Контакт

Екологија

Пандите добиваат резерват од милијарда и пол долари

Објавено пред

Кина наскоро ќе стане побогата со резерват за панди, која ќе биде двојно поголем од националниот парк Јелоустоун во САД.

Во неговата изградба ќе бидат вложени милијарда и пол долари, а резерватот треба да обезбеди заштита за пандите во југозападната провинција Сечуан.

Овој проект ќе ја зајакне економијата на Сечуан и ќе ги подобри условите за живот на пандите во овој планински регион. Покрај тоа, паркот ќе биде место каде што сите обожаватели на овие животни ќе можат да уживаат во текот на целиот ден.

Се очекува дека резерватот ќе привлекува скоро по 20 милиони посетители годишно, пренесоа тамошните медиуми.

Џиновската панда се смета за неофицијална маскота на Кина, а овие животни некогаш живееле во јужните и источните предели на земјата, а сега ги има само во шест планински венци во провинциите Сечуан, Шанси и Гансу.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Екологија

Eколозите порачуваат: 15% од територијата на државата треба да бидат заштитено подрачје

Објавено пред

Светскиот ден на животната средина 5 јуни е значаен меѓународен ден за подигнување на свеста за зачувување на животната средина и се одбележува од 1974 година.

Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП) како и многу невладини организации, заедници и влади во повеќе од 150 држави во светот годинава овој ден го одбележуваат со различни онлајн настани под мотото „Време е за природата“ (#ForNature), a домаќин на официјалната манифестација годинава е Колумбија во соработка со Германија.

Годинава во фокусот е биодиверзитетот којшто бара итна заштита, но и е од витално значење за опстанокот на човекот.

Годинава сите случувања почнувајќи од масовните пожари во Австралија, Бразил и САД, па сè до наездата со скакулци во Источна Африка, а сега и глобалната пандемија со Ковид-19 – ја истакнуваат поврзаноста на човекот со природата и природните циклуси.

Македонското еколошко друштво (МЕД) се придружува кон овие пораки и потсетува дека биодиверзитетот во делови од земјава е исклучително важен за зачувување не само од аспект на национално богатство туку и заради неговото европско и светско значење.

Мрежата на заштитени подрачја вклучува 86 подрачја, на површина од 230,083 хектари или околу 8,9% од територијата на државата.

Според Стратегијата за биолошка разновидност 2018-2023 земјава треба да ја зголеми површината на заштитени подрачја до 15% и да се обезбеди нивно функционално поврзување како еколошка мрежа и да се воспостави ефективно управување со заштитените подрачја во соработка со локалните заедници.

„Здрава планета е основа за здраво општество и треба да извлечеме поука од оваа криза. Вештините кои ги стекнавме изминатите месеци за новите начини на комуникација и спроведување на работните обврски и штедливото користење на ресурсите се надевам ќе внесат нов фокус на нашиот живот свртен кон природата. Време е да се тргнеме од линеарниот економски модел кој е неодржлив со преголемо користење на ресурси и создавање преголеми количини отпад, и преку иновативни зелени бизниси да се преориентираме кон циркуларната економија – ќе користиме помалку ресурси и енергија и со тоа ќе го заштитиме нашето природно богатство“, изјави по повод Денот на животната средина, извршната директорка на МЕД, Робертина Брајаноска.

Животниот стил и технологијата имаат сериозни последици врз животната средина, затоа треба да размислиме како може да ја зачуваме животната средина и да го намалиме отпадот.

Според експертските проценки, на годишно ниво светот губи 27.000 видови, а доколку овој тренд продолжи, во следните 30 години би загубиле 25% од живите организми, односно, една четвртина од сиот жив свет на Земјата.

Прикажи повеќе...

Екологија

На секои шест секунди се уништува прашума со големина на фудбалско игралиште

Објавено пред

Минатата година огромни области прашума беа опажарени, а подрачје со големина на Швајцарија било исечено за да се направи пат за добиток и да се отвори простор за земјоделски површини, велат научниците.

Сателитски снимки покажуваат дека третина од загубите се на територијата на Бразил, додека ДР Конго и Индонезија се на второто и третото место, соопшти организацијата „Глобал форест воч“.

Минатата година биле уништени 38.000 квадратни километри дождовна шума, што е еквивалент на област колку едно фудбалското игралиште на секои шест секунди.

Вкупната површина на тропските шуми уништена од пожари и булдожери всушност лани била трипати поголема, но особено вредни се древните дождовни шуми, односно прашумите кои се создадени од природата и кои се развиваат без никакво влијание на цивилизацијата.

Тие досега беа незафатени од современиот развој и се засолниште за најразновиден животински свет на Земјата и во себе „придушуваат“ огромни количини јаглерод. Кога се палат овие шуми, јаглеродот бега во атмосферата како штетен јаглерод диоксид.

„Кога отсега натаму никој не би ги допирал, ќе бидат потребни децении, па дури и векови, овие шуми да се вратат во нивната првобитна состојба“, вели Микаела Вајс од „Глобал форест воч“.

Шумските пожари кои зафатија делови од Амазонија во Бразил ги наполнија насловните страници на светските медиуми минатата година, но тие не се главната причина за уништување на прашумата. Главен проблем е нелегалната сеча, најчесто во области населени со домородни народи.

Ова беше така пред бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, да објави ублажување на законите во овие, во нормални околности, заштитени подрачја, за да се олеснат комерцијалното рударство и земјоделството, како и експлоатацијата на нафта и гас. Сето ова може дополнително да го прошири уништувањето на шумите.

Прикажи повеќе...

Екологија

Откриена нова двојка од најзагрозениот вид мајмуни во светот

Објавено пред

Откривањето на нова двојка мајмуни од видот хајнански гибон дава надеж за опстанок на овој најредок вид  примати, кој се наоѓа на списокот на стоте најзагрозени видови и беше на работ на истребување.

Поради уништување на шумите и ловокрадството, овој вид мајмуни денес живее исклучиво во дел од шумата на кинескиот остров Хајнан.

Во педесеттите години на минатиот век во светот имало околу 2.000 од нив, но во текот на 70-тите тој број опаднал на само десет, пишува Би-би-си.

Според последниот попис, за трипати е зголемен бројот на хајнански гибони (Nomascus hainanus), што значи дека сега се 30, кои живеат во пет одделни групи.

Ваквото закрепнување на загрозениот вид е резултат на напорната работа на луѓето кои работат на проектот за зачувување на хајнанските гибони. Проектот го водат фармата Кадори и ботаничката градина во Хонгконг.

„Не можам ни да замислам како би изгледале шумите кога би ги изгубиле овие прекрасни животни и нивното убаво пеење“, вели Филип Ло, експерт за заштита на животните.

Познато е дека гибоните се движат многу грациозно низ крошните на дрвјата, испуштајќи гласни крикови за обележување на нивната територија. Возрасните гибони обично „пеат“ во двојки за време на зората, со што ги зајакнуваат своите врски.

Гибоните живеат во заедници или семејства кои обично се состојат од еден мажјак, две женки и нивното потомство. Откривањето на петтата двојка што е засебно семејство влева надеж дека овој вид примат нема да исчезне.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион6 часа

(Видео) Не престануваат протестите во Србија – еден демонстрант повреден со нож, има и уапсени

Четврт ден по ред насилни протести во Белград, но и во повеќе градови во Србија, наспроти забраната за собирања на...

Свет8 часа

СЗО: Сè уште можеме пандемијата да ја ставиме под контрола

Директорот на Светската здравствена организација порача дека денес сè уште е можно да се стави епидемијата на Ковид-19 под контрола,...

Аја Софија, Истанбул Аја Софија, Истанбул
Регион9 часа

„Аја Софија“ повторно стана џамија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска потпиша декрет со кој музејот „Аја Софија“ во Истанбул повторно станува џамија. Ова следи...

Македонија12 часа

Излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија12 часа

Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако само транзитираат низ земјава

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и...

Македонија13 часа

Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени....

Македонија13 часа

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на...

Македонија14 часа

Петровска за случајот во Штип: Не станува збор за поткуп на гласачи, туку за економски криминал

„Очајници прават очајнички потези“, напиша заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во врска со објавата на министерот Наќе Чулев за...

Македонија15 часа

(Видео) Јанушев: Очекуваме победа и ќе коалицираме со оние што ќе ја прифатат нашата програма

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува победнички изборен резултат и мандат за формирање влада, изјави генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, во интервју...

Свет16 часа

Казахстан ги негира кинеските тврдења дека во земјата има пневмонија поопасна од Кoвид-19

Министерството за здравство на Казахстан ги отфрли кинеските тврдења дека во земјата циркулира непозната пневмонија, која е посмртоносна од коронавирусот....

Топ16 часа

Пронајдени 26 украдени велосипеди, приведени крадци во Скопје

Три лица се приведени под сомнение дека краделе велосипеди од подруми и станови во Скопје. Е. М. (24) и А....

Топ16 часа

Сопственик на продавница им ветувал на купувачите дека ќе им ги прости долговите ако гласаат за СДСМ

Сопственик на продавница во Штип ветувал дека ќе им избрише долг на неколку лица ако на изборите гласаат за СДСМ,...

Регион17 часа

(Видео) Протестите во Белград поминаа мирно, се играше и оро

Во Србија се одржаа нови протести против мерките воведени поради епидемијата на коронавирус и против владата на Александар Вучиќ. По...

Македонија17 часа

Гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, порача Оливер Спасовски од Тетовско

Граѓаните се сигурни со концептот едно општество за сите, гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ и тие се опасност,...

Свет18 часа

СЗО: Итно е потребно понатамошно истражување за пренoс на коронавирусот преку воздухот

Светската здравствена организација (СЗО) објави нови насоки за коронавирусот, кои признаваат некои извештаи за пренесување на вирусот преку воздухот, но...

Македонија19 часа

Италија забрани влез за граѓани од Македонија и уште 12 земји

Италија ги затвори своите граници за 13 земји, вклучително и за Македонија, сметајќи ги за најризични места за ширење на...

Македонија20 часа

Хоспитализирани се 412 заразени лица во земјата

Во моментов низ болниците во земјава, хоспитализирани се 412 лица кои се позитивни на ковид-19. На Инфективната клиника вкупно се...

Македонија20 часа

Мицкоски: Се обврзуваме на минимална плата од 18.000 денари која ќе расте со просечната

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа посочи дека до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ќе стигне...

Македонија1 ден

(Интервју) Најчевска: Уставниот суд носи скандалозни одлуки

За скандалозните одлуки на Уставниот суд, довербата во институциите, за максималното почитување на човековите права, заложбите за истополови бракови, декриминализација...

Македонија1 ден

Заев најави укинување на министрите без ресор и отворање агенции и директорати

Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани, порача...

Досие