Забава
По разводот, Бред се храни поздраво и не пие алкохол

Американскиот филмски актер Бред Пит (55) бил целосно скршен по разводот од актерката Анџелина Џоли (44) и новонастанатата животна ситуација ја идентификувал со смртта. Со текот на времето сфатил дека оддалечувањето од саканото лице не е крај на светот, а улогата во филмот „Беше еднаш во Холивуд“ на сценаристот Квентин Тарантино (56) му помогнала многу.
По разводот од холивудската ѕвезда, тој ослабел, почнал да се храни поздраво и веќе не пие алкохол. Одреден период, тој, наводно, немал ниту сексуални односи со жени со цел да ги избистри своите мисли.
„Откога го најави својот развод од Анџелина Џоли во 2016 година, тој напорно работеше да биде што е можно подобра и здрава личност и да биде најдобриот можен татко“, изјави негов близок пријател за порталот „Пипл“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Тејлор Свифт плени во морнарско син комбинезон на настан во Лос Анџелес

Таа без сомнение е жена на деценијата по многубројните распродадени турнеи (вклучувајќи ги и стадионите), и албуми на врвот на светските топ листи.
Тејлот Свифт, која што утре полни 30 години, ги плени присутните додека позираше на црвениот тепих на настанот Billboard Women in Music каде беше почестена со изборот за Жена на деценијата.
Таа беше добитник на Греми на свои 16 години кога за прв пат стана славна со својот деби албум. А досега таа има добиено многу награди и признанија, како што се 23 Билборд музички награди, 12 награди од страна на асоцијацијата за кантри музика и 10 Гремија.
На манифестацијата што се одржа во Лос Анџелес во четвртокот, пејачката на хитот Lover изгледаше како да излегла од љубовна приказна – во морнарско син комбинезон и златни ланци на рамењата.
„Што значи да се биде жена на оваа деценија? Па, тоа значи дека сум видела многу. Кога започна деценијава имав 20 години. На 16 години веќе имав деби-албум, а албумот што стана моја пресвртница беше наречен „Бестрашен“. И тогаш видов дека постои свет на музика…“, рече Тејлор Свифт во своето обраќање пред публиката.
Забава
УНЕСКО ја додаде тајландската масажа на листата на културно наследство

Традиционалната тајландска масажа со која се истегнуваат и крцкаат коските на грбот, сега е дел од листата на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото, кое опфаќа традиции и практики што се пренесуваат низ генерациите.
УНЕСКО е агенција на Обединетите нации за образование, култура и наука.
Нематеријалното културно наследство е одвоено од списокот на светско наследство, кое опфаќа објекти и места од значење за човештвото.
На списокот за културно наследство има 550 точки – поделени во три категории – од 127 земји, пренесува Би-би-си.
Традиции и активности се додаваат секоја година, а годинашниот состанок на Комитетот се одржа во Богота, Колумбија.
Други практики додадени на годинешниот список се:
– Алпинизмот
– Ирското харфање
– Селестинското простување во Италија
– Традиционалниот португалски карневал
– Малезиската вештина за самоодбрана – Силат
Забава
Суеверие и работи што треба да ги избегнувате во престапна година

Следната година е престапна, а тоа значи дека февруари во 2020 ќе има 29 дена. Годината почнува во среда, 1 јануари, а завршува во четврток, 31 декември.
Да се има еден дополнителен ден во годината звучи возбудливо. Сепак, тоа исто така значи дека многу луѓе ќе работат еден ден бесплатно и вашите сметки во февруари може да бидат малку повисоки отколку што очекувате. Покрај тоа, во многу култури луѓето веруваат дека престапната година не е успешна, па дури и може да предизвика болест во семејството.
Како и да е, ако сакате да уживате на 29 февруари и сакате да избегнете проблеми до 31 декември, обидете се да не ги правите следниве работи, освен ако не ви е навистина важно:
Венчавка на петок 13-ти и престапни години не се најдобри времиња за врзување на јазолот. Се верува дека луѓето што се венчаат во мај во престапни години ќе ги бие малер. Во повеќето земји од Европа паровите избегнуваат да стапат во брак во престапна година бидејќи веруваат дека бракот нема да биде успешен. Според голем број студии и статистика, браковите во престапна година се многу полоши од обичните бракови.
Купување куќа или кола – ако треба да купите нова куќа, подобро е тоа да го направите следната година. Ако итно ви треба куќа, треба внимателно да изберете. Истото важи и за автомобилите. Можеби тоа е суеверие, но престапната година е всушност лошо време за големи чекори.
Предлагање брак – престапна година, поточно престапен ден (29 февруари) се верува дека е единствениот момент кога жената може да предложи брак. Доколку не сте подготвени за ова, не правете го тоа на 29 февруари. Поминаа деновите кога на жените не им беше дозволено да предложат. Денес, жената има право да предложи брак во кое било време од годината. Збогум, стереотипи!
Предвремено славење роденден – ако сте родени на 29 февруари, вашиот роденден го славите или на 28 февруари или на 1 март. Или воопшто не го славите. Оваа година роденденот треба да го прославите на 29 февруари. Инаку, може да ве бие малер цела година. Повторно, ова е уште едно суеверие. Замислете колку сте среќни што имате роденден на престапен ден. Шансата да се родите на 29 февруари е една од 1.461. Неверојатно. Вие сте еден од 5 милиони такви во целиот свет. Честитки!
Во престапна година треба да избегнувате менување работа и зачнување дете. Многу луѓе од разни земји во светот тврдат дека менувањето на работата во престапна година е лоша среќа. Но, и ова е суеверие.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми
- Македонија3 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене