Контакт

Забава

Почина легендата на боксот Маријан Бенеш

Објавено пред

Маријан Бенеш, еден од најдобрите европски боксери на сите времиња, почина денеска во Бања Лука на 67 години.

Бенеш почина утрово во болница, а последните неколку месеци од животот ги помина во дом за стари лица во Бања Лука. Тој беше во исклучително тешка состојба, објави порталот Српскиинфо.
Боксот беше неговиот живот. Тој имал 299 натпревари во својата кариера, 272 завршил со победа, загубил 16, а 11 завршил нерешено.

Станал шампион во Европа; тој ја бранеше оваа титула 4 пати, а на домашната сцена, во Босна и Херцеговина и во Југославија, беше неприкосновен.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Финансиски пресврт до лето: три хороскопски знаци ќе се ослободат од долговите

Објавено пред

Астролошките движења најавуваат подобрување на финансиската состојба за одредени знаци. Според прогнозите, Рак, Стрелец и Водолија во наредниот период би можеле да ги решат старите долгови и да постигнат поголема финансиска стабилност.

Кај Раковите, се очекува прилив на средства преку стари вложувања или проекти, што ќе им помогне да ги покријат заостанатите обврски и да започнат со посигурно планирање на иднината.

Стрелците влегуваат во период на финансиски раст, со можни нови деловни понуди или договори што носат стабилен приход, па покрај покривање на трошоците, се очекува и дополнителна заштеда.

Кај Водолиите, најавен е сериозен прилив на средства, преку бонус или нов извор на приход, што ќе им овозможи полесно да ги затворат старите долгови и да внесат ред во финансиската состојба.

Прикажи повеќе...

Забава

Натали Портман повторно бремена: очекува дете со партнерот Тангуј

Објавено пред

Актерката Натали Портман (44) е бремена и го очекува своето трето дете, прво со партнерот Тангуј Дестабл. Среќната вест ја споделила во интервју за магазинот Harper’s Bazaar.

„Тангуј и јас сме неизмерно возбудени… исклучително сум благодарна“, изјавила таа.

Веста доаѓа една година по разводот со поранешниот сопруг Бенжамен Милпје, со кого има две деца.

Портман и нејзиниот партнер се во врска од минатата година, а актерката и понатаму ја чува приватноста на своето семејство, иако истакнува дека децата ѝ се најголема инспирација и извор на радост.

Прикажи повеќе...

Забава

По Британија, и Полска го откажа концертот на Канје Вест поради контроверзии

Објавено пред

Полска го откажа концертот на Канје Вест, неколку дена откако негов настап беше одложен и во Франција поради реакции за негови претходни антисемитски изјави и глорифицирање на нацизмот.

Стадионот Śląski Stadium соопшти дека концертот закажан за 19 јуни нема да се одржи „од формални и правни причини“. Одлуката доаѓа и по чекорот на Британија да му забрани влез за фестивалски настап.

Раперот сè уште не се огласил. Во јануари тој се извини за своето однесување, кое го поврза со нелекувано биполарно нарушување.

Полската министерка за култура, Марта Цјенковска, изјави дека „во земја обележана од холокаустот не може да се третира ова само како забава“.

Минатата година, на Вест му беше забранет влез и во Австралија поради песна што промовира нацизам и продажба на маици со свастика. И покрај тоа, тој оваа година веќе настапи во САД и Мексико Сити, а се најавуваат и нови концерти во Европа и Азија.

Фото: Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Економија34 минути

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 4 мај

Владата на денешната седница, разгледувајќи ја актуелната економска состојба и влијанието на глобалните ценовни шокови врз домашниот пазар, донесе одлука...

Македонија37 минути

Работилница на ЗНАМ и ИФЕС: Спречување на насилство врз жените во политичкиот живот

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), организираше еднодневна работилница на тема...

Македонија39 минути

Филипче-Санчез: Прогресивните сили мора да дејствуваат заеднички

Претсеседателот на СДСМ, Венко Филипче, во рамки на конференцијата во Барселона, организирана од Партија на европски социјалисти (ПЕС), имаше кратка...

Македонија41 минута

Балканската платформа за мир како форум за конкретни резултати, порача Муцунски во Анталија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на неговиот турски домаќин, Хакан Фидан, учествуваше на...

Црна хроника48 минути

Кривична за уцена во Тетово: барал 20.000 евра и се заканувал со објавување видеа

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.К. (54) поради сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Според пријавата, на 5 август...

Топ2 часа

Судир на пет возила во Скопје: повеќе лица повредени, 19-годишник потешко

Синоќа околу 21:20 часот, на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале пет патнички возила....

Македонија2 часа

Без камата за старите долгови: „Водовод“ со акција за отплата на рати од 20 април до 5 јуни

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите...

Македонија2 часа

Трипуновски: Интепелацијата на СДСМ е нелегитимна, а Љупчо Николовски политички не постои

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски реагираше по најавата за интерпелација од страна на Социјалдемократски сојуз на Македонија, оценувајќи дека станува...

Македонија2 часа

Во Анталија потврдена соработката: Сиљановска-Давкова и Ерен за нови проекти со ТИКА

На маргините на Дипломатскиот форум во Анталија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на ТИКА, Абдула Ерен, на којашто...