Контакт

Забава

Пит Дејвидсон заминува од „Сатрдеј најт лајф“

Објавено пред

Комичарот Пит Дејвидсон потврди дека го напушта маратонското хумористично шоу Saturday Night Live (SNL) по осум сезони.

dobivaj vesti na viber

„Денес е моето последно појавување“, напиша Дејвидсон на „Инстаграм“ пред финалето на 46. сезона во саботата.

Дејвидсон нема свој профил на „Инстаграм“, но соопшението го објави преку Дејв Сајрус, кој пишува за Saturday Night Live. Пораката беше придружена со видео, на кое Дејвидсон го гушка Џерод Кармајкл.

„Кога влегов во шоуто, имав 20 години и немав поим што правам“, пишува тој. „Сè уште немам, но особено тогаш. Јас не бев вистински скеч-изведувач, бев само стендап-комичар“.

28-годишниот комичар, кој е во врска со релната ѕвезда Ким Кардашјан, ѝ се придружи на актерската екипа на популарното саботно шоу на Ен-би-си во 2014 година, со што стана еден од најмладите членови на екипата во историјата на СНЛ.

Комичарот и актерот потенцира дека СНЛ има најголема заслуга за неговата кариера.

Според „Вараети“, тој излегува од шоуто заедно со Кејт Мекинон, Ејди Брајант и Кајл Муни по епизодата што се емитуваше во саботата (21 мај).

Претставниците на СНЛ и Ен-би-си не одговориле на барањето на медиумот за коментар, но уште минатата година Пит објасни дека и самиот не верува колку долго останал по завршувањето на 46. сезона. Тогаш тој рече: „Изненаден сум што стигнав до седум сезони, подготвен сум да го закачам дресот“.

Пит, Кејт, Ејди и Кајл, најверојатно, ќе се појават последен пат на финалето на 47. сезона, во која гостин водител е поп-ѕвездата Селена Гомез.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Кустурицa: Европа ги ограбува Русите!

Објавено пред

Прославениот филмски режисер, Емир Кустурица денеска изјави дека во руско-украинскиот конфликт најспорното е тоа што Европа ги доведе во прашање своите најголеми достигнувања, а тоа се човечките права и приватниот имот.

dobivaj vesti na viber

„Европа ги ограбува Русите, не само нивната култура, туку и нивниот имот. На спортистите не им дозволува да се натпреваруваат, ги забранува стеблата кои руските писатели ги засадија, им забранува на најдобрите пијанисти да свират, на најдобрите светски диригенти им дава отказ“ рече Кустурица на форум „Европа и Русија“ во Србија.

Кустурица наведе и дека Србија станува плодна почва за еден заборавен поим, а тоа е слобода.

„Мораме да признаеме, јас неодамна престојував во неколку земји од западна Европа, таму постојат табу теми. Денес Европа молчи и врши самоубиство. Јас мислам дека тоа е потполно наопаку, дека Европа не врши самоубиство, туку дека е задавена“ заклучи Кустурица.

Прикажи повеќе...

Забава

Прв летечки хотел во светот – може да собере 5.000 луѓе

Објавено пред

На You tube е објавена снимка на летечки хотел на иднината кој „никогаш не може да остане без гориво“. Благодарејќи на нуклеарната енергија, првиот летечки хотел ќе може да лета неколку години без да го допре тлото, се вели во описот на видеото, а го пренесува британски „Индепендент“.

dobivaj vesti na viber

Според амбициозниот дизајн, летечкиот хотел кој би се викал „Sky cruise“ би можел да прими до 5.000 гости.

Дизајнерите наведуваат дека ќе објектот ќе го покрене нуклеарна енергија и луксузниот брод за крстарење ќе биде управуван до вештачка интелигенција.

Проектот е претставен како дестинација за одмор, а во видео снимката се истакнуваат барови, ресторани, базени, кино, театар, гејминг соба, како и простории за венчавки и прослави.

Проектот предвидува дека хотелот би имал 20 електрични мотори кои ќе обезбедуваат „чиста нуклеарна енергија“.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Зеленски се сретна со Шон Пен, кој снима филм за Украина

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот официјален Фејсбук профил сподели видео од средбата со Шон Пен.

dobivaj vesti na viber

„ Актерот и режисер Шон Пен снима документарен филм за војната во Украина. Од првиот ден на целосната инвазија, тој беше во Киев и со свои очи виде што е руска агресија. Наскоро целиот свет ќе може да ja види целата вистина за војната благодарение на неговиот филм. Шон, ти благодарам што ја поддржуваш нашата држава и нашиот народ!“, напиша Зеленски на видеото.

Пен се сретна со Зеленски во февруари, ден пред инвазијата и денот кога започна инвазијата.

„ Јасно беше дека сум во присуство на нешто… Тоа беше нешто ново за современиот свет во смисла на храброст, достоинство и љубов. Тоа беше извонреден момент. Начинот на кој ја обедини таа земја. Бев импресиониран и трогнат од тоа и преплашен од него и за Украина“, рече актерот за украинскиот претседател.

Тој исто така спомна дека неговата непрофитна организација прави се што може за да им помогне на луѓето во Украина, кои живеат во „мрачна нова реалност“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Прекината седницата во Собрание за продолжување на работниот ангажман на судиите и обвинителите

Вечерва во Собранието продолжи 75. седница со две точки на дневниот ред, Предлог на закон за изменување и дополнување на...

Регион12 часа

Анкета во Србија: Вучиќ е попопуларен од Путин за само еден отсто

Српскиот претседател Александар Вучиќ е за само еден отсто попопуларен од Владимир Путин во Србија. Ова го покажало истражувањето на...

Регион14 часа

Поради протераните руски дипломати партијата на Нинова „им сврте грб“ на Петков и Василев

Поради протерувањето на 70 руски дипломати, Бугарската социјалистичка партија (БСП) ги прекине разговорите за формирање на нов кабинет со Продолжуваме...

Свет14 часа

Макрон: Шведска и Финска ќе дадат значаен придонес во НАТО алијансата

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека Шведска и Финска ќе дадат значаен придонес во НАТО алијансата, соопштија од...

Македонија15 часа

Претседателот Пендаровски во Мадрид на средба со канцеларот Олаф Шолц

Претседателот Стево Пендаровски денеска во рамки на неговото учество на Самитот на НАТО, што се одржува во Мадрид, оствари средба...

Економија16 часа

Дизелот поевтинува, бензините остануваат со иста цена

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Економија17 часа

РКЕ: Цената на електричната енергија во просек ќе се зголеми 7,4 проценти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлуки со кои просечната цената за електрична енергија за 98,8 % од...

Европа17 часа

Ердоган за договорот со Финска и Шведска: Го добив она што го барав

Турција ќе побара од Шведска и Финска да екстрадираат 33 члена на движењето ПКК и на Фето, кои ги смета...

Македонија18 часа

Регистрирани 148 новозаразени од коронавирус, има едно починато лице

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени...

Македонија19 часа

Има зголемување на бројот на заразени од коронавирус, објави Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок констатира дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид-19 во однос...

Македонија19 часа

(Видео) Почна самитот на НАТО во Мадрид – Пендаровски ја предводи македонската делегација

Денеска, во Мадрид и официјално почна самитот на НАТО, на кој учествува претседателот Стево Пендаровски и ја предводи македонската делегација....

Свет20 часа

Бајден: Путин го наруши мирот во Европа, сега ние стапуваме на сцената

Американскиот претседател Џо Бајден најави ново распоредување на американски војници во Европа. „Путин го наруши мирот во Европа. САД и...

Европа20 часа

Санчез до Путин: Нема да победите

Русија претставува директна закана за безбедноста на земјите од НАТО, кои се собраа на самитот во Мадрид, изјави генералниот секретар...

Европа22 часа

(Видео) Најголема безбедносна операција во поновата историја – зголемено полициско присуство пред самитот на НАТО во Мадрид

Речиси 10.000 припадници на безбедносните сили се распоредени во Мадрид пред денешниот почеток на дводневниот самит на НАТО. Самитот ќе...

Свет22 часа

Џонсон: Ако Путин беше жена, немаше да ја нападне Украина

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека рускиот претседател Владимир Путин нема да ја нападнел Украина доколку бил жена и дека...

Спорт1 ден

Нуров со злато за Македонија на Медитеранските игри!

Магомедгаџи Нуров го освои златниот медал во борење во категоријата до 97 килограми на Медитеранските игри во Оран, Алжир, откако...

Свет1 ден

Пристигна првата реакција на Москва за влезот на Шведска и Финска во НАТО

Русија е толку моќна сила што приемот на Шведска и Финска во НАТО пактот не е важен во глобална стратешка...

Европа1 ден

Ердоган попушти – постигнат договор за членство на Финска и Шведска во НАТО

Турција го поддржа членството на Финска и Шведска во НАТО, соопшти кабинетот на финскиот претседател Саули Нииниште. Во меѓувреме потврда...

Македонија1 ден

Мицкоски: Власта на дивјачки начин прави дефокус од тешкиот живот, инфлацијата и предавството со Бугарија

Срам за демократијата, очигледно дека некој ги охрабрува вака да се однесуваат, ова е чин на дивјаштво што можеше да...

Свет1 ден

Макрон: Русија не смее да ја добие војната во Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска по самитот на Г7 во Германија изјави дека плановите на Русија во Украина ќе пропаднат....