Забава
Познатиот актер снимен на фестивал, ги загрижи обожавателите со својот изглед
Познатиот актер Пирс Броснан е снимен на музички фестивал во лондонскиот Хајд парк, а со својот изглед ги изненади обожавателите.
Седумдесет и едногодишниот актер, познат по својот исполиран стил и препознатливиот шарм, на фестивалот се појави во лежерно издание и со несредена брада, а фановите коментираа дека ги загрижува неговиот запуштен изглед.

Фотографите го уловија актерот како добро се забавува на фестивалот, каде што американската група Kings of Leon ја воодушеви публиката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
