Контакт

Забава

Пејачката со која се забавува Илон Маск навести дека е бремена

Објавено пред

Канадската пејачка Клер (Грајмс) Бушер, девојка на 14 години постариот сопственик на „Тесла“ и милијардер Илон Маск, навести дека е бремена.

Грајмс на својот инстаграм-профил објави топлес-фотографија на која брадавиците ѝ се прекриени со тактички позиционирани плетенки, а на стомакот ѝ е фотошопиран фетус.

Бидејќи нејзината фотографија беше цензурирана од „Инстаграм“, таа повторно ја објави, но овој пат и брадавиците во „Фотошоп“ исчезнаа.

Технолошкиот могул веќе има пет деца со поранешната сопруга Џастин Вилсон.

Маск и Грајмс не се во брак, а тој зад себе има три брака, од кои два со актерката Талула Рајли. Пред пејачката тој се забавуваше со актерката Амбер Херд, поранешна сопруга на Џони Деп.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Почина Тери Џонс, основачот на „Монти Пајтон“

Објавено пред

Тери Џонс, ѕвездата и основач на „Монти Пајтон“, почина на 78-годишна возраст, објави неговиот агент.

Зад Џонс останале сопругата Ана Садерстри и децата Сали (46), Бил (44) и Сири (10). Веста беше потврдена и од неговото семејство објавувајќи дека со него биле до последен момент.

Пред неколку години на комичарот му била дијагностицирана деменција, објави син му во 2016 година, но со текот на времето неговата болест се влошувала.

Џонс беше еден од основачите на легендарната група „Монти Пајтон“, а освен како актер, работеше и како сценарист, продуцент, режисер, историчар, поет и автор на книги.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Тригодишно момче со натпросечна интелигенција e најмладиот член на „Мeнса“

Објавено пред

Тригодишно момче од Малезија, кое живее во Велика Британија, стана најмладиот член на „Менса“ во историјата на оваа земја.

Мухамед Хариз Наџим беше поканет во оваа организација по состанок со психолог бидејќи на Бине-Симоновиот тест за интелигенција постигнал коефициент од 142.

„Браво за Мухамед и за добивањето на поканата. Очигледно станува збор за многу бистро дете и ние сме радосни што влезе во ‘Менса’“, рече извршниот директор на таа организација во Британија, Џон Стивенеџ.

За да се стане член на британската „Менса“, потребен е коефициент на интелигенција каков што имаат само два процента од населението, стои на интерент-страницата на оваа организација.

Тестови под надзор обично се прават за деца над 10 и пол години. За деца помали од 10 години назначен е психолог, кој треба да го утврди коефициентот на интелигенција. Тестовите се своевиден од колаж на прашања од областа на математиката, меморијата и логичкото размислување.

Мајката на Хариз, Нур Анира Асикин, која е инженер, живее во англискиот град Дурам и изјавила дека нејзиното семејство знаело оти Мухамед е посебно момче уште пред да влезе во „Менса“.

Иако за него вели дека е мини мозочна кутија, мајка муи сепак истакнува и дека Мухамед ги сака истите работи како сите деца на негова возраст.

„Тој е типично тригодишно дете. Сака да црта и да разгледува сликовници, сè што е поврзано со креирање или уметност. Најмногу обожава да си игра со лего-коцки“, објаснила Асикин.

Прикажи повеќе...

Забава

Ози Озборн откри дека боледува од сериозна болест

Објавено пред

Познатиот музичар Ози Озборн (71) во интервју за „Добро утро, Америка“ зборуваше за своето здравје и откри дека страда од Паркинсонова болест, која му била дијагностицирана во февруари 2019 година.

Тој истакна дека изминатиов период бил тежок за целото семејство.

„Откако ја одработив новогодишната ноќ (2019), претрпев сериозен пад. Морав да одам на операција на вратот за време на која ми беа оштетени одредени нерви“, рече легендарниот рокер.

За време на интервјуто, на кое присуствуваше и неговата сопруга Шерон, тој откри дека боледува од Паркинсонова болест тип 2, пренесува британски „Метро“.

„Имате добар ден, па добар ден, а потоа многу, многу лош ден“, објасни неговата сопруга Шерон.

По повредата, Ози ги откажал настапите и светската турнеја и се посветил на лекувањето.

Ова е првпат Ози да потврди дека има болест за која долго се нагаѓаше. Тој додаде дека не знае да чува тајни и затоа решил да зборува отворено за сè.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Раскината концесијата за Охридското Езеро, Димковски тврди дека концесионерот ги кршел законите

Владата донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското Езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука, како...

Македонија42 минути

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со 3.000 амандмани го блокира предлог-законот за отпис на камати

ВМРО-ДПМНЕ поднел 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој...

Топ1 час

Измамник во Свети Николе изнудил 2.000 евра од жена, ја излажал дека е полицаец и ја спасува нејзината внука од затвор

Седумдесет и осумгодишна жена од Свети Николе пријавила дека била измамена за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, вчера лицето...

Македонија2 часа

Микиќ: Нема потреба од паника за корона вирусот во Македонија

Информативните летоци ќе бидат превентивна мерка во Македонија да не се рашири смртоносниот корона вирус. Доктор Владимир Микиќ од Институтот...

Македонија3 часа

Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на амнестијата на обвинетите за 27 април

Нема да се оценува уставноста на амнестијата со која некои од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април се...

Македонија3 часа

Спасовски: Во земјата не се увезува штетен отпад

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, уверува дека во државата не се увезува штетен отпад за кој нема сертификати. Тој вели дека...

Македонија4 часа

Филипче: Чекаме препораки од СЗО за заштита од корона вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека чекаат Светската здравствена организација да даде препораки за тоа што треба да се...

Македонија4 часа

(Видео) Крпен студентски живот: 61 денар за оброк дневно, еден килограм месо месечно

Просечно по 61 денар се издвојува дневно за оброк за станарите во студентските домови. На секој станар му следуваат по...

Свет4 часа

СЗО: Постои голема веројатност корона вирусот да се прошири и надвор од Кина

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека постои голема веројатност новиот корона вирус да се прошири и во други делови на...

Свет5 часа

Сенатот на САД ги усвои правилата за постапката за импичмент на Трамп

По 13-часовна расправа, американскиот Сенат ги усвои правилата за водење на постапката за отповикување на претседателот Доналд Трамп вклучувајќи го...

Свет5 часа

Трамп: Имаме добар план за новиот корона вирус

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД имаат план за борба против корона вирусот, од коj во Кина загинаа деветмина,...

Регион5 часа

Протести на грчките острови поради преполните мигрантски кампови

Штрајкови и протести се одржаа на грчките острови Лезбос, Самос и Киос поради владиното справување со мигрантите што пристигнуваат од...

Свет6 часа

Саудиска Арабија негира дека го хакирала телефонот на Џеф Безос

Саудиска Арабија ги отфрли како апсурдни пишувањата на „Гардијан“ дека го хакирала телефонот на сопственикот на „Амазон“ и на „Вашингтон...

Свет8 часа

Путин го потпиша указот, Шојгу и Лавров и во новата руска влада

Рускиот претседател, Владимир Путин, синоќа потпиша указ за составот на новата влада предводена од премиерот Михаил Мишустин, при што ресорите...

Свет9 часа

Кина: Новиот вирус мутира, расте бројот на починати

Кинеската здравствена комисија соопшти дека 440 луѓе во 13 провинции биле заразени од новиот респираторен и смртоносен вирус од кои...

Македонија9 часа

Владата ги поништи одлуките на Мизрахи за в.д. директори на центри за социјална работа

Владата донесе одлука за поништување на решенијата за разрешување од должност и именување на вршители на должност директори во јавните...

Култура20 часа

Владата ќе ги плати трошоците за патување на екипата на „Медена земја“ на „оскарите“

Владата ќе ги плати патните трошоци за патувањето на петчлената филмска екипа и за хероината на филмот „Медена земја“ Атиџе...

Свет21 час

Прв случај на мистериозниот вирус во САД

Официјални лица од здравствените власти го потврдија првиот случај на мистериозниот корона вирус во САД, кој уби шест луѓе во...

Спорт21 час

Норвежаните во полуфинале по триумфот над Исланд (видео)

Норвешката ракометна репрезентација се приклучи на Хрватска и на Шпанија во полуфиналето на Европското првенство, откако во нордиската пресметка со...

Свет22 часа

Папата до учесниците на форумот во Давос: Луѓето, а не профитот, мора да бидат во центарот на политиката

Папата Франциско испрати писмена порака за да ги потсети делегатите на годинешниот Светски економски форум во Давос на моралната обврска...

Досие