Контакт

Забава

Почина Стивен Сондхајм, легендата на Бродвеј

Објавено пред

Мајсторот на американскиот мјузикл, Стивен Сонхајм, почина на 91-годишна возраст, а неговата смрт викендов одекна низ забавната индустрија и пошироко.

Бродвејскиот композитор и текстописец за мјузикли, кој му помогна на американскиот музикл да еволуира од семејна забава до нови уметнички височини со дела како West Side Story, Into the Woods и Sweeney Todd, почина во својот дом во Роксбери, Конектикатпетокот, изјави портпаролката Кетрин Закерман за „Ројтерс“ преку е-пошта. Веста претходно ја објави „Њујорк тајмс“.

Сондхајм е добитник на „Оскар“, осум „Тони“ награди за текстови и музика, меѓу кои и специјалната награда за животно дело, осум „Греми“, „Пулицер“ и наградата „Лоренс Оливие“.

Музичкиот великан стана познат на 27-годишна возраст со стиховите за мјузиклот „Приказна од Западот“, на кој работеше заедно со сценаристот Артур Лоренц и композиторот Леонард Бернштајн.

Во текот на славната кариера, која траеше повеќе од 60 години, Сондхајм, покрај „Приказната од Западот“, создаде театарски класици на Бродвеј како Gypsy, Follies, Company, Into the Woods, Sweeney Todd и многу други, а во 1991 година доби „Оскар„ за најдобра оригинална песна во филмот „Дик Трејси“.

Ендрју Лојд Вебер го нарече „џин на музичкиот театар на нашето време, инспирација не само за две, туку и за три генерации“. Неговиот придонес за театарот никогаш нема да биде заборавен, додаде тој.

„Театарот изгуби еден од своите најголеми генијалци, а светот загуби еден од своите најголеми и најоригинални писатели. За жал, сега има џин на небото. Но, сјајот на Стивен Сондхајм сè уште ќе биде тука додека неговите легендарни песни и дела ќе се изведуваат засекогаш“, изјави продуцентот Камерон Мекинтош.

Забава

Дали е на повидок нова романса: Бред Пит и Лики Ли

Објавено пред

Светските шоу-биз медиуми објавија дека Бред Пит, наводно, е во врска со шведската пејачка и текстописец Лики Ли.

Шпекулации за новата холивудска романса почнаа да се шират во средата, кога таблоидите цитираа анонимен извор дека Бред (58) и Лики (35) тајно се гледаат, иако парот не е фотографиран заедно.

Весникот „Сан“, кој прв ја објави веста, пишува дека Лики живее на три минути возење од Бред, што помага наводната романса полесно да се чува во тајност.

„Бред и Лики може лесно да поминат под радарот затоа што се соседи,“ тврди инсајдер за весникот.

„Совршено му оди во прилог на Бред да има некој што му се допаѓа да живее толку блиску, за да може да остане незабележан од радарот“, весникот го цитира изворот.

Бред почнал да поминува повеќе време со шведската пејачка уште од средината на 2021 година.

Љубовниот живот на хоивудскиот миленик предизвика бура од гласини, кои во минатото го поврзуваа со имиња како израелската професорка Нери Оксман и германската манекенка Никол Потуралски.

Во моментов тој се уште е заплеткан во битка за старателство со неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли, која поднесе барање за развод во 2016 година.

Прикажи повеќе...

Забава

Шон Пен загрижен за иднината на киното

Објавено пред

Шон Пен е загрижен за иднината на киното поради зголемената доминација на услугите за стриминг.

Холивудскиот актер (61) се вљубил во киното на рана возраст, но со порастот на стриминг-платформите и влијанието на пандемијата, тој се прашува што носи иднината.

„Работата што ја знаев не е работа на денешницата. Особено со долготрајните ефекти на пандемијата, знаете, на секое ниво на овој бизнис или креативно снимање филмови, човек се прашува каква ќе биде иднината“, вели тој во интервју за „Скај њус“.

„Со инјектирање на стримингот, можноста за гледање филмови во домашни кина и така натаму…ништо не е како порано. Сè уште сум тип кој се заљубил во девојката чие име е кино, киносала во темница и со непознати околу мене.“

Шон го спореди стримингот со огромна книжарница во која луѓето никогаш не се вкрстуваат.

Прикажи повеќе...

Забава

„Спотифај“ ја отстранува музиката на Нил Јанг на негово барање

Објавено пред

Платформата за стримување музика „Спотифај“ е во процес на отстранување на музиката на Нил Јанг бидејќи компанијата нема намера да го повлече поткастот на Џо Роган по приговорите на музичарот дека шири дезинформации за вакцината против Ковид-19.

Канадскиот пејач текстописец го осуди ширењето на лажни тврдења за коронавирусот на главниот подкаст на платформата, и беше дециден: „Може да го имаат или Роган или Јанг. Не двајцата“.

Инаку, „Њујорк тајмс“ претходно го опиша Роган како „еден од најконзумирните медиумски производи на планетата. Неговиот поткаст, Joe Rogan Experience , е најпопуларен на „Спотифај“.

Во 2020 година, Роган потпиша договор од 100 милиони долари што му даде на стриминг-гигантот ексклузивни права за неговата емисија.

Но, оваа недела, Јанг објави отворено писмо до својот менаџер и издавачката куќа, кое подоцна беше избришано, а во кое тој наведе: „Со 11 милиони слушатели по епизода, The Joe Rogan Experience, кој се хостира исклучиво на Спотифај, е најголемиот поткаст во светот и има огромно влијание. Спотифај има одговорност да го ублажи ширењето на дезинформации на својата платформа, иако компанијата во моментов нема политика за дезинформации.“

Музичарот додаде: „Веднаш да го известите ‘Спотифај’ дека сакам целата моја музика да ја повлечат од нивната платформа… Тие можат да го имаат Роган или Јанг. Не и двајцата.”

Портпаролот на „Спотифај“потврди за „Холивуд репортер“ во средата дека платформата ја повлекува, односно отстранува музиката на Јанг.

„Сакаме сите светски музички и аудиосодржини да бидат достапни за корисниците на Spotify. Со тоа доаѓа голема одговорност во балансирањето и на безбедноста на слушателите и на слободата на креаторите. Имаме детални правила за содржина и досега, од почетокот на пандемијата, отстранивме преку 20,000 епизоди на поткасти поврзани со Ковид. Жалиме за одлуката на Нил да ја повлече својата музика од Spotify, но се надеваме дека наскоро повторно ќе му посакаме добредојде“, изјави портпаролот.

Странските медиуми потсетуваат дека од почетокот на пандемијата, Роган, кој има легии посветени следачи, постојано шири дезинформации и лажни тврдења.

Пред неколку недели, 270 лекари, научници, здравствени работници и професори напишаа отворено писмо до „Спотифај“, изразувајќи загриженост за медицинските дезинформации на подкастот на Роган.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

Писмо со закани по живот од терористичка организација добил јавниот обвинител Јовески

Државниот јавен обвинител извести дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година...

Европа1 час

Данска ги укинува сите ограничувања, короната е исклучена од категоријата на критични болести

Данските власти донесоа одлука за исклучување на Ковид-19 од категоријата на критични болести, а од 1 февруари ќе бидат укинати...

Европа2 часа

Војник застрелал петмина стражари во фабрика за оружје во Украина

Војник на украинската национална гарда од засега непознати причини пукал во припадници на обезбедувањето во воена фабрика во Днепар, при...

Македонија15 часа

Наставата продолжува со физичко присуство на 1 февруари

Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование на учениците да продолжи со физичко присуство на 1 февруари. Оваа...

Македонија15 часа

Се намалува периодот на карантин на седум дена

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство...

Македонија18 часа

Нови 2.019 случаи на коронавирус, починаа 19 лица

Во последните 24 часа направени се 6.119 теста, а регистрирани се 2.019 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 968, Битола...

Македонија18 часа

ЦУК апелира до граѓаните да не се движат под опасната карпа на Матка, се преземаат активности за превенција

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да не се движат на местото под опасната карпа на Матка, поточно...

Топ19 часа

(Видео) Разбиена криминална група, запленетa марихуана вредна 50.000 евра

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал денеска донело наредба за истрага против три лица за кои постои сомнение дека...

Македонија20 часа

Преку снимки од надзорните камери околу мостот Гоце Делчев ќе се расветлуваат причините за несреќата

Обвинител од скопското основно јавно обвинителство извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа...

Топ22 часа

Пешак прегазен пред мостот Гоце Делчев

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска, нешто по 11 часот, во центарот на Скопје. Пешак бил прегазен во близина на...

Македонија22 часа

Мицевски: Бараме укинување на Пржинската влада

Дополнување на дневниот ред, со точка за предлог-закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка,...

Топ22 часа

Фатална сообраќајка во Лисиче – загина возач, а тешко повредена е неговата 15-годишна ќерка

Дежурен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство извршил увид на местото на тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу...

Македонија23 часа

Лекарската комора бара промени на казнената регулатива на Фондот

Лекарската комора остро реагира на наплатата на изречените казни за матичните лекари од страна на Фондот за здравствено осигурување. Оттаму...

Свет1 ден

Италијанските болници одбиваат да лекуваат невакцинирани пациенти, новинари снимиле со скриена камера

Италијанските болници одбиваат да ги лекуваат и оперираат невакцинираните и оние кои не биле заразени. Откако минатата недела во емисијата...

Македонија1 ден

Загадениот воздух предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи во Западен Балкан

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување...

Свет1 ден

Русија почна големи поморски вежби во Арктикот

Руски воени бродови денеска влегоа во Баренцовото Море за да вежбаат заштита на главната рута на бродскиот сообраќај на Арктикот,...

Свет1 ден

Холандија ги олабавува мерките и покрај силниот бран на инфекции – кафулињата и рестораните ќе работат до 22 часот

Холандија од денеска отвора ресторани, театри, музеи и кина и покрај силниот бран на инфекции со варијантата омикрон на коронавирусот,...

Свет1 ден

СЗО: Бројот на заразени со Ковид-19 во светот надмина 350 милиони

Вкупниот број на потврдени случаи со Ковид-19 ширум светот надмина 350 милиони, додека бројот на починати надмина 5,6 милиони, соопшти...

Регион2 дена

Возачот е виновен за автобуската несреќа на „Струма“, заклучи бугарското Обвинителство

Бугарското Обвинителство ја заврши истрагата за автобуската несреќа на автопатот „Струма“, во која загинаа 45 македонски државјани. Заменик-главниот обвинител Борислав...

Регион2 дена

Милановиќ: Хрватски војници нема да одат во Украина

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, денеска изјави дека ако дојде до ескалација, Хрватска ќе ги повлече сите свои војници од...

Досие