Контакт

Забава

Поранешниот сопруг на Моника Белучи објави фотографија со нивната ќерка по повод нејзиниот роденден

Објавено пред

Актерот Винсент Касел објави фотографија со најстарата ќерка од бракот со Моника Белучи, Дева, и ја покажа неверојатната сличност на 16-годишното девојче со убавата мајка.

„Честитки, љубов“, напиша тој покрај црно-белата фотографија што ја објави по повод 16. роденден на тинејџерката. Коментарите не престанаа да прават споредби со познатата Моника.

View this post on Instagram

Parabens mon amour❤️ #sweetsixteen #manumberone

A post shared by VINCENT CASSEL (@vincentcassel) on

„Таа ја наследи целата убавина на својата мајка, чудо“, „Изгледа како Моника“, „Прекрасна е, исто како мајка ѝ“, „Слика и прилика на Моника, каква убавица“, „Дева неверојатно личи на мајка ѝ“, пишуваат следбениците на Винсент покрај роденденските честитки.

Забава

(Видео) Луцифер се враќа за сезоната 6

Објавено пред

Сагата за Луцифер е речиси исто толку епска како и библиските приказни што ја инспирираат.

Фановите стравуваа дека крајот беше предвреме близу во неколку наврати, но „Нетфликс“ конечно потврди дека серијата ќе има шеста и последна сезона.

Веста дојде преку официјална објава на Твитер, придружена со броевите „666“ и следнава најава: „Ѓаволот нè натера да го сториме тоа. Луцифер ќе се врати за шеста и последна сезона. Како, крајно финале.“

Завршната сезона ќе има 10 епизоди, а ќе почне да се емитува на 10 септември.

Главниот фокус на серијата е Луцифер Морнингстар, ѓаволот, кој е несреќен и уморен од тоа да биде господар на пеколот. Го напушта престолот и го менува своето кралство со Лос Анџелес, каде води свој ноќен клуб „Лукс“. Тој е повикан да работи како консултант за полицијата на Лос Анџелес.

Прикажи повеќе...

Забава

Алекс Родригез и Мелани Колинс облечени во тон

Објавено пред

Тие уживаа во луксузно патување во Сен Тропе возејќи се на крузер изминатава недела.

А, Алекс Родригез и ТВ-водителката Мелани Колинс во средата беа забележани додека шетаат и разгледуваат продавници во францускиот град.

46-годишникот и Мелани, двајцата облечени во бела облека, посетија голем број продавници само неколку часа откако неговата поранешна свршеница Џенифер Лопез, која моментално е во Италија со Бен Афлек, застана во истите објекти.

 

Таблоидите шпекулираат дека Бенифер (Бен и Џенифер) заминале за Италија откако дознале дека поранешниот свршеник на Џенифер е во Сен Тропе.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Лејди Гага и Адам Драјвер во првиот трејлер за „Куќата Гучи“

Објавено пред

Во четвртокот беше објавен првиот трејлер за блескавата крими драма на Ридли Скот, „Куќата Гучи“, која детално го опишува падот на модната династија на семејството Гучи.

Филмот е базиран на вистинската приказна за Патриција Реџани – ја глуми поп-иконата Лејди Гага – која го организирала убиството на својот сопруг, поранешниот шеф на брендот „Гучи“ Маурицио Гучи (кого го глуми Адам Драјвер).

Гага, која освои „Оскар“ за нејзината прва филмска улога во „Sвездата е родена“, го сподели трејлерот на својот официјален Инстаграм во четвртокот попладне, заедно со „МГМ“ на Јутјуб, само еден ден откако беа објавени постери со ликови од филмот.

Трејлерот почнува со модерната Патриција како чекори по италијански тротоар, ги спушта очилата за сонце гледајќи во продавница на Гучи.

„Тоа беше име што звучеше толку слатко, толку заводливо“, вели Патриција. „Синоним за богатство, стил, моќ како што се гледаат на снимки од модните ревии на Гучи.“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Двајца починати и 74 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Македонија2 часа

Фирма казнета со 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги...

Топ2 часа

Пешак загина, велосипедист тешко повреден – и во двата случаја возачите што ги удриле побегнале

Пешак во Скопје загина, а велосипедист е тешко повреден во два одделни случаја во кои биле удрени од автомобили, при...

Топ3 часа

Возачот кој усмрти пешак во Куманово бил пијан

Седумдесетгодишниот возач М.П. кој удри во пешаци во Куманово, од кои едниот почина, бил пијан, утврди кумановското обвинителство. Несреќата се...

Свет4 часа

Во Кина се појави ново жариште на коронавирус, најголемо по Вухан

Жариште на Ковид-19 откриено во кинескиот град Нанџинг се прошири во пет кинески провинции и главниот град Пекинг, а кинеските...

Топ4 часа

Во гостилница во Арачиново специјалците уапсија меѓународен наркодилер кој побегнал од затвор

Во акција во угостителски објект во скопско Арачиново, утрово околу 6 часот и 45 минути бил уапсен 43-годишен арачиновец кој...

Свет5 часа

Сè поголем притисок врз невакцинираните војници и државни службеници во САД

Американскиот претседател, Џо Бајден, донесе серија мерки за поттикнување на вакцинацијата во САД, вклучително и задолжителна вакцинација за милиони федерални...

Свет6 часа

Израел почнува со вакцинација со трета доза од вакцината

Израелскиот премиер, Нафтали Бенет, објави дека земјата ќеапочне да дава трета доза од вакцината против коронавирус на лица постари од...

Македонија6 часа

СДСМ објави уште петмина кандидати за градоначалници

СДСМ објави уште пет имиња на кандидати за градоначалнци за претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври. Партијата...

Свет17 часа

Американски дипломат 14 години дрогирал и силувал жени, му се заканува доживотен затвор

Поранешен службеник на американската амбасада во Мексико се изјасни за виновен за дрогирање и сексуална злоупотреба  на најмалку 23 жени...

Свет19 часа

(Видео) Три лица загинаа, десетици се повредени во големиот пожар кај Анталија

Три лица загинаа, а повеќе десетици се во болница во шумскиот пожар што се прошири во одморалиштето Манагвата, во близина...

Свет20 часа

Истрагата утврди дека државата е одговорна за убиството на малтешката новинарка

Истрагата за убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година покажа дека државата е одговорна за нејзината смрт,...

Македонија23 часа

300.000 денари од Град Скопје како награда за олимпискиот вицепрвак Дејан Георгиевски

Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија...

Македонија24 часа

Мицкоски: Некои Резолуцијата ја поддржаа искрено, други помалку искрено, но благодарност до сите

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува донесувањето на Резолуцијата во македонското Собрание со која јасно се оцртуваат национални и државни позиции во однос...

Македонија1 ден

Регистрирани нови 54 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на...

Македонија1 ден

Новото име на мини шенген е Отворен Балкан, потпишани првите официјални договори

Како дел од церемонијата на Економскиот форум во Скопје денеска беше објавено новото име на иницијативата позната како мини шенген,...

Македонија1 ден

УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско природно богатство

Македонија доби ново подрачје признато од УНЕСКО како светско природно наследство, буковите шуми на Длабока Река како дел од Националниот...

Македонија1 ден

Рама од Скопје: Изгубивме векови, наместо грб со грб време е да се свртиме кон соработка

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во воведното обраќање на Економскиот форум во Скопје порача дека „нема зошто да останеме затворени...

Македонија1 ден

Заев: Западен Балкан не може да чека ЕУ да ги реши внатрешните проблеми за да оди напред

Со обраќања на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, и...

Економија1 ден

Пониски сметки за граѓаните приклучени на парно

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлуки со кои се намалува во просек за 4% крајната цена на...

Досие