Контакт

Забава

Повик од руската Дума до Русинките: Немојте со странците, ќе има многу деца

Објавено пред

Претседателката на руската Дума за семејни прашања, Тамара Плетнова им порача на Русинките за време на Светското првенство во фудбал, да не стапуваат во сексуални односи со странските навивачи. Според Плетнова, Русинките со таквото однесување ќе си создадат големи проблеми, како што е раѓање деца во семејства со еден родител или може татковците да си ги однесат децата со нив.

„Дури и да се создадат бракови по таквите ситуации, девојките не знаат да се извлечат од нив. Тогаш, доаѓаат во мојата комисија, одземено им е детето и така натака“ рекла Плетнова и потсетила што се случило по Олимписките игри одржани во Москва во 1980 година, кога драстично пораснал бројот на самохрани мајки.

Првенството ќе трае до 15 јули а се очекува Москва да ја посетат околу милион туристи, додека на официјалниот сајт на Фифа се продадени повеќе од два милиони влезници.

Екологија

Италија во 2020 година ќе ги забрани пластичните чаши, чинии и прибори за јадење

Објавено пред

Италија ќе ја забрани употребата на пластични чаши, прибори за јадење, чинии и други производи за еднократна употреба од јануари 2020 година, изјави италијанскиот министер за животна средина, Серџо Коста.

Со најавената забрана официјален Рим ги уважува предлозите на Европската комисија, кои допрва треба да бидат усвоени. Исто така, ќе бидат вклучени производи, како пластични сламки, балони и мешалки за пијалаци.

„Мојата цел е да се исчистат морските екосистеми колку што е можно повеќе“, рече Коста за италијанскиот дневен весник „Ла Република“ додавајќи дека овој потег првин бара да се намали влијанието на некои пластични производи за еднократна употреба.

Комисијата во мај побара забрана на пластични производи за еднократна употреба на ниво на ЕУ предупредувајќи дека пластиката чини повеќе од 80 отсто од отпадот фрлен во морето.

Италијанскиот министер најави и дека од 2020 година на рибарите повеќе нема да им биде дозволено во морето да го враќаат отпадот собран во мрежите. Тој додаде дека постои план и за забрана на козметика која содржи микропластика.

Микропластиката вклучува мали парчиња пластика, помали од пет милиметри, кои го загадуваат морето бидејќи системите за прочистување на водата не може да ги филтрираат. Таа се смета за сериозна закана за морскиот екосистем.

Прикажи повеќе...

Забава

Мајк Тајсон му порача на Канје да почне да пие лекови

Објавено пред

Откако Канје Вест јавно разговараше со Џими Кимел за својата борба со биполарно растројство, Мајк Тајсон му порача дека е време да почне да зема лекови.

„Почни да ги пиеш тие е… лекови”, му порача познатиот боксер откако и самиот прозборе за своите психолошки проблеми за време на интервјуто за радио Реал 92.3.

Тој откри дека пред 15 години му било дијагностицирано биполарно растројство.

„Знаев дека нешто не е во ред бидејќи имав напади на бес без никаква причина. Можеме да зборуваме за тоа со часови, но сé се сведува на ова: почни да ги земаш е…ните лекови. Немаше да бидам тука ако не почнев да ги пијам”, рече тој.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Пoследен аплауз за Милена Дравиќ

Објавено пред

Во театарот „Звездара” е завршена комеморацијата по повод смртта на една од најдобрите актерки на нашите простори, Милена Дравиќ.

На самиот крај на комеморацијата беше пуштена песната на Арсен Дедиќ „Милена”, а во публиката на сите им беше тешко да ги задржат силните емоции и солзите. Колегите станаа и и упатија последен аплауз на Милена Дравиќ.

„Актерка со таква харизма, неповторлива и единствена. Секако, веќе нема да има таква актерка како Милена Дравиќ на нашите простори“, рече Бјелогрлиќ.

Милена Дравиќ денес ќе биде погребана во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта во Белград.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Јанушев: На пратеници им се нудеа милион евра да гласаат, тие одбија

ВМРО-ДПМНЕ избра борба против неодоговорната власт, рече вечерва генералниот секретар на опозициската партија, Игор Јанушев, на прес-конференција. Тој нагласи дека...

Македонија2 часа

Џафери закажал седница за 21 часот

Собранието на РМ вечерва сепак ќе ја одржи седницата за уставните измени, дознава „Макфакс“ од неофицијални извори. Според овие избори,...

Македонија6 часа

Милошоски бара веднаш да гласаат: Волјата на народот е посилна од притисокот врз неколку пратеници

Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на продолжението на седницата за уставните измени на прес-конференција побараа од претседателот на...

Македонија7 часа

Груевски за 8 дена ќе добие покана да се јави во затвор

Пресудата за двегодишната затворска казна на експремиерот Никола Груевски од Апелација пристигна во кривичниот суд од каде ќе биде распределен...

Македонија8 часа

Укинат притворот на Крсто Мукоски

Апелацискиот суд му го укина куќниот притвор на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски. „Апелациониот суд Скопје до Основниот суд Скопје...

Македонија8 часа

Сашо Василевски: Не можам да кажам дали ќе гласам за уставни измени

Не можам ништо да ви кажам. На координација сум, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Василевски за „Макфакс“ прашан...

Македонија10 часа

Медиуми во Македонија добивале пари од тајни фондови на грчкото МНР, објави „Ајефиремида“

Околу еден милион евра од тајни фондови на грчкото Министерство за наворешни работи биле потрошени за медиуми во Македонија, Албанија...

Метју Палмер Метју Палмер
Македонија10 часа

(Видео) Палмер: Oслободете ги пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат без закани и одмазда!

„Бараме од лидерството на ВМРО-ДПМНЕ да ги ослободи пратениците да гласаат по нивно уверување без страв од закани и oдмазда“,...

Македонија10 часа

Обвинение против Миленко Неделковски за статусот на „Фејсбук“ за жртвите од пожарот во Грција

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави обвинителен предлог против новинарот Миленко Неделковски поради ширење расистички...

Македонија10 часа

Вештачење „Монструм“: Земјата од Смилковско се совпаѓа со онаа на „опелот“ со кој бегале убијците

На денешното рочиште за случајот „Монструм“ исказ ќе дадат шест вешти лица кои извршиле вештачење на повеќе области поврзани со...

Македонија10 часа

(Видео) Мираковска: Џафери ќе одлучи дали ќе се гласа денеска за уставните измени

Ги повикавме колегите да гласаат. На гласањето ќе видиме дали имаме двотретинско мнозинство, а ние веруваме и очекуваме дека ќе...

Европа11 час

Семејството на напаѓачот од Крим: Со него беше многу тешко да се разговара

Семејството на 18-годишниот Владислав Росилјаков, кој е виновен за масакрот во училиштето на Крим, вели дека ништо не укажувало на...

Македонија11 час

Метју Палмер доаѓа во посета на Македонија

Заменик-помошник државниот секретар на САД, Метју Палмер, в понеделник ќе ја посети Македонија за да разговара за американската поддршка за...

Регион12 часа

Коѕијас ја повика грчката влада да го објави неговото писмо со оставката кое било на девет страници

Никос Коѕијас ја повикува владата да открие зошто тој поднесе оставка од функцијата министер за надворешни работи во средата, поради...

Македонија14 часа

Седницата за уставните измени продолжува денеска, гласањето неизвесно

Расправата за уставните измени продолжува денеска напладне во Собранието. За дискусија се пријавени уште петнаесеттина пратеници, повеќето од нив од...

Македонија1 ден

Сведоци менувале изјави по налог на осомничениот Томе Главчев во „Поштенска банка“

Специјалното јавно обвинителство во аргументите на жалбата што ја отфрли кривичниот совет на скопска „единица“ навело дека барале притвор за...

Македонија1 ден

Мекалистер и Кукан: Собранието треба да ја преземе одговорноста и да го отвори патот кон просперитетна и европска земја

По дебатата во Собранието за уставните измени за спроведување на договорот од Преспа и во пресрет на утрешното ново продолжение...

Европа1 ден

(Видео) Путин: Масовното убиство на Крим е последица на глобализацијата

Рускиот претседател, Владимир Путин, ја обвини глобализацијата за нападот на колеџот во Керч, каде што студент застрела 21 лице, а...

Македонија1 ден

Цела година не се мери загадување околу „Дрисла“, било скапо

Надлежните во „Дрисла“ последните мерења на загадувањето околу депонијата на нивната веб-страница ги објавиле во декември 2017 година. Според Дијана...

Македонија1 ден

(Видео) Ченто: Немам намера да го оставам мојот син и да избегам, ве молам, укинете ми го притворот

„Имам солидна материјална состојба, имам работен однос, ретко ги напуштам границите на Република Македонија, немам друг пасош. Немам прекршочна или...

Досие