Забава
Парис Хилтон: Се гордеам што сум сосема природна, се криев од сонцето

Парис Хилтон за време на гостувањето во шоуто „Зак Санг“ изјавила дека никогаш не била подложена на никакви козметички зафати.
View this post on Instagram
„Се гордеам што сум целосно природна. Се држев настрана од сонцето. Никогаш не сум инјектирала ботокс, ниту сум имала каква било операција”, изјавила 43-годишната манекенка и претприемач.
View this post on Instagram
Таа додаде дека мајка ѝ ја научила како да се грижи за својата кожа во детството. „Кога имав осум години, мајка ми ми рече: Парис, биди подалеку од сонцето“.
View this post on Instagram
„Потоа ме внесе во неверојатна рутина за нега на кожата од 10 чекори, па буквално го правам тоа од својата осма година“, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Сите гледаа во главата на Иванка Трамп на „Супер боул“: „Тие екстензии се страшни“

Доналд Трамп беше едно од најнезаборавните лица на „Супер бол“. Натпреварот го следеше со дел од семејството, меѓу кои и ќерката Иванка. Иако воодушеви многумина со својата облека, неколкумина ја истакнаа нејзината коса. Сметаат дека Иванка има екстензии.
View this post on Instagram
„Гледам прилично лоши екстензии за коса“, „Тие екстензии се страшни. Парите очигледно не може да ви купат добар вкус“, „Гледам екстензии“, „Нејзините екстензии се сè што забележав“, „Ме изненадува бидејќи мислам дека таа може да добие подобри екстензии“, напишаа следбениците под видеото објавено на профилот на Трамп на „Инстаграм“.
Забава
(Видео) Ја покажа „најлудата“ хотелска соба во Амстердам, луѓето не можат да се начудат што има внатре

Тиктокер со корисничко име @guyzer сподели снимка од необичното откритие што го дочекало во неговата хотелска соба додека бил во Амстердам. Собата на прв поглед изгледаше сосема обична, но внатре се криеше огромно изненадување.
Имено, во собата има авион. „Ох, има авион во средината на хотелската соба. Само еден целосно функционален авион со седишта и светла кои се вклучуваат“, вели тој во видеото, кое е прегледано повеќе од 24 милиони пати и собра 3 милиони лајкови.
@guyzerr There’s a plane in the room #hotel #plane #fyp #foryou #foryoupage ♬ original sound – Guyzer
Истражувајќи понатаму, открил дека пилотската кабина е отворена за гостите за да можат „да влезат и да истражуваат“, сугерирајќи дека тоа е сосема нормална хотелска погодност. На крајот од видеото, тој го прогласи авионот за „многу интересен додаток“.
Тиктокерите се обидоа да откријат каде се наоѓа овој необичен хотел, а некој во коментарите напиша дека станува збор за хотелот „Корендон“ во Амстердам.
Забава
(Видео) Падобранец слета на ливада на еден Балканец, беше дочекан со стап: „Имаш минута да одлеташ“

Виралното видео беше објавено на „Тик-ток“ со порака „Кога ќе слеташ на балканска ливада“, а за само 18 часа собра повеќе од половина милион прегледи.
На видеото прикажан е падобранец кој се нашол на ливада, но не бил добро примен од сопственикот, пренесува Вечерњи.хр.
Еден постар човек се приближува со стап во рацете, а падобранецот веднаш почнува да се извинува.
„Моја парцела, сакаш ли да те удрам, какво „сори“? „Имаш една минута да одлеташ“, извика сопственикот.
@balkanhumortv #fy #foryou #foryourpage #fyp #yugoslavia #jugo #jugoslavija ♬ Originalton – balkanhumortv
Судејќи по пејсажот и акцентот на лицето, се претпоставува дека снимката е направена некаде во Словенија. Не се знае точно кога, но предизвика реакции кај корисниците во регионот.