Забава
Парис Хилтон се омажи: „Mоето засекогаш почнува денес“

Парис Хилтон го врза јазолот со претприемачот Картер Реум на раскошна церемонија на имотот на нејзиниот покоен дедо во Бел-Ер.
На ѕвездениот настан присуствуваа гости од А-листата, меѓу кои Ема Робертс, Ешли Бенсон и Бејби Реџа.
40-годишната наследничка на синџирот луксузни хотели „Хилтон“ ја потврди веста со тоа што се огласи на „Инстаграм“ по церемонијата за да сподели прва фотографија во својата невестинска тоалета, креација на Оскар дела Рента.
„Моето засекогаш почнува денес… 11.11… штотуку венчани. Засекогаш Хилтон-Реум“, ѝ даде наслов на објавата, на која блеска пред камерата додека го држи превезот на лицето.
Парис и Картер ја објавија својата свршувачка во февруари по едногодишна врска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Кинезите изградија единствен пат во светот, кој минува во средината на реката

По анализите и пресметките, тим од кинески инженери покажаа дека изградбата на автопат преку река е и поевтина и побрза од изградбата на автопат на копно.
Еден од најнеобичните и најимпресивни автопати досега е изграден над планинска речна долина во кинеската провинција Хубеи. Автопатот „Ечен“ минува во средината на реката. Завршен во 2015 година, кинескиот „Ривер експресен пат“ се смета за инфраструктурно чудо.
Дизајниран да го поврзе градот Гуфузен во округот Ксиншан со главниот автопат меѓу Шангај и Ченгду во југозападна Кина е овој уникатен суспендиран автопат.
Очигледно, кинеските инженери одлучиле дека автопатот што се протега по средината на реката не само што е поевтин за изградба туку е и поефикасен. Изградбата на автопат низ комплексен планински пејзаж, како долината на реката Ксијангки во Хубеи, излегува дека е потешко отколку што звучи. Ова вклучува ископување километарски тунели низ цврсти карпи, раселување на луѓето што живеат на брегот на реката и влијание врз локалната флора и фауна.
Изградбата на висечка патека од 4,4 километри што ги следи свиоците на реката Ксијангки не беше баш евтин потфат, но беше очигледно подобар од алтернативата. 440 милиони јуани (71 милион долари) потрошени на овој уникатен речен автопат.
Тоа е неколкупати помалку отколку што би чинел копнен автопат во оваа долина. Дополнително, го намалува времето потребно за возење од Гуфузен до главниот автопат од повеќе од еден час на само 20 минути. За 8 години (2015) од неговото свечено отворање, кинескиот експресен пат на реката стана донекаде туристичка атракција, со милиони патувања во Хубеи за да го искусат возењето на средината на реката и да уживаат во воодушевувачките пејзажи.
Забава
Кејт Бекинсејл блесна на моден настан во Лос Анџелес

Кејт Бекинсејл привлекува погледи во смел фустан на доделувањето на наградите од „Фешн траст“.
Гламурозните Хајди Клум и Алесандра Амброзио ја придружуваа актерката на церемонијата што се одржа во Лос Анџелес во вторникот вечерта.
Британската актерка (49) ги воодушеви присутните во проѕирен фустан украсен со сребрен накит, впечатлива креација што ја истакна нејзината складна фигура.
„Фешн траст“ е непрофитна организација посветена на откривање, финансирање и негување млади дизајнерски таленти со цел да им помогне да ја изградат својата етикета во просперитетен глобален бренд.
Забава
Том Круз нема никаков удел во животот на ќерка си Сури

Ќерката на Кејти Холмс се пријавува за колеџ и сака да студира мода во Њујорк, но таткото Том Круз нема да одлучува каде да аплицира бидејќи тој нема никаков удел во нејзиниот живот.
16-годишната Сури веќе испратила апликација со помош на мајка си – но, славниот татко на тинејџерката нема да може да ѝ помогне бидејќи актерот наводно нема удел во животот на своето дете.
Извор близок до Кејти (44) ексклузивно раскажува за „Дејли мејл“ дека Сури, која ќе наполни 17 години следниот месец, испратила апликации и сака да студира мода во Њујорк – избор што ќе ја направи мајка ѝ многу задоволна.
„Сури се пријавува во повеќе колеџи во разни градови. Кејти навистина сака таа да остане во Њујорк за да може да бидат блиску една до друга. Кејти се гордее со неа, но е и премногу заштитнички настроена“, вели инсајдерот додавајќи дека Кејти е преоптоварена од фактот што ќерка ѝ заминува на колеџ.
Додека Кејти презема активна улога во пријавите за факултет, таткото на тинејџерката, ѕвездата од „Невозможна мисија“, Том (60), нема да учествува во процесот бидејќи е отуѓен од својата ќерка од 2013 година, една година откако тој и Кејти се разведоа.
Во времето на нивното разделување беше објавено дека Кејти избрала да го прекине бракот поради стравувања за воспитување на ќерка си како сциентолог – религија на која Том е неверојатно посветен.
Нејзината одлука да се откаже од религијата, како и од бракот, предизвикаа голем јаз меѓу поранешните сопружници поради што врската на Том и Сури стана сè подалечна со текот на годините.
Сепак, изворот потенцира дека – иако Том нема да одлучува за тоа каде ќе се запише Сури – тој ќе ѝ ги плати трошоците за школарина во согласност со ултратајниот договор за развод од поранешната сопруга.
Според документите за развод, Том се согласил да ѝ плаќа на Кејти 400.000 долари месечно додека Сури не наполни 18 години.
„Том секогаш ги исполнува своите обврски кога станува збор за финансиските обврски кон Кејти и Сури“, открива инсајдерот.
Сепак, ѕвездата на „Невозможна мисија“ не е присутен во животот на Сури.