Забава
Познато кој ќе го игра новиот Џејмс Бонд
Актерот Арон Тејлор-Џонсон ќе го толкува новиот Џејмс Бонд.
Познат по Kick-Ass и Avengers: Age Of Ultron, 33-годишниот актер претходно изјави дека гласините што го поврзуваат со Џејмс Бонд се „шармантни и прекрасни“.
Според извештаите, Арон Тејлор-Џонсон треба да биде следниот Џејмс Бонд, пренесува „Skynews“.
Актерот очигледно допрва треба официјално да ја прифати иконската улога, но извор изјави за „Сан“: „Бонд е работа на Арон, ако сака да ја преземе“.
Извор за „The Sun“ додаде дека што се однесува до продукцијата, Арон ќе го потпише договорот во следните неколку дена и тие можат да почнат да се подготвуваат за големата најава.
САпоред медиумот, Тејлор-Џонсон е неверојатно талентиран актер. Тие го нарекоа „совршена личност за улогата на Бонд и ќе продолжи добро од таму каде што застана Даниел Крег“.
Тејлор-Џонсон минатата недела беше прашан од списанието „Numero“ за гласините што го поврзуваат со улогата. Како одговор, тој рече: „Сметам дека е шармантно и прекрасно што луѓето ме гледаат во таа улога. Тоа го сфаќам како голем комплимент“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Моника Белучи позираше за насловна страница, фановите се воодушевени
Моника Белучи (60), италијанска актерка и модел која ја нарекуваат најубава жена на светот, позираше за насловната страница на кинеското издание на магазинот Elle.
На фотографиите во магазинот Моника позираше во тесен фустан, а таа фотографија ги воодушеви нејзините следбеници.
„Кралица, икона, убавица“, „Секогаш ќе бидеш мојата омилена Бонд девојка“, „Сакам да остарам грациозно како неа“, „Секси жена“, „Уметност“, „Најубавата жена на светот“, се само дел од коментарите.
На крајот на септември Моника го прослави својот 60-ти роденден. Неодамна, во интервју за списанието iO Donna зборуваше за стареењето.
„Не само што сè уште сум тука, туку уживам во годините и продолжувам да откривам многу работи. Би рекла дека не можете да се борите и да објавите војна на време, што е многу посилно од вас: треба да се согласите, да потпишете примирје и да се надевате дека ќе ве помилува. Би сакала да бидам референтна точка за помладите од мене, како што беа и се моите 80-годишни пријатели за мене“, објасни таа.
Забава
Оливија Мун за сопругот: Едвај го познавав кога забременив, не бевме во врска
Актерката Оливија Мун (44) откри дека таа и Џон Мулејни не биле ни во врска кога забременила со него во 2021 година.
„Едвај го познавав. Не бевме ни блиску до врска“, изјави таа за GQ.
Оливија првпат го запозна комичарот кога и двајцата присуствуваа на свадбата на Сет Мајерс во 2013 година. Сепак, тие се зближија на почетокот на 2021 година. Тој тогаш се раздели од својата прва сопруга Ана Мари Тендлер, со која беше во брак од 2014 година.
За време на нивната романса, Оливија останала бремена, а Џон бил возбуден за детето. „Тоа не беше нужно ‘сега ќе се венчаме и ќе живееме заедно’ или нешто слично, туку беше ‘Ќе биде присутен’“, се сеќава актерката.
Во тоа време, Мун живееше во Лос Анџелес, а Мулејни живееше во Њујорк. Повремено разговарале и комичарот доаѓал да ја посети. Но, Оливија се двоумела дали да влезе во врска бидејќи Џон штотуку излегол од рехабилитација.
„Тоа беше како да гледам човек во цунами. Го гледав што туку трезен, на работ на карпа и не го познавав доволно за да му помогнам“, рекла таа. Сепак, актерката истакна дека забележала дека фактот што тој ќе стане татко го правел среќен. „Беше многу возбуден кога им ја соопшти веста на своите родители“.
Мун и Мулејни одлучија да станат пар два месеци пред раѓањето на нивниот син Малком на 24 ноември 2021 година. Токму оваа година тие се венчаа во тајност на интимна церемонија во домот на нивните пријатели во американската сојузна држава Њујорк. На венчавката присуствуваа само сведокот и двегодишниот син на Оливија и Џон, Малком.
Во септември ја споделија веста дека добиле ќерка преку сурогат мајка.
Актерката во март откри дека минатата година и бил дијагностициран рак на дојка. „Ракот не се грижи кој си. Не е важно дали имаш бебе или немаш време. Доаѓа и немаш друг избор освен да се соочиш директно”, изјави таа за магазинот People во март.
Таа имаше четири операции во период од 10 месеци, вклучувајќи и двојна мастектомија. Мун рече дека ракот немаше да биде пронајден до нејзиниот следен закажан мамограф, доколку нејзиниот лекар не одлучил да изврши проценка на ризикот од рак на дојка. „Тоа ми го спаси животот“, вели таа.
Забава
Камила се појави во јавноста по веста дека е болна, откри како се чувствува
Британската кралица Камила (77) првпат се појави во јавноста откако беше откриено дека е болна. Таа ги запозна овогодинешните финалисти на Букеровата награда во кралската резиденција Кларенс Хаус и по тој повод откри како се чувствува деновиве.
„Се подобрувам. Сè уште малку кашлам, но навистина сакав да бидам тука. Се опоравувам, за овие работи секогаш треба малку време… но се надевам дека ќе се подобри“, рекла Камила. Таа мораше да го пропушти Денот на сеќавањето минатиот викенд поради респираторна инфекција.
Иако првично требаше да биде присутна цело време, поради болест и симптоми, таа остана околу 15 минути, при што разговараше со финалистите.
Како што пишува Дејли Мејл, Камила за тоа кратко време неколку пати се кашлала.