Контакт

Забава

Поведена тужба против продукциската компанија на Џенифер Лопез

Објавено пред

Филмот „Хастлерс“ неодамна почна да се прикажува во киносалите, а во него настапува Џенифер Лопез. Но, продукциската куќа на Џенифер Лопез се соочува со тужба од 40 милиони долари поднесена против неа од страна на жена според чиј живот е снимен филмот.

Актерката ја тужат за сума од 40 милиони долари поради содржината на филмот, односно за лажно прикажување на жената на која всушност се темели филмот.

Светските таблоиди објавија дека продукциските куќи на Лопез дури сега се соочуваат со тужба од 40 милиони долари иако филмот почна да се прикажува минатата година, а тужбата е поднесена од страна на жената портретирана во филмот.

Во документите доставени до судот пишува дека луѓето од продукцијата ѝ пристапиле на Саманта Барбаш пред да почне снимањето и барале согласност за снимање на филмот и потпис дека се откажува од сите права на филмот. Таа ја одбила понудата и сега тврди дека продуцентската куќа на пејачката ги користела нејзиниот лик и дело без нејзина дозвола и дека била прикажана во поинаква слика.

Напишан и режиран од Лорен Скафарија, филмот е базиран на напис во „Њујорк тајмс“ во врска со познат стриптиз-клуб во Њујорк.

Филмот, крими-драма, е приказна за стриптизерка која едвај сврзува крај со крај. Нејзиниот живот се менува засекогаш кога ќе се спријатели со Рамона, една од стриптизерките со најголема заработка во клубот. Рамона набргу ѝ покажува на Дестини како да постапува со богати муштерии од Волстрит, кои се чести посетители на стриптиз-клубот.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Наука

Европа ја лансираше „Ариана Пет“ во вселената

Објавено пред

Европската вселенска агенција од Куру, Француска Гвајана во четвртокот ја лансираше ракетата „Ариана Пет“ во вселената. Ова е прво лансирање во вселената за 2020 година, а со „Ариана Пет“ се пренесуваат два телекомуникациски сателити, Конект и ГСАТ-30, во нивните планирани трансфер орбити.

Платформата „Спејсбас Нео“ е резултат на европска соработка со учество и придонес од 17 земји-членки на Европската вселенска агенција, со повеќе од 90% од платформата составена во Европа. Досега, единаесет сателити на „Неосат“ се веќе продадени, од кои седум се „Спејсбас Нео“. Проектот за партнерство ЕСА создаде исклучителен поврат на инвестициите во државите учеснички на програмата и нивните индустрии.

Сателитот „Конект“ изграден е од „Талес Аленија Спејс“ за „Еутелсат“, неговиот комерцијален оператор и е првиот сателит од новата производна линија „Спејсбас Нео“, развиен во рамките на проект управуван од страна на  француската вселенска агенција и ЕСА. Сателитите се дизајнирани да траат до 15 години.

Летот ВА251 беше 107-та мисија на „Ариана Пет“.

„Трката околу вселената“ меѓу САД и Европа продолжува и понатаму. Имено на 25 јули 2018 година беа лансирани последните четири сателити на системот „Галилео“. Овој проект е од исклучително значење бидејќи има поголема точност од сегашната верзија на американскиот ГПС систем.

Прикажи повеќе...

Екологија

Грета Тунберг се приклучи на маршот за климатски промени во Швајцарија

Објавено пред

Активистката за климатски промени Грета Тунберг присуствува на маршот за климатски промени во Лозана, Швајцарија.

Стотици лица излегоа на протестот, што се организира пред одржувањето на Светскиот економски форум во Давос наредната недела.

Тунберг  ја стекна својата популарност како основач на движењето „Петоци за иднината“ и го пропатува светот во последните 12 месеци, приклучувајќи се на многу маршови за климатски промени.

Прикажи повеќе...

Забава

Еминем ненадејно објави нов албум

Објавено пред

Американскиот рап изведувач Еминем во четвртокот ги изненади обожавателите и преку својот твитер профил го најави објавувањето на неговиот 11-ти албум: „It’s “Music to be Murdered by“ . Омотот на албумот е моделиран според аудио издание на Алфред Хичкок со исто име, додека една од нумерите е насловена Алфред и е 30-секунден клип на славниот филмски режисер.

Албумот е уникатен и карактеристичен по соработката со светски познатите: Ед Ширан, Скајлар Греј, Кју-тип, Денаун, Вајт Голд, Џоел Ортиз, Дон Толивер, Андерсон и други.

 

View this post on Instagram

 

It’s your funeral… #MusicToBeMurderedBy Out Now – link in bio

A post shared by Marshall Mathers (@eminem) on

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Вооружен грабеж во НЛБ Банка во Ѓорче Петров

Утринава во експозитурата Ѓорче Петров на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж. Од банката велат дека вработените и сите клиенти...

Регион2 часа

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари,...

Топ2 часа

Две деца повредени кога „бе-ем-ве“ излетало на патот Велес – Извор

Вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, по крстосницата за селото Г.Оризари, патничко возило...

Свет2 часа

(Видео) Кралот на кокаинот доби пиво со неговиот лик и име

Мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман издржува доживотна казна затвор, а неговата ќерка Алехандрина се труди да ја одржи неговата...

Македонија3 часа

Меркел: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ

„Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ, но на тој пат двете земји можат да се...

Македонија3 часа

Усвоени измените во законот за извршување, социјално загрозените нема да плаќаат

Законодавниот дом ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за извршување кои ги подготви Министерството за правда. Ова е...

Свет5 часа

Премиерот на Украина поднесе оставка

Премиерот на Украина, Олексиј Хончарук, денеска поднесе оставка, јавува „Ројтерс“. Од кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопштуваат дека...

Регион5 часа

Лајчак: Следните месеци клучни за односите помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак изјави дека следните месеци ќе бидат клучни за односите помеѓу Европска Унија и земјите...

Свет5 часа

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во јужниот дел на Мексико, кој според медиумите...

Свет5 часа

Oслободени новинарите на „Анадолија“ коишто беа уапсени во Каиро

Новинарите на турската државна новинска агенција „Анадолија“, кои во средата беа уапсени во Каиро, се ослободени откако платија кауција од...

Регион5 часа

(Видео) Масовни протести – Црна Гора ги брани верските објекти

Илјадници верници на Српската православна црква и граѓани протестираа против Законот за верската слобода. Црногорскиот митрополит Амфилохие, кој ја предводеше...

Свет19 часа

Трамп го прекршил законот кога ја спречил воената помош за Украина

Белата куќа го прекршила американскиот закон кога ја прекинала воената помош наменета за Украина, одлучи независното тело кое ја надгледува...

Македонија23 часа

Докторката на Трајковски ќе сведочи во „ТНТ“ за неговата дијагноза

Судот одлучил на следното рочиште за „ТНТ“ да ја повика докторката која на обвинетиот ексградоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски,...

Европа24 часа

Русија доби нов премиер

Државната Дума ја потврди кандидатурата на поранешниот шеф на Федералната даночна служба, Михаил Мишустин, за нов премиер на Русија. Мишустин...

Топ1 ден

Опожарени возилата на Сузана Турунџиева и на Ребека

Автомобилот на пејачката и водителка Сузана Турунџиева бил опожарен изутринава околу 3 часот. Огнот го зафатил и возилото на пејачката...

Македонија1 ден

Шкријељ: Нема да дозволиме граѓаните поради предизборни препукувања да останат без нивните права

Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денеска на прес-конференција во Владата повика на конструктивност и соработка со...

Топ1 ден

Шестмина повредени во сообраќајна несреќа кај Велес

Една жена е потешко повредена додека петмина други полесно во сообраќајната несреќа што се случи изутинава околу 8 часот на...

Свет1 ден

Спасено девојче од Пакистан кое 18 часа било затрупано со снег

Едно 12-годишно девојче е пронајдено живо откако лавина ја погодила нејзината куќа во Пакистан и откако 18 часа било затрупано...

Топ1 ден

Притвор за скопјанец кој марихуаната ја чувал во тегли од лутеница и ајвар

Скопското основно јавно обвинителство покрена обвинение против 27-годишник од скопската населба Влае кој криел марихуана во тегли за зимница. Како...

Регион1 ден

Рама го тужи Харадинај за клевета

Албанскиот премиер Еди Рама  поднел тужба до Основниот суд во Приштина за клевета против косовскиот колега во заминување Рамуш Харадинај....

Досие