Естрада
Пејачот на „Ајрон Мејден“ стана почесен граѓанин на Сараево

Членовите на Градскиот комитет денеска едногласно ја усвоија одлуката признанието „Почесен граѓанин на Сараево“ да го добие Брус Дикинсон, пејачот на бендот „Ајрон Мејден”.
Како што беше забележано на седницата, Дикинсон го посети Сараево за време на војната, каде што одржа концерт.
Имено, популарниот британски хеви-метал бенд „Ајрон Мејден” во 1994 година свиреше во Сараево во Босанскиот културен центар (БКЦ).
Според овој настан неодамна беше објавен документарецот Scream For Me Sarajevo.
Дикинсон ќе го добие признанието на 25 ноември, пишува „Avaz.ba”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада
Џеј Ло покажа интимно катче од својата луксузна вила

Џенифер Лопез е една од најбогатите жени во светот и една од најголемите музички ѕвезди денес, a својот луксузен дом и интимни моменти често ги споделува со милиони фанови.
Пејачката сподели дел од атмосферата во нејзината луксузна вила, а судејќи според коментарот, таа уживаше греејќи се покрај каминот.
„Студено”, напиша само кратко Џеј Ло, а на масата и над каминот стоеја црвени рози и сè беше на место.
Покрај тоа, многумина ги забележаа врамените фотографии кои поп-ѕвездата ги чува над каминот, а на кои се близнаците Ема и Макс кои ги има со Марк Ентони, како и нејзиниот свршеник Алекс Родригез, но и неговите деца .
Џенифер и Алекс неодамна прославија две години врска.
Естрада
Ози Озборн ја откажа турнејата поради грип

Пејачот Ози Озборн (70), кој обожавателите го нарекуваат „татко на хевиметалот“, ја откажа турнејата низ Европа и заврши во болница поради грип, објави „Мирор“. Лекарите го советуваа рокерот да побара итен третман бидејќи неговата состојба се влошила.
Неговата сопруга Шерон (66) ја потврди информацијата.
„Лекарите мислат дека престојот во болница е најдобриот начин брзо да закрепне. Ви благодарам на сите за грижата и љубовта“, напиша таа на социјалните мрежи.
Ози ги откажа плановите за турнеја низ Обединетото Кралство и Европа, така што нема да настапи во Нотингем, Манчестер и Глазгов со групата „Јуда Прист”. Причината се токму здравствените проблеми бидејќи има грип и бронхитис, па лекарите стравуваат да не добие пневмонија.
„Многу сум тажен што морам да го одложам европскиот дел од турнејата. Прво имав инфекција на палецот, а сега грип и бронхитис. Сакам да им се извинам на обожавателите кои ми беа верни сите овие години, на мојот бенд, на тимот и на ‘Јуда Прист’ бидејќи сите ги разочарав. Како и да е, ветувам дека ќе ја направам турнејата” – рече Ози. Според плановите, концертите треба да започнат во септември.
Естрада
Лејди Гага непрепознатлива на фотографија од младоста

Денес таа е една од најпопуларните ѕвезди на светската музичка сцена, но во тинејџерските денови пејачката и актерка Лејди Гага (32) изгледала сосема поинаку.
Црно-белата фотографија на 13-годишната Лејди Гага на социјалните мрежи ги изненади нејзините фанови, кои одвај ја препознаа. На неа, американската ѕвезда позира со пријателка, а тогаш таа беше позната меѓу училишните пријатели како Стефани Џоан Анџелина Германота.
Сепак, светилките на рефлекторите ја следат Лејди Гага уште од детството. Пејачката често глумела и пеела во школски претстави, односно мјузикли.
Таа неодамна ги одушеви обожавателите кога на концерт во Лас Вегас пееше со актерот Бредли Купер (44), со кого глумеше во филмот „Ѕвездата е родена”. За своето филмско деби беше номинирана за Оскар, а го освои Златниот глобус за најдобрата музичка изведба Shallow.
Публиката не очекуваше дека токму тој ќе се качи на сцената, и кога го видоа, почнаа да викаат и плескаат.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања2 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија1 недела
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал