Контакт

Забава

Уметничка герила – собни влечки на плоштадот во Скопје со порака „Седете дома“

Објавено пред

Големи собни влечки се поставени на плоштадот во Скопје со порака „Седете дома“.

Уметничката акција „Седете дома“ е наменета да им помогне на граѓаните да истраат во  излолацијата и сведувањето на излегувањето на минимум во овие мигови кога изолацијата е можеби најефикасното средство за борба против епидемијата.

„За претстава на оваа интервенција ги избравме папучите, кои претставуваат синоним за останување дома, но и синоним за почитување на мерките и наредбите бидејќи во скопскиот сленг терминот папучар најчесто се користи за некој што беспоговорно ги следи наредбите и советите, а во овие мигови сметаме дека токму тоа ни е потребно. Со оваа акција, како и со претходната („Држете дистанца“), сакаме да ги охрабриме граѓаните да издржат во оваа за сите нас многу важна битка, но и да покажеме дека уметноста и културата и во овие тешки моменти се со граѓаните и дека сите мора да бидеме сплотени за да си го вратиме животот во нормала“, велат активистите.

Тие истакнуваат дека и оваа акција ја посветуваат на здравствените работници.

Акцијата е изработена без никаков директен контакт на членовите на групата, односно работена е етапно и секвенцијално од страна на повеќе автори.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Ана де Армас со пријателка на ручек на калифоринската „Венеција“

Објавено пред

Актерката Ана де Армас во четвртокот беше видена како руча со една пријателка во вегетаријанскиот ресторан The Butcher’s Daughter на познатата плажа „Венеција“ во Калифорнија.

32-годишната Кубанка избра лежерна комбинација – бела блуза со куси ракави и црни панталони – за прошетка и попладневен оброк.

Помина повеќе од еден месец откако Ана е забележана со својот 48-годишен партнер Бен Афлек со кого се запозна на снимањето на еротскиот трилер „Длабока вода“.

Последен пат беа видени заедно на плажата „Венеција“ на 20 август.

Прекрасната Кубанка е Бонд-девојка во најновиот од серијалот филмови за тајниот агент 007 – „Нема време за умирање“.

Афлек наводно е во Ирска, каде што го снима „Последниот дуел“, во режија на Ридли Скот, со најдобриот пријател Мет Дејмон како втор главен протагонист. Во филмот е и актерот од „Војна на ѕвездите“, Адам Драјвер.

Прикажи повеќе...

Забава

Џесика Алба и ќерка ѝ изгледаат како сестри

Објавено пред

Атрактивната холивудска актерка Џесика Алба (39) и нејзината 12-годишна „мини јас“ ги потсетија фановите на нивната сличност во ново видео споделено во четвртокот.

Во клипот Онор е речиси на иста висина како мајка си додека стојат рамо до рамо во нивната кујна и покажуваат корпи со подароци. Но, се чини дека мама носи високи потпетици бидејќи на почетокот на овој месец Алба плачеше кога сфати дека ќерка ѝ е повисока од неа.

Прикажи повеќе...

Забава

Бред Пит се сомнева дека некогаш повторно ќе се ожени

Објавено пред

Тој е еден од најбараните актери во Холивуд.

Бред Пит не сака да стави прстен на женска рака во догледно време, а можеби и никогаш повеќе по двата пропаднати брака, пишува „Ју-ес викли“.

56-годишниот холивудски шармер беше женет со Џeнифер Анистон и со Анџелина Џоли, но не смета дека свадбеното блаженство е во картите за неговата иднина, пишува весникот.

Спред анонимен извор цитиран од американското списание, и покрај тоа што почна нова романса, мала е веројатноста Бред некогаш да се ожени повторно.

Пит беше во брак со Анистон од 2000 до 2005 година. Речиси девет години подоцна, тој се ожени со Џоли во 2014 година, но таа поднесе барање за развод во септември 2016 година.

Бред и неговата нова девојка Никол предизвикаа шпекулации за наводна врска кога беа забележани како пристигнуваат на југот на Франција со приватен авион и го посетија „Шато Миравал“, каде што тој произведува розов шампањ.

Инсајдер тврди дека Бред е среќен со Никол Потуралски, но дека не размислува за брак.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет39 минути

Астронаутка ќе гласа од вселената на изборите во САД

Астронаутката на НАСА, Кејт Рубинс, рече дека ќе гласа од вселената, на повеќе од 300 километри над Земјата, на претстојните...

Македонија1 час

(Видео) Пендаровски и Пахор во Кампот за обука на вода во Охрид

Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски и претседателот на Република Словенија, Борут Пахор денеска во Охрид го...

Свет1 час

Украинскиот претседател бара објективна истрага за падот на авионот

Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека ќе се испитаат брзо и непристрасно причините за падот на воениот авион во кој...

Топ2 часа

Приведени 10 лица поради нападот на полицајци во Прилеп

ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против 10 лица, и тоа: Е.Е.(28), Е.И.(30), Ф.Ќ.(37), С.А.(40), Ф.Ќ.(43),...

Топ3 часа

Приведени двајца скопјани – удриле во полицаец додека мерел со радар

Двајца скопјани се приведени откако удриле во сообраќаен полицаец во Скопје. Како што информира МВР, приведени се А.Д.(19) и К.М.(21)...

Македонија4 часа

МОН: Националната платформа достапна за учениците и родителите

Веб-страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk. Со цел...

Свет5 часа

По терористичкиот напад во Париз – уапсен главниот осомничен, приведени уште 6 лица

Седум лица се приведени за нападот пред поранешните канцеларии на сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“, соопштија официјалните лица. Маж вооружен со...

Свет6 часа

(Видео) Се урна воен авион во Украина – загинаа 25 лица

Воен авион АН-26 се урна во близина на градот Чугуев во регионот Харков, јавува агенцијата Депо Харков, повикувајќи се на...

Македонија7 часа

Протест против полициската бруталност во Битола

Повеќе граѓански организации за денеска во Битола најавија протест против полициската бруталност, за кој повод е завчерашниот инцидент во кој...

Европа7 часа

Франција бара Брисел да ја принуди секоја членка на ЕУ да прими мигранти

Франција побара секоја земја членка на ЕУ да биде принудена да преземе дел од илегалните мигранти што пристигнуваат на европска...

Свет8 часа

Институт „Гамалеја“: Некои вакцинирани лица развиваат заштитни антитела по првата доза

Александар Гинтсбург, директор на рускиот институт „Гамалеја“, кој ја разви првата регистрирана вакцина против Ковид-19, изјави за „Спутник“ дека вакцинираните...

Топ17 часа

Тројца осомничени за производство и продажба на марихуана, едниот фатен додека ги кастрел стеблата во Визбегово

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против тројца 38-годишници за неовластено производство и продажба на марихуана. За таа...

Економија17 часа

Четвртиот пакет мерки е во вредност од 350 милиони евра

Вкупната вредност на четвртиот пакет изнесува околу 350 милиони евра од кои 264 милиони се од Буџетот на државата и...

Европа19 часа

СЗО: Во Европа се зголемува заразата со коронавирусот

Брзината на пренесување на Ковид-19 и хоспитализацијата растат во Европа, предупреди директорот на Светската здравствена организација за вонредни ситуации, Мајкл...

Македонија19 часа

Пахор со поддршка за членството во ЕУ: „Не смее да има одложување на меѓувладината конференција“

Словенија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон полноправно членство во Европската Унија, истакна претседателот на Словенија,...

Македонија23 часа

Починаа 9 лица, регистрирани 143 новозаразени

Во последните 24 часа се направени 1.504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија24 часа

(Видео) Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој претепа Ром во Битола

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички стандарди и професионални истраги во МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење...

Европа1 ден

Напаѓачот уапсен, полицијата пронајде мачета и сатар на местото на нападот во Париз

„Бев во мојата канцеларија. Слушнав врисоци на патот. Погледнав низ прозорецот и видов жена која лежеше на подот и имаше...

Македонија1 ден

Пендаровски до Пахор: Споделуваме сегашност во НАТО, уверен сум дека ќе имаме и заедничка иднина во ЕУ

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“ претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека...

Македонија1 ден

Казна за Рудникот САСА – ќе плати 65 илјади евра поради истекувањето јаловина

Откако при направениот увид и констатиран прекршок водостопанскиот инспектор на Државниот инспекторат за животна средина предложи постапка за посредување согласно...

Досие