Контакт

Забава

По цели три века, во Рим за Велигден откриени Светите скалила по кои чекорел Исус

Објавено пред

Туристите и верниците што ја посетуваат базиликата „Сан Џовани“ во Рим овој Велигден имаат единствена можност да ги видат, но и да се искачат по Светите скалила, кои се откриени првпат во последните 300 години, а по кои, според верувањето, пред распнувањето Исус чекорел до Понтиј Пилат, човекот што му пресудил.

Скалилата познати со латинскиот назив Scala Sancta се прекриени со штици од оревово дрво, а за јавноста ќе бидат достапни во текот на следните два месеца, по детаљниот потфат за реставрација.

Во оригинал, скалите се мермерни и на нив на три места се наоѓаат три капки од крвта на Исус за кои се тврди дека паднале во текот на неговото искачување.

Со тие капки се означени средновековни крстови, кои туристите и верниците ги бакнуваат и допираат додека на колена се искачуваат кон врвот на скалите, пренесува Си-ен-ен.

Од подножјето до врвот има 28 скалила, кои, како што укажува Евангелието според Јован, Исус ги минал неколкупати.

Иако не постојат пишани податоци, отец Франческо Гуера, ректор на Светите скалила, вели дека според предението, мајката на царот Константин, Елена, инаку страстен колекционер на реликвии од Исус во 4 век, побарала скалилата да ѝ се донесат од Ерусалим.

Скалилата набргу повторо ќе бидат прекриени со дрво за да се заштити оригиналниот мермер, но во наредните неколку недели посетителите на Рим може да чекорат по нешто за кое се смета како голема светост со стапките на Исус.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Виртуелната реалност им помага на постарите луѓе во Јапонија да патуваат низ светот

Објавено пред

Патувајќи од каналите на Венеција до мостот ,,Голден Гејт” во Сан Франциско, група постари луѓе во Јапонија го шетаат светот без да станат од нивните фотељи.

Сето тоа е можно благодарение на виртуелната реалност и на тимот од Универзитетот во Токио предводен од Кента Тошима.

Како терапевт, Тошима патувал низ целиот свет и снимал видеа од 360 степени за да им ги покаже на своите постари пациенти. Неговата цел е да им помогне да најдат радост и мотивација во животот, користејќи технологија на виртуела реалност. Со помош на неа оние кои што не се во можност да патуваат, ќе можат да ја задоволат својата потреба за патување и откривање на нови дестинации.

Прикажи повеќе...

Забава

Делумно затемнување на Месечината

Објавено пред

Делумно затемнување на Месечината ќе може да се набљудува ноќеска во поголемиот дел од Европа, Азија, Африка и Јужна Америка.

Доколку дозволат временските услови на љубителите на овој природен феномен им се препорачува да погледнат кон небото и да уживаат во несекојдневната глетка.

Затемнувањето настанува кога природниот сателит влегува во сенката на Земјата и кога Земјата се наоѓа токму помеѓу Месечината и Сонцето.

Месечевите затемнувања се поретки од сончевите, но поради големината на сенката на Земјата, тие секогаш може да се видат на речиси целата полутопка каде што е ноќ.

Затемнувањето на Месечината е безопасно и може да се гледа со голо око, двоглед или помал телескоп.За време на затемнувањето, околу 65 проценти од дискот на Месечината ќе биде затемнет.

Прикажи повеќе...

Екологија

Гигантска медуза забележана на брегот на Англија

Објавено пред

Гигантска медуза била забележана на југозападниот брег на Англија. Станува збор за медуза голема 1,5 метар која нуркачи ја забележале на брегот на Корнвол.

„Никогаш не сум видела толку големa медуза.Видовме неколку помали медузи на прекрасен гребен во близина, а потоа се појави оваа огромна, убава медуза”, вели Лизи Дели, биолог која ја видела медузата во близина на Фалмут.

Според неа, пливањето со медузата било незаборавно искуство. Илјадници од овие суштества, меѓу кои и најголемата медуза, доаѓаат преку Атлантскиот Океан до топлата крајбрежна вода во западниот дел на Велика Британија секоја година и често се појавуваат на плажите во текот на мај и јуни.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет50 минути

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде му се заканува смртна казна

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран на земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија2 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа2 часа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија10 часа

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија10 часа

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија12 часа

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија12 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион15 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија17 часа

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија17 часа

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија19 часа

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија20 часа

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија20 часа

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија21 час

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија21 час

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија22 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер...

Македонија24 часа

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Забава1 ден

На Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера, досега се знаеше само за четири

Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под...

Свет1 ден

Трамп ги навреди обоените жени демократи во Конгресот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, критикува група обоени демократски претставнички во Конгресот нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство...

Свет1 ден

Нетанјаху им се закани на Либан и Хезболах: Ќе ве уништиме

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се закани дека ќе ги уништи Либан и Хезболах ако ова либанско движење ги реализира сите...

Досие