Контакт

Забава

Повеќе од 60.000 луѓе во Сиднеј учествуваа во трката на задоволство

Објавено пред

Повеќе од 60.000 луѓе продефилираа низ улиците на Сиднеј по повод годишната трка и големата забава што се враќа во акција за прв пат од почетокот на пандемијата на ковид.

dobivaj vesti na viber

Трката на задоволство „City2Surf“, која минува низ најпознатите делови на Сиднеј, е долга 14 километри, објави Ројтерс.

Учесниците облекоа различни костими во форма на диносауруси, горили и суперѕвезди.

„City2Surf“ започна во 1971 година, а целта му е да собира пари за различни хуманитарни институции низ Австралија.

Претходните две години настанот беше откажан поради пандемијата, а организаторите одржаа виртуелни трки во тој период, дозволувајќи им на учесниците да трчаат во нивните населби.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Ринго Стар поради корона ги откажа концертите во Северна Америка

Објавено пред

Поранешниот тапанар на Битлси – Ринго Стар, ги откажа концертите во Северна Америка откако беше позитивен на тестот за Ковид-19, потврди денеска неговиот претставник за печат.

dobivaj vesti na viber

Вчера Ринго Стар (82) ги откажа настапите во Мичиген и Минесота во САД, а неговиот портпарол најави дека поради болест ќе бидат откажани и пет концерти во Канада.

Остатокот од турнејата зависи од закрепнувањето на Стар.

„Ринго се надева дека ќе продолжи (настапот во живо) што е можно поскоро и се опоравува дома. Како и секогаш, тој и неговиот бенд „All Stars“ им испраќаат на своите фанови желби за мир и љубов и се надеваат дека наскоро ќе ги видат на турнеја“, се вели во соопштението.

Битлси ги сочинуваа Џон Ленон, Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар.

Ленон беше убиен во 1980 година, а Харисон почина во 2001 година.

Мекартни и Стар се уште се музички активни.

Прикажи повеќе...

Забава

Амбер Херд во финансиски проблеми? Им должи повеќе пари на адвокатите отколку на Деп

Објавено пред

Амбер Херд е во сериозни финансиски проблеми, а сега се појавија и медиумски извештаи дека им должи повеќе пари на своите адвокати отколку на Џони Деп по загубата на правната битка иницирана од поранешниот сопруг, пишува шпанска „Марка“.

dobivaj vesti na viber

Според пресудата, актерката мора да му плати отштета на Деп над 10 милиони долари, а неколку таблоиди тврдат дека таа на адвокатите им должи уште поголема сума.
Со оглед на тоа што нема доволно пари да му плати на поранешниот сопруг, таа поднела жалба на пресудата.

Кога судијата одлучи дека таа мора да му плати на Деп 10,2 милиони долари, сега е откриено дека актерката им должи речиси 15 милиони долари на своите адвокати. Херд наводно има милионски долгови кон нејзините поранешни правни застапници и неколку осигурителни компании, кои наводно се вмешале во судскиот спор, но сега одбиваат да ѝ ги платат трошоците.

Актерката ја продаде својата куќа во САД, но тоа не е доволно да гпокрие ниту минимален дел од двата долга.

Прикажи повеќе...

Забава

Кајли Џенер на Модната недела во Париз

Објавено пред

Таа стана добро позната по впечатливите комбинации на модните писти во светот.

dobivaj vesti na viber

А во неделата навечерта Кајли Џенер сподели фотографии од Модната недела во Париз.

Нејзините 370 милиони фанови можеа да видат како изгледала на модниот настан во француската метропола.

Во описот на објавата на „Инстаграм“ 25-годишната Кајли напиша: „Ова издание беше посебно“.

Кајли носи бел фустан со наметка, кој одлично одговара на нејзината фигура со облини додека позира пред камерите.

Американската реална телевизиска личност, модел и претприемач ги рашири рацете за да ја покаже екстравагантната креација во целост.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

Радев не ја поддржа декларацијата за членство на Украина во НАТО

Бугарското претседателство објави официјален став за одбивањето на шефот на државата Румен Радев да ја поддржи декларацијата на деветмина негови...

Европа3 часа

Украинските сили со голема брзина ги пробија руските линии на југот на земјата

Украинските сили го постигнаа најголемиот успех на југот на земјата од почетокот на војната со пробивање на линијата на фронтот...

Свет3 часа

(Видео) Нов испад на Бајден, ја погреши насоката за движење

Еден ден по гафот на кој ја повика починатата конгресменка обраќајќи и се како да е сè уште жива, американскиот...

Македонија6 часа

(Видео) Ако не се извинат, Ковачевски најави тужба за ВМРО-ДПМНЕ: Јас сум веќе две недели под константни напади

Најдолни лаги, според премиерот Димитар Ковачевски, се обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека го избегнал служењето војска правејќи се неспособен...

Регион6 часа

(Видео) Вучиќ од Будимпешта: Србија нема да биде паркинг за мигрантите

Денеска, во Будимпешта се одржува трилатералниот самит на Унгарија, Србија и Австрија за мигрантската криза. Се работи за заедничка акција...

Македонија7 часа

Обвинетите за убиството на Тот имале гризење на совеста и чувство на вина, сведочеше психијатарот Марцикиќ

Дваесет и еден ден по убиството на ракометарот Денис Тот, сега обвинетите Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Лефковска и Андреј Костовски имале...

Економија8 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 0,50 денари/л. Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се...

Македонија8 часа

Тупанчески на првиот академски час: Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете!

Министерот за правда, Никола Тупанчески, се обрати на првиот академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На идните студенти им...

Економија8 часа

Бонус до 3.000 евра ќе добијат вработените во Германија поради инфлацијата

Вработените во Германија ќе може да добиваат регреси и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно...

Свет9 часа

Рамзан Кадиров ги испраќа своите малолетни синови во војна

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, најави дека тројца негови малолетни синови набргу ќе заминат на фронтот во Украина. „Тоа што...

Свет9 часа

Русија ќе го тестира новото оружје „Посејдон“, предупреди НАТО

Како што напредува војната во Украина, има сè повеќе информации за нов тип на оружје што го користат двете завојувани...

Економија10 часа

Меѓународната агенција за енергетика со совет до ЕУ: „Штедете гас“

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) ја советува Европската Унија да штеди гас за да се избегнат празните магацини и ризикот...

Свет10 часа

Си-ен-ен: Времето на Путин истекува и тој тоа го знае

Времето на рускиот претседател Владимир Путин истекува и тој тоа го знае. Во меѓувреме, неговиот бомбастичен настап продолжува – објавувајќи...

Македонија10 часа

Без струја утрово во скопски Карпош, граѓаните во страв дека рестрикциите се почнати

Жители на Карпош 1, 2, 3 и 4 утрово пријавуваат дека останале без струја. Речиси еден час траел прекинот, а...

Свет12 часа

Бројот на загинати од ураганот Јан се искачи на повеќе од 80, штетата е проценета на десетици милијарди евра

Бројот на загинати од ураганот Јан во САД се искачи на повеќе од 80 бидејќи жителите на Флорида и Јужна...

Свет12 часа

Саливан вети дополнителна американска поддршка за Украина

Американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, вчера во Истанбул се сретна со Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот...

Свет12 часа

Руски гувернер: Половина од мобилизираните во регионот вратени дома, командантот разрешен

Командантот на руската област Хабаровск е сменет од должност кога половина од мобилизираните мажи биле испратени дома бидејќи не ги...

Европа12 часа

Карл Нехамер: Ако ЕУ не дејствува, самите ќе треба да се заштитиме од илегалната миграција

Сè додека ЕУ не презема ефективни мерки, ние мора сами да дејствуваме и затоа Австрија прави сè за да се заштити...

Свет12 часа

Поранешниот шеф на ЦИА, Дејвид Петреус, испрати предупредување до Русија

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ќе ги уништат руските војници и опремата во Украина и ќе ја потопат нејзината...

Свет13 часа

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити поради недостиг на чиста вода за пиење

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити откога болеста ненадејно се врати поради недостиг на гориво и чиста вода...