Контакт

Забава

Почина Нил Инес, ѕвездата на „Монти Пајтон“   

Објавено пред

Ѕвездата на култната комична група „Монти Пајтон“, Нил Инес, почина во 75. година од животот, пренесува Би-би-си.

„Загубивме убава, нежна душа чија музика допре до многу срца и чиј интелект и потрага по вистината нè инспирираше. Тој почина од природна смрт, без предупредување“, напиша неговото семејство во соопштението.

Тажната вест ја потврди агентот Најџел Мортон. Тој рече дека смртта дошла неочекувано и дека Нил не бил болен порано.

Тој тесно се поврза со „Монти Пајтон“ во 1970-тите години, придонесувајќи со своите песни и со појавувањето во филмови како „Светиот Грал“ и „Животот на Брајан“.

Забава

Внатре во замокот каде Кардашијанови ја снимаа последна епизода на реалното шоу 

Објавено пред

Хациендата во Саут Лејк Тахо, каде што во четвртокот се снимаше финалето на „Дружење со семејството Кардашијан“ – мегазамок распространет на имот од 15 акри, со 17 спални соби – 18 бањи – може да се изнајми по цена од 6,300 американски долари за една ноќ.

Имотот е наречен Gunbarrel Lodge, според Tahoe South Vacation Rentals, и располага со девет кинг-сајз спални соби со кралски кревети, четири спални соби со по два брачни кревети и четири спални соби со еден брачен кревет.

 

Повеќе шоубиз медиуми ја покажаа импресивната вила за финалето на долгогодишната ентертејнмент-серија што ги вивна Кардашијанови до меѓународна слава, а сега кланот тука го поминува зимскиот одмор.

Во емисијата во четвртокот, Крис Џенер и нејзините ќерки Ким, Кортни и Клои Кардашијан и Кендал и Кајли Џенер отидоа во раскошниот имот со активности вклучително и забава на снег и сикрет санта (таен Дедо Мраз).

Прикажи повеќе...

Забава

Четворицата најдобри мажи според Зодијакот

Објавено пред

За да го пронајдете совршениот партнер можеби ќе треба да ги барате одговорите во ѕвездите. Астрологијата зборува многу за особините, а открива и кои знаци особено уживаат во улогата на сопруг.

Бик
Сигурен, искрен и романтичен, Бикот знае како да ја одржи својата сопруга среќна и сакана. Тие секогаш бараат стабилност во односите и тоа е она што најмногу го ценат. Со нив секогаш ќе се чувствувате сакани и чувани и тие ќе ве разгалат со својата љубов до крај. Тој секогаш ќе биде тука за вас и ќе се грижи за вас. Со нив никогаш нема да ви недостига внимание.

Лав
Лавот е верен до сржта и има многу, дури и премногу разбирање. Тие сакаат да ѝ се восхитуваат на партнерката и сакаат да ја опсипувааат со внимание и љубов. Лавовите ќе ја разгалат својата жена со тоа што ѝ купуваат многу подароци, ѝ подготвуваат раскошни изненадувања и планираат заеднички патувања. Жените го поддржуваат партнерот Лав во сè.

Рак
Тие се семејни луѓе и сакаат да поминуваат време со својата поубава половина покажувајќи ѝ огромна љубов. Емотивни се, и кога се во брак, сакаат бесконечно. Тие најмногу сакаат да покажуваат љубов и да поминуваат време со својата партнерка правејќи ја среќна и сакана. Имаа љубезно срце и би сториле сè за нивната животна сопатничка да биде среќна.

Риба
Овој хороскопски знак сака да ги задоволува и радува другите. Тие најмногу внимание посветуваат на своите жени и таа е приоритет за нив. Тој ќе стори сé за да ја направи својата партнерка среќна и сакана и да види сила и поддршка во нив. На своите сакани тие сакаат да им бидат утеха и рамо за плачење, пренесува  порталот PinkVilla.

Прикажи повеќе...

Забава

Тројан Белисарио се породила во автомобил

Објавено пред

Актерката од Pretty Little Liars („Убави мали лажговци“) и нејзиниот сопруг Патрик Адамас овој месец го дочекаа нивното второ дете, девојче, Елиот Роен Адамс, а парот дури сега го откри драматичното доаѓање на свет на нивната ќеркичка.

„Почнав да го туркам појасот далеку од мене. Имав голема болка и повеќе не можев да останам во седечка позиција,“ рече актерката.

А Патрик се присети: „Кога пристигнвме во Медицинскиот центар Седарс-Синај, Патрик, само што го притиснав копчето на влезната капија и го зграпчив билетот, таа вресна, и додека ја свртив главата, Тројан веќе беше на раце и колена.

„Истрчав до портирот и му велам: Се случува, во автомобилот. Треба да симнете инвалидската количка, ни требаат луѓе, сите луѓе! Сите професионалци!“

По многуте врискања, Патрик решил да ги спушти пантолоните на својата сопруга, а малата глава на бебето била токму таму пред него. На мајката ѝ олеснило кога го слушнала бебето како плаче додека Патрик го држел наопаку.

Тие навестија искуство на диво раѓање кога го објавија доаѓањето на нивното малечко.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 минути

Хрватска ги промовира ковид – автобусите

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, и директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, промовираа вакцинација со...

Македонија10 минути

Бројот на ковид-пациенти во македонските болници падна под 100

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Македонија2 часа

Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда,...

Свет2 часа

Кавалери од ЕМА реагира дека погрешно е цитиран: „Вакцината на ‘Астра зенека’ е добра за сите возрасти“

Марко Кавалери, шеф на работната група за коронавирус во Европската агенција за лекови, рече дека вакцината на „Астра зенека“ има...

Македонија3 часа

Македонија првпат на самит на НАТО како полноправна членка

Во Брисел денеска се одржува самит на НАТО на кој Македонија ќе го има своето прво учество како полноправна членка...

Спорт15 часа

Ангеловски: Нема разочарување, имаме уште два натпревари!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по натпреварот со Австрија изјави дека репрезентацијата не успеала да се соземе...

Спорт15 часа

Пандев: За нас ова е големо искуство, жал ми е за навивачите

Фудбалската репрезентација на Македонија безмалку 80 минути имаше нерешен резултат во дуелот со Австрија, но во последните минути Австријците со...

Спорт15 часа

Македонија со пораз од Австрија на стартот на ЕП

Замените на австрискиот селектор Фода – Грегорич и Арнаутовиќ беа кобни за македонскиот национален тим во првиот меч на едно...

Македонија22 часа

За првпат по 9 месеци, во Македонија нема починат од коронавирус

За прв пат по 2 септември 2020, во Македонија не е забележан ниту еден смртен случај од Ковид-19, во изминатото...

Европа22 часа

ЕМА: „Астразенека“ да не се дава на постари од 60 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека треба да се избегнува вакцината „Астразенека“  за лица над 60 години, поради стравувања...

Топ23 часа

Полицаецот по кој се трагаше е пронајден починат во водите на Брегалница

Во возило во водите на Брегалница е пронајдено е телото на 51 годишниот полицаец Т.С. од Делчево, кој беше пријавен за...

Македонија23 часа

Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје за да се обратам пред Комисијата

Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во...

Спорт23 часа

Селекторот Ангеловски емотивен: Вие сте моите херои!

Пред денешното деби на Македонија на Европското првенство, на натпреварот во Букурешт против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на Инстаграм сподели...

Македонија1 ден

Општина Центар за протестот: Ќе се засадат нови дрвја на Орце Николов, отстранетите беа стари, болни и оштетени

По повод денешниот протест против сечата на дрвјата на улицата Орце Николов, општина Центар тврди дека останува посветена на остварување...

Македонија2 дена

Мицкоски: Ги почитуваме стратешките интереси на партнерите, но ги почитуваме и македонските национални интереси

ВМРО-ДПМНЕ ги почитува стратешките интереси на стратешките партнери, но тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се...

Македонија2 дена

Заев: Извозот на канабис за медицински цели oд Северна Македонија во ЕУ станува реалност

Извозот на сув цвет од канабис за медицински цели од Северна Македонија за пазарите во Европската Унија станува реалност, пишува...

Спорт2 дена

Ериксен во стабилна состојба префрлен во болница

Данскиот репрезентативец, Кристијан Ериксен, во стабилна состојба е префрлен во болницата во Копенхаген. Натпреварот, помеѓу Данска и Финска е прекинат...

Македонија2 дена

Османи: Зголемена е активноста на ЕУ за почеток на преговорите, но исходот е непредвидлив

Се забележува една невообичаена зголемена активност од сите земји членки за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, истакна министерот...

Македонија2 дена

Регистрирани 21 нов случај на коронавирус, почина едно лице

Денеска се регистрирани 21 нов случај на Ковид-19, оздравени се 7 пациенти, а пријавенo е едно починатo лицe. Во последните...

Македонија2 дена

Заев отвори канцеларија за директни средби со граѓаните во Струмица

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска во Струмица ја отвори Канцеларијата за непосреден контакт со граѓаните. Од Владата велат дека...

Досие