Контакт

Забава

Парис Хилтон на тропски меден месец: 2021 е најисполнета година во мојот живот

Објавено пред

Парис Хилтон има многу за што да биде благодарна на овој Ден на благодарноста додека е на раскошен меден месец со Картер Реум на островот Бора Бора по раскошната тридневна свадба претходно овој месец.

40-годишната наследничка на синџир луксузни хотели се огласи на „Инстаграм“ и ја нарече 2021 најисполнета година во нејзиниот живот досега.

Покрај пофалните зборови за својот неверојатен сопруг, како што го нарече, Парис им се заблагодари на фановите за нивната љубов и поддршка.

Таа сподели и неколку фотографии и клипови од тропското бегство на парот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Почина италијанскиот моден великан Нино Черути

Објавено пред

Нино Черути, еден од големите италијански дизајнери и модни претприемачи, почина на 91-годишна возраст.

Според медиумите, тој починал во неделата во болница во Пиемонт каде што бил примен за операција на колкот.

Секогаш инсистираше самиот да ги проба сопствените креации. Многу од нив беа чувани во текстилната фабрика што ја основал неговиот дедо во градот Биела во 1881 година.

„Отсекогаш сум облекувал иста личност, јас самиот“, рече тој во една прилика, како што пренесува новинската агенција АФП.

Со своето искуство во производство на одлични ткаенини во семејната текстилна фабрика, Черути се впушти во бизнисот со облека кон крајот на 1950-тите.

Својот прв бутик го отворил во Париз во 1967 година.

Кога побара од машките и женските модели да одат по модната писта во иста облека, тој направи револуција во модата, забележува АФП.

Во 80-тите, тој се разграни во Холивуд, дизајнирајќи облека за ѕвезди како Џек Николсон, Мајкл Даглас, Шерон Стоун, Џулија Робертс и Том Хенкс.

Во неговото студио, 1991 година

Дома со сопругата и синот во Рим 1988 година

Прикажи повеќе...

Забава

Кавгата меѓу Бритни Спирс и сестра ѝ продолжува: Семејството се однесуваше со мене полошо од осуденик на смрт

Објавено пред

Бритни Спирс тврди дека нејзиното семејство се однесувало со неа полошо од осуденик на смрт за време на т.н. конзерваторски надзор.

Ова изјава доаѓа во време на голема расправија со сестра ѝ Џејми Лин.

Поп-ѕвездата (40), која беше под посебен надзор од страна на нејзиното семејство од 2008 до 2021 година, тврдеше дека Џејми Лин не направила ништо за да ѝ помогне и дека се чувствува повредена од обвинувањата искажани од нејзината сестра.

Во текот на промоцијата на својата автобиографија Things I Should Have Said („Работи што требаше да ги кажам“), Џејми Лин изјави за „Најтлајн“ дека сестра ѝ ја заклучила во соба со нож во времето кога покажувала непредвидливо однесување, на што Бритни ја нарече ѓубре на социјалните мрежи.

Бритни се огласи на „Твитер“ со ново отворено писмо: „Џејми Лин, мислам дека твојата книга воопшто не е за мене. Реагирав грубо бидејќи очигледно ме повреди со работите што ги измислуваш за мене!!!“

Прикажи повеќе...

Забава

Пит Дејвидсон никогаш не бил во куќата на Ким Кардашијан

Објавено пред

Новото момче на Ким Кардашијан, Пит Дејвидсон, никогаш не бил дома кај неа.

Канје Вест, отуѓениот сопруг на Ким и татко на нејзините четири деца, неодамна тврдеше дека нејзиното обезбедување го спречило да влезе во куќата на Ким и дека Пит (28), кој почна да излегува со Ким кон крајот на минатата година, бил внатре во имотот.

Меѓутоа, Пит не бил во куќата во моментот на несогласувањето меѓу Канје и обезбедувањето на Ким, според „ТМЗ“.

41-годишната Ким не била на имотот во тоа време, бидејќи цел ден работела во нејзината канцеларија.

Но, таа одлучила да наметне некои граници со Канје, бидејќи не сака тој да доаѓа и да си оди како што сака во иднина.

Раперот неодамна тврдеше дека не му било дозволено да влезе во домот на Ким кога одел да ги види своите деца. „Нејзиното ново момче беше таму,“ рече тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

(Видео) Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев

Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски денеска ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев. Премиерот во заминување...

Свет52 минути

Англија ја намали изолацијата на пет дена за позитивните на ковид

Во Англија минималниот период на самоизолација за луѓето кои се позитивни на Ковид-19 е намален на пет дена, јавува Би-би-си....

Регион58 минути

Од денеска сите Грци постари од 60 години мора да се вакцинираат или ќе платат казна

Во Грција од денеска стапуваат на сила мерките за изрекување казни за лица над 60 години кои не се вакцинирани...

Свет1 час

Научниците утврдија зошто некој природно подобро се бори со вирусот

Утврдено е дека една третина од луѓето во Европа можат полесно да се борат со инфекцијата со коронавирус. Идентификуван е...

Свет2 часа

Aвстриска министерка со босанско потекло осомничена за плагијат

Познатиот ловец на плагијати Стефан Вебер најде нова жртва во австриската политика – министерката за правда Алма Задиќ, кој тврди...

Свет3 часа

Вонредна состојба во повеќе американски држави – најави за невреме и поплави

Снежна бура донесе снег и мраз во делови од САД и Канада. Откажани се илјадници летови, а електричната енергија е...

Македонија12 часа

Собранието го изгласа новиот состав на Владата

Со 62 гласаа „за“, 46 „против“ и без возджани Собранието го избра новиот состав на Владата. Нов премиер ќе биде...

Македонија17 часа

Петков: Не постои македонско малцинство во Бугарија

Никогаш јас или други членови на бугарската влада немаат разговарано со амбасадата на САД во Бугарија за признавање на т.н....

Македонија17 часа

1.348 нови случаи на Ковид-19 и осуммина починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 6.141 тестови, а регистрирани се 1.348 нови случаи на...

Европа18 часа

Во Австрија од февруари задолжителна вакцинација, парични казни за оние што ќе одбијат

Австрија ќе воведе обврска за вакцинирање против коронавирус за возрасните граѓани на почетокот на февруари, а во исто време се...

Регион22 часа

(Видео) Ѓоковиќ ја напушти Австралија

Новак Ѓоковиќ е депортиран од Австралија. Во придружба на австралиската гранична полиција, тој денеска се качи на летот што требаше...

Топ22 часа

Инцидент на инфективно одделение во Охрид, физички нападната вработена

Едно лице физички нападнало вработена во Инфективното одделение во Охрид, информира полицијата. Имено денеска во 09.19 часот, во СВР Охрид...

Свет23 часа

(Видео) Значителни штети по цунамито во Тонга, САД и Нов Зеланд нудат помош

Цунамито предизвикано од вулканската ерупција во островската држава Тонга предизвика значителна штета во главниот град на архипелагот. Како што изјави...

Топ23 часа

Малолетници затекнати на забава во тетовски клуб, четворица биле под дејство на акохол

26 малолетни лица биле затекнати во угостителски објект во Тетово, кај дел од нив според полицијата бил констатиран алкохол во...

Свет1 ден

Премиерот на Австралија ја поздрави одлуката на судот за Ѓоковиќ : Сега е време за тенис

Премиерот на Австралија Скот Морисон изјави дека одлуката за укинување на визата за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е донесена од...

Македонија1 ден

Продолжува расправата за избор на нова Влада, пратениците до полноќ треба да гласаат

Собранието на Македонија денеска, со почеток во 12 часот, треба да ја продолжи собраниската седница на која единствената точка на...

Регион1 ден

Судот одлучи, Ѓоковиќ мора да ја напушти Австралија

Сојузниот суд во Австралија донесе пресуда против Новак Ѓоковиќ. Со ваквата судска одлука Ѓоковиќ ќе остане без настап на турнирот...

Македонија2 дена

Регистрирани 1.635 новозаразени со Ковид-19, починати 9 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа биле направени 7.564 тестови,...

Македонија2 дена

Казна за фирма која превезувала патници без лиценца и без дозвола

Инспекторатот на Град Скопје во текот на денешниот ден изврши вонреден надзор на терен преку контроли на автобусите и комбињата...

Топ2 дена

Невенчаниот сопруг и уште неколку лица извршиле обљуба врз 44-годишна струмичанка

Врз 44-годишна жена од струмичко била извршена обљуба од страна на повеќе лица соопшти полицијата. Вчера околу 13.00 часот, 47-годишна...

Досие