Контакт

Забава

Поради секс-скандалoт, Пласидо Доминго веќе не е директор на Операта во Лос Анџелес

Објавено пред

Познатиот оперски пејач Пласидо Доминго се повлече од функцијата извршен директор на Операта во Лос Анџелес кога неколку жени го обвинија за сексуално вознемирување.

„Обвинувањата создадоа атмосфера што ја загрозува мојата способност да ѝ служам на куќата што ја сакам толку многу“, рече Доминго.

Одборот на директори на Операта изјави во посебно соопштение дека Доминго има настапено повеќе од 300 пати во таа куќа во 31 улога. Тој бил генерален директор на Операта во Лос Анџелес од 2003 година. Доминго (78) пред две недели објави дека повеќе нема да настапува во „Метрополитен“ во Њујорк.

Неколку американски опери и оркестри досега ги откажаа настапите на Доминго.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

(Видео) Тепачка за ,,Патики на Исус“ со мирис на темјан кои чинат 3 000 долари

Објавено пред

MSCHF, компанија со седиште во Бруклин, на пазарот пушти во продажба патики кои ги нарече Jesus shoes (Патиките на Исус), кои и покрај високата цена на продажба од 3.000 долари, се распродадоа за рекордно време.

Станува збор за преработена верзија на патиките Најк Air Max 97s со христијански симболи – крст и света вода. Тие имаат света вода од реката Јордан и се осветени од свештеник, пишуваат медиумите. Крстот, пак, е ставен врвките на десната патика.

Патиките имаат и мирис на темјан, еден од подароците што тројцата свети кралеви му ги донеле на Исус кога се родил.

Прикажи повеќе...

Забава

Јапонија: Студентка напиша есеј со невидливо пенкало

Објавено пред

Студентка на Универзитетот Мие во Јапонија го изненадила нејзиниот професор кога го предала нејзиниот испит. На прв поглед, изгледало како листот да е празен, но на малечка белешка на горниот дел пишувало: „Загрејте ја хартијата“. Кога професорот ја загреал хартијата на загреана плотна, почнал да се појавува текст.

19-годишната Еими Хага, го напишала цел испит со невидливо мастило.Таа користела традиционална јапонска невидлив метод на мастило наречен „абуридаши“ за да го напише есејот. Хага го направила од екстракт од соја. Откако поминала повеќе од два часа обидувајќи се да ја прилагоди концентрацијата на екстрактот, Хага го напишала есејот на традиционална јапонска хартија наречена „ваши“. Откако мастилото се исушило, буквите навидум исчезнале, мешајќи се со белата нијанса на хартијата.

Прикажи повеќе...

Забава

Вајнштајн ja терал Анистон да носи фустан од неговата сопруга

Објавено пред

Порано најголем моќник во светот на филмот, Харви Вајнштајн (67) во моментов е најомразениот човек во Холивуд. Десетици жени го обвинија за сексуална злоупотреба, меѓу кои и актерките Анџелина Џоли (44) и Гвинет Палтроу (47), а сега и Џенифер Анистон (50) ја шокира јавноста.

Актерката соработуваше со Вајнштајн во 2005 година за филмот Fatal Adultery, во кој глуми. Таа откри дека Харви тогаш се обидел да ја натера да носи фустан од брендот „Марчеса“, кој го основала поранешната сопруга на Вајнштајн, модната креаторка Џорџина Чепмен (43).

„Се сеќавам кога Џорџина ја лансираше новата линија за облека. Тогаш Харви дојде во Лондон каде што го снимав филмот. Тој ми рече: ‘Сакам да носиш еден од тие фустани на премиерата на филмот. Треба да го облечеш’“, признава Анистон, додавајќи дека тоа е единственото насилство што го претрпела од него, но на Харви му ставила до знаење дека нема да го носи фустанот затоа што не ѝ се допаѓа тој стил.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Владата денешната седница ќе ја одржи во Битола

Владата својата редовна 159-та седница денеска ќе ја одржи во Битола, во зградата на Општина Битола. Со оваа прва седница...

Европа53 минути

Право и правда победи на изборите во Полска

Владејачката полска конзервативна партија Право и правда освои најголем број гласови на парламентарните избори и обезбеди мнозинство во парлментот, покажаа...

Европа1 час

Орбан ја загуби Будимпешта, Карашони нов градоначалник

Унгарската опозиција победи на локалните избори во главниот град Будимпешта, нанесувајќи му го првиот пораз на премиерот Виктор Орбан од...

Спорт11 час

Македонија не издржа во Варшава, Полска се пласираше на ЕУРО 2020 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва загуби во Варшава од Полска 2-0 (0-0) во рамките на осмото квалификациско коло за пласман на...

Македонија16 часа

Димитров патува за Брисел во пресрет на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров од 14 до 17 октомври ќе престојува во работна посета на Брисел кога се...

Топ17 часа

Во тешката сообраќајна несреќа кај Струмица загина 19-годишна девојка, возачот е во болница

Деветнаесетгодишна девојка од Струмица, со иницијали С.Т. го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 4...

Регион18 часа

„Дали сум оптимист? Не“, одговори Рама за почетокот на преговорите со ЕУ

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека не е оптимист за почеток на преговорите со Европската Унија. „Дали сум оптимист?...

Култура18 часа

(Видео) „Визија Скопје“ понуди поглед на плоштадот без фонтаната со воин на коњ

На плоштадот Македонија во Скопје викендов граѓаните имаа уникатна можност преку слики нацртани на тенка проѕирна пластика место на платно,...

Македонија21 час

Шекеринска: „Бомбава“ само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив

„Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти“. Вака министерката за одбрана го коментира прислушуваниот разговор што беше...

Македонија21 час

„Ел Чека“ објави нова бомба – Шекеринска и Бесими за гласањето на ДИК за локалните избори

На социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави прислушуван разговор од локалните избори во 2013 година. Објавувачот на материјалот, Ел Чека, објаснува...

Европа22 часа

Протести на Курдите ширум Европа, во Грција запален постер со ликот на Ердоган

Десетици илјади Курди вчера демонстрираа низ цела Европа против турската воена офанзива во северна Сирија, а протести се одржаа во...

Македонија23 часа

Пожар во куќа кај Дом на градежници

Утрово избувна пожар во куќа, во близина на Домот на градежници во Скопје. На терен се испратени противпожарни возила, кои...

Свет24 часа

Разорен тајфун ја погоди Јапонија, најмалку 18 жртви

Најмалку 18 лица загинаа, а 13 се водат за исчезнати во тајфунот Хагибис што ја погоди Јапонија. Налетите на ветрот...

Македонија2 дена

Заев: Мицкоски мисли дека со продажба на уделот ќе ги сокрие трагите во хидроцентралите

Мицкоски мисли дека ако го продаде уделот во хидроцентралите, дека ќе ги затскрие трагите, истакна претседателот на СДСМ и премиер,...

Македонија2 дена

Се демонтира угостителскиот објект од покривот на ГТЦ

Согласно одлуката на Градоначалникот Петре Шилегов, денеска почна демонтажата на угостителскиот објект на кровот на ГТЦ. Со овие активности, велат...

Македонија2 дена

Заев очекува позитивна одлука за ЕУ, Мицкоски смета дека можно е да нема датум

Лидерите на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски денеска испратија пораки за очекувањата во врска...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: По примерот на Мицкоски и Заев да се отуѓи од 12 фирми во кои има удел

По примерот на Христијан Мицкоски и премиерот, Зоран Заев, да се отуѓи од 12 фирми во кои има удел. Ова...

Спорт2 дена

Македонија подготвена за полската „стапица“ (галерија)

Македонската фудбалска репрезентација го оддржа официјалниот тренинг на „ПГА Народови арената“ во Варшава, каде што утре од 20.45 часот не...

Македонија2 дена

Соботка: Блокирањето на преговорите штети на кредибилтетот на ЕУ

Претседателот на австрискиот парламент, Волфганг Соботка истакана денеска, во пресрет на состанокот на Интерпарламентарната унија (ИПУ) во Белград, дека секој...

Македонија2 дена

Европската народна партија повика на започнување разговори за пристапување на Северна Македонија и Албанија

Следната недела, земјите-членки на Европската унија (ЕУ) ќе се соочат со стратешки избор во врска со започнувањето на пристапните преговори...

Досие