Контакт

Екологија

Полицијата во САД: Не фрлајте дрога во ВЦ-школките, ги дрогирате алигаторите

Објавено пред

Полицијата во Тенеси, област во истоимената американска сојузна држава, побара од населението да не фрла дрога во ВЦ-шолјите бидејќи на тој начин патките, гуските, но и алигаторите, може да станат опасни за околината.

Предупредувањето било издадено изминатиот викенд по пребарување во домот на еден осомничен кој се обидел бргу да се ослободи од метамфетаминот што го поседувал со истурање во тоалетната школка.

„Ве молиме, не фрлајте дрога во ВЦ-школките“, порача полицијата од гратчето Лорета на својот твитер-профил.

„Кога фрлате некои работи во канализација, мора да знаете дека тие, пред да се вратат во реките, завршуваат во нашите вештачки езера. Патките, гуските и други птици најчесто ги користат овие езера и стравуваме како овие животни би се однесувале кога би се наголтале метамфетамин. Поради ова, во реките набргу би можеле да имаме и дрогирани алигатори“, се наведува во соопштението.

Полициското предупредување од Лорета ги поттикна корисниците на социјалните мрежи на многубројни хумористични коментари.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Екологија

Поради климатските промени ќе исчезне познатото дрво џошуа

Објавено пред

Дрвото џошуа, познат вид на јука која расте на американскиот југозапад, би можело да исчезне до крајот на векот, како резултат на климатските промени, велат научниците.

Експертите од Универзитетот во Калифорнија (УЗ) користеа податоци од Меѓувладиниот панел за климатски промени за да го проценат влијанието на глобалното затоплување врз дрвото џошуа во националниот парк „Џошуа дрво“.

Според оптимистичкото сценарио во кое човештвото би успеало да ги ограничи своите емисии на стакленички гасови до одреден степен, застапеноста на овој вид јука би се намалила за 80 проценти до крајот на векот.

Но, ако ништо не се промени, моделот укажува на целосно исчезнување на овој вид кој потекнува од плеистоценот.

Прикажи повеќе...

Екологија

(Видео) Шпанец фрли стар фрижидер од карпа – полицијата го натера да го извади од бездната и да плати казна

Објавено пред

Шпанец кој фрли стар фрижидер од карпа, полицијата го натера да го извади од бездната, мораше да плати казна, а му се заканува со судење.

Се започнало кога Шпанецот и неговиот пријател одлучиле да се шегуваат со ,,рециклирањето”, па се паркирале со комбе до една карпа, го извадиле стариот фрижидер и го фрлиле во бездната.

На видеото коешто беше објавено на социјалните мрежи и авторот на видеото и Шпанецот кој го фрла фрижидерот можат да се слушнат како велат: „Рециклирање … ајде да го рециклираме!“, додека фрижидерот се тркала по карпестата падина.

Но оваа постапка може многу да ги чини. Полицијата во Шпанија преку снимката го идентификуваше мажот и откри каде тој работи. Откако му изречена казна и му е наложено да го извади фрижидерот од бездната кадешто го фрлил, тој сега се соочува со нова казна.

Судот сега ќе одлучува дали човекот ќе се соочи со парична или со потешка казна според казнениот законик за еколошки криминал.

Прикажи повеќе...

Екологија

Етиопија засади повеќе од 350 милиони дрвја за 12 часа

Објавено пред

Етиопија засади повеќе од 353 милиони дрвја за 12 часа, што властите сметаат дека е светски рекорд. Акцијата за садење дрвја беше дел од пошироката кампања за пошумување наречена „Зелено наследство“, предводена од премиерот Абиј Ахмед. Милиони Етиопјани во целата земја беа поканети да учествуваат во предизвикот и во првите шест часа Ахмед твитна дека се засадени околу 150 милиони дрвја.

„Ние сме на половина пат до нашата цел“, рече тој и ги повика Етиопјаните да садат со засилен интензитет. Кога заврши 12-часовниот период, премиерот повторно на ‘Твитер’ објави дека Етиопија не само што ја исполни својата цел туку и ја надмина.

Во рамките на акцијата биле засадени вкупно 353.633.660 садници. Во 2017 година Индија го постави светскиот рекорд кога околу 1,5 милион волонтери засадија 66 милиони за 12 часа.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа6 минути

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет1 час

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија12 часа

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет13 часа

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет14 часа

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија14 часа

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет14 часа

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт16 часа

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Македонија21 час

Изгаснат пожарот над скопското село Буковиќ

Шумскиот пожар кој вчера наутро избувна на планината над скопското село Буковиќ е изгаснат и целосно ставен под контрола, информираат...

Регион21 час

(Видео) Пациент со држач за инфузија уби четири лица во психијатриска болница во Романија

Еден пациент во психијатриска болница во романската општина Сапока, со држач за инфузија убил четворица други пациенти. Тој ги нападнал...

Свет22 часа

Протести во САД: Ако не се смени законот за оружје, треба да се смени Конгресот

Низ САД се одржуваат протести на кои се бара од Конгресот да ги заостри законите за контрола на оружјето, по...

Свет23 часа

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет24 часа

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Свет1 ден

Во бомбашки напад на свадба во Кабул убиени над 60 луѓе, меѓу нив и деца

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските...

Свет2 дена

Ново убиство на метро станица во Германија, маж и жена избодени до смрт

Маж и жена се избодени до смрт на преполна метро станица во германскиот град Изерлон, соопшти полицијата, наведувајќи дека се...

Свет2 дена

Салвини попушти, ќе ги прими малолетните мигранти

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини потклекна под политичкиот притисок, и од меѓународната заедница, но и од внатрешно-политичкиот, околу...

Регион2 дена

Бугарија на второ место во НАТО според буџет за одбрана

Бугарија е на второто место во НАТО според буџетот за одбрана во однос на бруто домашниот производ и веднаш зад...

Регион2 дена

Српски полицајци го спасија животот на 9-годишно дете на автопатот Ниш-Белград

Двајца сообраќајни полицајци од Србија станаа вистински херои во медиумите и на социјалните мрежи, откако успеаа да го спасат животот...

Свет2 дена

Јункер итно пренесен на операција

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер го прекинал одморот и ќе биде итно опериран, соопшти ЕК. Според информациите, Јункер...

Свет2 дена

Незадоволен гостин уби келнер во ресторан во Париз

Келнер во француски ресторан бил убиен од страна на гостин, бидејќи предолго чекал сендвич, пренесуваат фарнцуски медиуми. Инцидентот се случил...

Досие