Забава
Падма Лакшми заслепува во авангарден бел фустан на Готам-наградите

Познато е дека индиската манекенка Падма Лакшми секогаш има шик изглед на која било церемонија што вклучува прошетка на црвен тепих.
Атрактивната Падма (50), за среќа, не го изгуби својот моден ген по речиси една година пауза, во услови на светска здравствена криза предизвикана од коронавирусот.
Таа зрачеше со авангардна белина во понеделникот, додека им се придружи на Хантер Шафер и други големи имиња на 30-та церемонија на доделување на филмските награди „Готам“ во Њујорк.
Хантер Шафер (21) носеше црн затегнат фустан прекриен со тенки ленти од сатен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Украл автомобил па сфатил дека внатре има бебе, се вратил назад и ја искарал мајката

Крадец од Орегон украл автомобил, но го сопрел и се вратил назад за да ѝ одржи лекција на сопственичката на возилото која внатре го оставила своето мало дете.
Бизарната епизода се случувала пред една продавница во Портланд, во саботата.
Мајката го оставила своето дете на седиштето во автомобилот кој бил отклучен додека трчала кон продавницата за млеко и месо. Крадецот случајно поминал покрај возилото, скокнал во него и се оддалечил.
Но, тој брзо сфатил дека има добиено повеќе отколку што сакал да земе. Застанал на првата крстосница и се вратил во продавницата, одржувајќи ѝ лекција за родителство на мајката, изјави портпаролот на полицијата, Мет Хендерсон.
„Тој ѝ одржал лекција на мајката затоа што го оставила детето во автомобилот и ѝ се заканил дека ќе повика полиција“, рече Хендерсон.
Мајката го грабнала детето по наредба на крадецот, а тој потоа се оддалечил, соопшти полицијата.
Добро е што тој имал доволно пристојност да го врати детето, заклучи Хендерсон.
Забава
Шакира ги продаде правата на сите свои песни

Шакира стана уште една во низата пејачи и музичари кои ги продадоа правата на својата музика за милиони долари.
Сите нејзини песни, вклучувајќи ги хитовите „Whenever, Whenever“ и „She Wolf“, се вклучени во продажбата на авторските права.
Песните ја направија најпродаваната латинска изведувачка на сите времиња, со продадени 80 милиони албуми ширум светот.
Продажбата е склучена со инвестициската компанија Hypnosis Song Fund, која неодамна ја купи музиката на Блонди и Нил Јанг.
Забава
Роберт де Ниро, Мајк Маерс, Крис Рок во мистериозен филм на Дејвид Расел

Тој се врати за својот прв филм по повеќе од пет години.
Режисерот Дејвид О. Расел продолжува да регрутира големи имиња за својот строго доверлив проект, кој моментно се снима во јужна Калифорнија.
Во најавата за филмот медиумите пишуваат дека новиот проект е голема мистерија бидејќи ништо не се открива за содржината.
А во четвртокот „Дедлајн“ објави три големи имиња во актерската екипа – Роберт де Ниро, Мајк Мајерс и Крис Рок.
Ова ќе биде вторпат Де Ниро да работи со овој режисер. Тој претходно глумеше во Silver Linings Playbook со Џенифер Лоренс и Бредли Купер.
Регрутирањето познати актери не запира тука. На екипата ќе ѝ се придружи и Ања Тејлор-Џој, ѕвездата на хит-серијата на „Нетфликс“, „Дамски гамбит“ (The Queen’s Gambit), во која таа покажа извонредна глума.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира