Забава
По јавното признавање дека го изневерила, Вил Смит ја почести својата сопруга

Вил Смит и неговата сопруга Џејда Пинкет се во центарот на вниманието кога таа призна дека имала афера со 20-годишниот музичар Август Алсина.
Двојката се чини дека се снаоѓа подобро од кога било, а аферата што неодамна ја откри самиот Алсина како гостин на една емисија се случила пред четири и пол години.
За да го избегнат скандалот, Вил, неговата сопруга и ќерката Вилоу решиле да заминат на Бахамите. Тие престојуваат во луксузното одморалиште Албани, каде што една ноќ чини 2.600 евра, пишува „Пејџ сикс“.
Кога Џејда го признала неверството во бракот, почнале да кружат шпекулации дека Вил бил со колешката Маргот Роби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Меланија Трамп се пресоблече во фустан од „Гучи“ во текот на летот кон Флорида

По последното збогување од Белата куќа, Меланија и Доналд Трамп заминаа во Јужна Флорида.
Во текот на летот, Меланија се пресоблече во ведар фустан кој се разликува многу од целосно црната комбинација што ја носеше додека ја напушташе Белата куќа.
Додека излегуваше од авионот, таа беше фотографирана во свилен фустан со принтови шестоаголници, креација на „Гучи“, за кој таблоидите веднаш открија дека чини од 3.700 долари.
Вториот изглед на Меланија е драматично различен од оној пред да се качи во авионот. Додека заминуваше од Белата куќа таа на себе имаше црно кусо палто „Шанел“ украсено со златни копчиња, фустан „Долче и Габана“, обувки од нејзиниот омилен дизајнер Кристијан Лобутин и крокодилска чанта од „Ермес“.
Нема дилема дека Меланија се збогуваше од титулата Прва дама со софистицирана елеганација, беспрекорни детали и префинет стил.
Забава
Гвен Стефани зрачи со радост додека го покажува свршеничкиот прстен од Блејк Шелтон

Таа наводно добила зелено светло од Католичката црква да го поништи нејзиниот поранешен брак со Гевин Росдејл претходно овој месец.
Поп-ѕвездата Гвен Стефани изгледа дека е пресреќна со својот свршеник, кантри-пејачот Блејк Шелтон, а тоа го покажува со својата заразна насмевка кога во четвртокот го посети домот на еден пријател во Лос Анџелес.
Свршеничкиот прстен на 51-годишната фронтменка на No Doubt, чија вредност е проценета на 500.000 долари, блеска на сонцето исто како и нејзината насмевка, коментираат таблоидите.
Блејк Шелтон, кој почна да се дружи со Гвен во 2015 година, ѝ го постави прашањето минатиот октомври кога патуваа во Оклахома.
Гвен го сподели прстенот кратко време откако рече „да“ на симпатична фотографија на „Инстаграм“, на која се бакнува со Блејк, а неодамна на своите фанови им даде уште еден поглед со видеото Let Me Reintroduce Myself.
Забава
„Не е време за умирање“ одложен третпат

Премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд е одложена трет пат поради корона-кризата.
„Не е време за умирање“ веќе двапати беше туркан наназад, а сега ќе дебитира на глобално ниво на 8 октомври, се вели во објавата на веб-страницата на филмот.
Првично требаше да се појави во киносалите во април 2020 година.
Филмот е 25-то продолжение во франшизата за Бонд и во него Даниел Крег петти и последен пат ќе го игра агентот 007 на британската тајна служба.
Доцнењето ќе дојде како дополнителен удар врз киносалите, кои беа принудени да се затвораат со месеци поради пандемијата.
На почетокот на оваа недела водечките филмаџии, вклучувајќи ги Дени Бојл и сер Стив Меквин, ѝ пишаа на владата на Обединетото Кралство повикувајќи на финансиска поддршка за киносинџирите со образложение дека кината во Британија стојат на работ на бездната.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот