Контакт

Забава

Петчасовен концерт на македонски музичари во СЦ „Борис Трајковски“

Објавено пред

Со мотото „Заедно сме посилни“ домашната естрада се обединува на заедничкиот целовечерен фестивал „Мозаик 2020“, кој ќе се одржи на 28 февруари во СЦ „Борис Трајковски“.

Концерти во иста вечер ќе имаат Владо Јаневски, Слаткаристика и Ферус Мустафов, Сам, „Елита 5“ и групата „Нокаут“.

Фестивалот „Мозаик 2020“ ќе почне во 20, а ќе трае пет часа. По Скопје, концерти ќе има во Прилеп и Куманово.

Забава

Кејт во улога на учителка на своите деца

Објавено пред

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон (38), им помага на своите деца, принцот Џорџ (6) и принцезата Шарлота (4), во училишните обврски. Тие не сакаат да заостанат со материјалот додека трае пандемијата на коронавирусот и училиштата се затворени. За најмладиот син, принцот Луис (1), војвотката секој ден организира време за игра, пренесуваат странските медиуми.

Кејт ги води повеќето од предавањето на децата. Секој ден работи нешто ново со нив“, изјави извор за странските медиуми. Исто така, ѝ помага и принцот Вилијам (37). Нивниот главен приоритет е децата да се навикнат на домашната средина додека трае пандемијата на коронавириусот. Двојката е вклучена во образованието на принцот Џорџ и принцезата Шарлота, кои имаат низа активности секој ден.

Вилијам и Кејт моментно се со своите деца во вилата „Анмер хол“ во Англија. Тие го следат развојот на состојбата со коронавирусот, а минатата недела кралскиот експерт откри дека војводата од Кембриџ ќе ја заземе улогата на државник за време на кризата. Тој ќе го води кралското семејство и ќе ја поддржува нацијата.

Како што најавија, тие набргу ќе претстават проект за психолошка помош од 5 милиони фунти за граѓаните на Велика Британија за време на карантинот.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Коронавирусот не знае за религија и граници, Антонио Бандерас повикува на солидарност

Објавено пред

Познатиот шпански актер Антонио Бандерас се приклучи на списокот со јавни личности, кои на секој начин се обидуваат да ја подигнат свеста на луѓето во борбата против коронавирусот.

Славниот актер сподели многу емотивно видео на својот профил на „Инстаграм“ испраќајќи порака за сите.

„Коронавирусот не знае за раса, пол, религија или граници. Сите сме во тоа заедно и повеќе од кога и да е потребна е солидарност. Бидете љубезни. Бидете безбедни. Бидете паметни“, напиша Бандерас.

Шпанија во моментот е една од најзагрозените земји, а бројот на починати од коронавирусот во таа земја се зголемува секој ден.

Прикажи повеќе...

Забава

„Мирор“: Анџелина Џоли повредена и бесна поради романсата на Бред Пит и Џенифер Анистон

Објавено пред

Овој период пред 15 години Анџелина Џоли и Бред Пит беа заедно во хотел во Палм Спрингс, а во Лос Анџелес Џенифер Анистон поднесуваше барање за развод, пишува британски „Мирор“.

Озборувањата за жешката романса меѓу главните протагонисти на  „Г. и г-ѓа Смит“ со месеци кружеа во јавноста. И покрај негирањата од двете ѕвезди на блокбастерот, петгодишниот брак на Бред и Џенифер заврши.

Но, доколку премотаме напред во денешно време, 2020 година, ќе ги видиме Бред (56) и Џенифер (51) како повторно се дружат и заедно им се радуваат на добиените „Оскари“ и згора на тоа, извори што тврдат дека двајцата планираат тајна свадба на плажа во Мексико.

„Па што прави Анџелина (44) во врска со ова?“, пишува весникот.

Кога на почетокот од оваа година таблоидите почнаа да шпекулираат за повторно обединување меѓу нејзиниот поранешен и Џенифер, мајката на шест деца беше прилично изненадена и збунета.

„На Анџелина не ѝ е гајле за наводната врска на Џен и Бред… таа знае дека се пријатели и тоа не ѝ смета“, изјави извор близок на холивудската актерка за „Холивуд лајф“. „Таа продолжува понатаму. Нема да дозволи ова да ја извади од колосек“, тврдеа извори блиски до Џоли.

Меѓутоа, ситуацијата во последно време нагло се промени, особено откако Бред се пошегува за пропаднатиот брак на една цереминија на доделување филмски награди, а на церемонијата беше и насмеаната Џенифер.

Анџелина Џоли сега веќе е бесна поради шпекулациите за обновената романса, а уште повеќе и за наводната тајна венчавка.

„Таа приватно побара на Џен да ѝ се забрани да ги гледа децата“, изјави инсајдер за австралиското списание Woman’s Day тврдејќи дека таа поднела барање за единствено старателство.

„Ова е огромен шок за сите. Бред штотуку почна да се чувствува дека неговиот живот се враќа на вистинскиот пат по три години пекол. Тој се надева дека разводот ќе биде финализиран до мај“.

Се чини дека Бред повторно се поврза со Џенифер на забавата што таа ја приреди по повод својот 50-ти роденден, а набргу потоа и на божикната забава  во нејзината куќа во Лос Анџелес. Ова беа први директен контакти по неговата разделба со Анџелина (2016 година).

„Мислам дека Џенифер никогаш не престана да го сака иако ѝ го скрши срцето и ја остави поради Анџелина. Ѝ требаше многу време за да му прости, а простувањето е голем чекор за да се продолжи понатаму“, британскиот весник цитира извор близок до Анистон.

Таблоидите коментираат дека Бред никогаш не бил посреќен.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Се забрануваат нови вработувања во јавниот сектор

Во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело,...

Македонија4 часа

Починатата родилка од Охрид немала коронавирус, според извештајот проблем биле дебелината и високиот притисок

Министерството за здравство информира дека се негативни резултатите на битолчанецот кој беше пронајден починат во својот стан и кај родилката...

Македонија7 часа

Бројот на излекувани пациенти со коронавирус во Македонија се искачи на 17

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, денеска се испишани пет пациенти....

Македонија7 часа

ЕУ дозволи пристап за земјава до Европскиот солидарен фонд

Северна Македонија доби пристап и до Европскиот солидарен фонд, од каде заедно со земјите – членки на ЕУ ќе бидат...

Македонија8 часа

Се продолжува породилното отсуство додека трае вонредната состојба

Родилките чие породилно отсуство од работа истекува за време на вонредната состојба, ќе може да останат дома цело време додека...

Македонија9 часа

Со Ковид-19 заразена медицинска сестра од Клиниката за пулмологија

Во Куманово медицинска сестра, вработена на Клиниката за пулмологија, дошла на работа без симптоми, но вчера ѝ се појавила зголемена температура...

Економија9 часа

Ангеловска: Подготвени сме за најлошото сценарио за буџетот, работиме да се случи најдоброто

Многу е тешко за економските аналитичари, вклучително и за меѓународните финансиски институции, да ги предвидат случувањата за време на кризата...

Македонија9 часа

Нов смртен случај на коронавирус во земјата, позитивна и починатата пациентка од Струга

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести во Скопје починала една пациентка од Лабуништа на возраст...

Економија10 часа

Ангеловска: Каматите на кредитите не може да бидат укинати, банкарскиот сектор треба да биде стабилен

Банките ќе пресметуваат камати на одложените кредити за да се овозможи нормално функционирање на банкарскиот сектор. Министерката за финансии, Нина...

Свет10 часа

Речиси 2.500 туристи ќе тужат скијачки центар во Австрија поради коронавирусот

Речиси 2.500 туристи спремаат тужба против ски-центарот Ишгл во Австрија поради лошо постапување за време на епидемијата на коронавирусот и...

Свет11 час

(Видео) Во Лондон за пет дена направена болница за 4.000 пациенти

Британската агенција за јавно здравје со помош на војската за пет дена ја претвори конференциската сала „Ексел“ во Лондон во...

Македонија12 часа

Министерството за здравство со совети како да го заштитиме менталното здравје во време на коронавирус

Карантинот, изолацијата и социјалното дистанцирање се мерки што докажано го забавуваат ширењето на Ковид-19 и ни помагаат да го заштитиме...

Македонија12 часа

Починаа родилката од Охрид и нејзиното бебе

На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје доцна синоќа почина пациентка на возраст од 37 години од Охрид, која...

Свет12 часа

За еден ден во Москва излекувани 45 луѓе од коронавирусот

Нови 45 луѓе, кои се излекувале од коронавирусот, се пуштени од болница во Москва изминатите 24 часа, соопштија градските власти....

Европа13 часа

Бројот на починати од Ковид-19 во Европа се искачи над 30.000

Европа изгуби над 30.000 животи во пандемијата на новиот коронавирус Ковид-19, од кои повеќе од една третина се во Италија,...

Европа14 часа

Уапсен терорист во Виена, се криел во старски дом

Во Виена е уапсен терористот што го барале руските власти, а кој се криел во старски дом. Руските власти издале...

Свет14 часа

Сто заразени на американски носач на авиони: „Не сме во војна, морнарите не мора да умрат“

Капетанот на американскиот наосач на авиони „Теодор Рузвелт“, на кој има повеќе од 4.000 членови на екипажот, побарал итна помош...

Свет14 часа

Русија испраќа медицинска помош во САД за борбата против коронавирусот

Русија ќе испрати во САД опрема за помош во борбата против коронавирусот, јавуваат руските агенции повикувајќи се на портпаролот на...

Регион15 часа

Бугарија, по еден ден, ја укина наредбата за носење маски

Бугарската влада, по само еден ден од носењето на одлуката, ја укина наредбата за носење заштитни маски на јавни места...

Свет15 часа

Во САД повеќе од 4.000 починати од коронавирус, Трамп најави две многу болни недели

Белата куќа објави нова процена дека во САД коронавирусот ќе одземе меѓу 100.000 и 240.000 животи доколку се почитуваат ограничувањата...

Досие