Контакт

Hitech

Првата држава што ќе воведе данок за користење социјални мрежи

Објавено пред

Уганда има намера да воведе данок за користење социјалните мрежи, а овој специјален трошок ќе го плаќаат сите корисници на мобилни телефони кои имаат инсталирано некоја од апликациите „Ватсап“, „Твитер“ или „Фејсбук“.

Владата на Уганда таквиот потег го оправдува со грижата за националната безбедност на земјата и потребата за проширување на електричната мрежа.

Како што наведува порталот „Африкен“, владата на оваа земја честопати има невообичаени идеи. Таа претходно најави лансирање државна социјална мрежа, но исто така и набавка на детектори за порнографија.

„Потребни ни се пари за да ја одржиме безбедноста на земјата и да ја прошириме енергетската мрежа со цел сите граѓани да можат почесто да уживаат во социјалните мрежи“, рече министерката за финансии на Уганда, Матија Касаиј.

Сепак, за многу критичари на власта, оваа одлука не е изненадување бидејќи, како што велат, владата одамна се обидува да ја ограничи употребата на социјални мрежи.

Така на пример, тие биле забранети за време на изборите во Уганда. Претседателот Јовери Јагута Мусевени, исто така, неодамна ја најави можноста за воведување данок за нивната употреба со цел истата да се намали, но и, како што рече, да се спречи ширењето шпекулации.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

Хуавеј со загуба од 30 милијади долари

Објавено пред

Основачот и директор на Хуавеј, Рен Женгфеи потврди дека приходите на овој телекомуникациски гигант ќе бидат за 30 милијарди долари помали отколку што е планирано за наредните две години, споредувајќи ја компанијата со тешко оштетен авион, како последица на активностите на американската администрација.

,,Никогаш не мислевме дека САД ќе бидат толку одлучни и цврсти за да го нападнат Хуавеј”, рече тој.

Зборувајќи на дискусија во седиштето на компанијата во Шенжен, Рен потврди дека продажбата на мобилните телефони во странство паднала за 40 проценти. Иако не даде дополнителни детали, портпарол на Хуавеј подоцна објасни дека се работи за пад во продажбата од 40 отсто во периодот мај-јуни по заканите со санкции од САД. Но, според Рен, продажбата во Кина расте.Хуавеј стана втор најголем продавач на смартфони минатата година, пред Епл а веднаш зад Самсунг, како и најголем светски дистрибутер на опрема за телекомуникациски мрежи.
Во 2018, Хуавеј продал вкупно 206 милиони смартфони, половината во странство, а останатото во Кина.

Кинескиот телекомуникациски гигант се соочува со длабока криза по заканите од САД дека ќе го стават на црна листа.

Прикажи повеќе...

Hitech

„Елден ринг“ – нов проект од творецот на „Игра на тронови“

Објавено пред

Писателoт на книгите „Песни за мразот и огнот“, по кои настана и популарната серија „Игра на тронови“, Џорџ РР Мартин работи на нов проект, овојпат видеоигра со назив „Елден ринг“.

Судејќи според оваа информација, писателот или ја завршил последната книга која ќе даде епилог за случувањата во Вестерос и седумте кралства, или тоа нема да го дочекаме ниту следната година, како што неодамна навести и самиот тој.

Во однос на играта, првичните податоци се дека истата е креација на „FromSoftware“, познат по Dark Souls, а се очекува официјални информаци за неа да бидат објавени на гејмерската конференција Е3.

Според најавите, таа ќе биде достапна за PlayStation 4, PC и Xbox One. Сепак, точниот датум на издавање останува непознат, иако на „Твитер“ се појави слика од наводното лого на видеоиграта.

Мартин, по завршувањето на серијата „Игра на тронови“ кон крајот на мај, на неговиот блог спомена дека е ангажиран околу приказната на оваа игра.

Прикажи повеќе...

Hitech

Фејсбук воведува своја криптовалута

Објавено пред

Компанијата Фејсбук ги привршува плановите за лансирање сопствена криптовалута и систем за дигитална наплата во десетина земји во првиот квартал на 2020 година. Гигантот на социјалните мрежи до крајот на годинава планира интерно да го тестира овој систем наречен Global Coin.

Основачот на Фејсбук , Марк Закерберг минаиот месец разговарал со директорот на британската Централна банка,Марк Карни за ризиците и можностите што ги носи криптовалутата. Компанијата преговара со други компании за трансфер на пари како што е Western Union,за да договорат што поефтини и побрзи трансфери на пари за граѓаните без банкарски сметки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Министерски совет на ЕУ за Северна Македонија и Албанија

Министрите за надворешни и европски работи на земјите членки на ЕУ денеска во Луксембург ќе разговараат за напредокот на земјите...

Hitech2 часа

Хуавеј со загуба од 30 милијади долари

Основачот и директор на Хуавеј, Рен Женгфеи потврди дека приходите на овој телекомуникациски гигант ќе бидат за 30 милијарди долари...

Крвав четврток14 часа

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се...

Македонија14 часа

Поплавени подруми, непроодни улици и затнати шахти од невремето во Куманово

Oпштинa Куманово денес од 14,45 до 15,40 часот ја зафати пороен дожд кој направи проблем за собирање на водата во...

Македонија18 часа

Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголем...

Македонија20 часа

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Македонија20 часа

Хан: Северна Македонија направи храбри компромиси, ЕУ губи ако не ја награди земјата

Политичкиот компромис на земјите од Западен Балкан треба да биде награден, изјави комесарот за проширување, Јоханес Хан, во пресрет на...

Економија21 час

Објавен јавниот повик за бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 22.000 денари е...

Бегството на Груевски22 часа

(Видео) Државата ќе бара екстрадиција на Груевски како организатор на 27 април

Државата ќе бара екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, за настаните од 27 април 2017 година...

Регион23 часа

Јадранот се задушува во пластика и е меѓу најзагадените мориња во Европа

Концентрацијата на пластичен отпад на дното на Јадранското Море е меѓу најголемите во Европа по североисточниот дел на Медитеранот и...

Вести2 дена

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на...

Македонија2 дена

(Видео) СДСМ избра нов Извршен одбор

Централниот одбор на СДСМ избра нови членови на Извршниот одбор, нов организационен секретар и секретар за меѓународна соработка. Лидерот на...

Спорт2 дена

Победа и одмазда над Грција за сигурно прво место! (галерија)

Македонија ги надмина проблемите од стартот на мечот, и во Струмица ја победи Грција со 27:23 (13:11) во последното коло...

Вести2 дена

Сопругата на премиерот на Израел со државни пари јадела во луксузни ресторани

Сопругата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, Сара Нетанјаху, е казнета со 15.000 долари за злоупотреба на државни фондови. Судот...

Спорт2 дена

Рекорд – дрес на Бејб Рут продаден за 5.64 милиони долари!

Дрес на американската безбол легенда Бејб Рут го сруши рекордот за најскапо продадена спортска „меморабилија“, откако на аукцијата во Њујорк...

Свет2 дена

Електричен дефект ги остави Аргентина и Уругвај без струја

Голем дефект во електричната мрежа ги остави Аргентина и Уругвај без струја, соопшти главната електродистрибутивната мрежа на Аргентина. Според информациите,...

Топ2 дена

Мотоциклист удри во 83-годишна жена на „Партизанска“ и побегна

Непознато лице со мотоцикл синоќа на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје удри во 83-годишна жена пешак и побегна од местото. Жената...

Свет2 дена

Трамп повторно го нападна градоначалникот на Лондон поради насилствата

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го критикуваше градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нарекувајќи го „катастрофа“, кој го уништува главниот...

Свет2 дена

Се судрија два мали авиони во Нов Зеланд, загинаа двајцата пилоти

Два лесни авиони се судрија при слетување на аеродромот „Худ“ на Нов Зеланд, двајцата пилоти загинаа, соопшти полицијата. Според информациите,...

Свет2 дена

Силно невреме во Швајцарија и Франција, има и загинати

Една жена загинала кога на неа паднало дрво, а друга жена загинала во несреќа на езеро во источна Франција, кое...

Досие