попладнево...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски и коалициските партнери бараат предвремени избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по состанокот со лидерите на политичките партии коишто се дел од коалицијата „За подобра Македонија“, ја...

Македонија1 ден

По скратена постапка донесен Законот за спречување на корупцијата

Со 81 глас „за“, попладнево во Собранието по скратена постапка беше донесен Законот за спречување на корупцијата и судир на...

Регион1 ден

Путин: Последните потези на Приштина предизвикуваат загриженост

Рускиот претседател, Владимир Путин, за време на престојот во Белград изјави дека рускиот став по прашањето за Косово е познат....

Регион1 ден

Грчката влада печати копии од преспанскиот договор за граѓаните

Грчката влада ќе достави до граѓаните десетина илјади копии од преспанскиот договор со цел тие да се информираат во пресрет...

Македонија1 ден

Алатката за потрошените пари на министрите работеше само три месеци

Ја промовираа во март 2018 година, а работеше до мај 2018 година. Алатката за отчетност на трошоците на министрите и...

Македонија1 ден

(Видео) ДУИ очекува СДСМ да си стои на договорот за заеднички кандидат за претседател

Коалциониот партнер на СДСМ, ДУИ, очекува СДСМ да си стои на договреното и на претседателските избори да излезат со консензуален...

Uncategorized1 ден

(Видео) Османи: Двоглавиот орел значи јас сум Албанец, а не порака за голема Албанија

Вицепремиерот Бујар Османи вели дека веќе е почната примената на Законот за употреба на јазиците и дека тој лично денеска...

Досие