Забава
Кус осврт на претстојниот „Лига на правдата“ на Зак Снајдер

Луѓето може да кажат што сакаат за Зак Снајдер, но тој го разбира нагонот на своите ликови и му треба време да ги изгради, пишуваат медиумите пред премиерата на новиот филм на култниот режисер.
Од „300“ до „Сакер Панч“ и „Чувари“ до „Човек од челик“, Снајдер поминува неизмерно многу време градејќи ги своите ликови, давајќи им цел, насока и основа за да го објасни нивното дејствување.
Тоа е она што ѝ помага на публиката да разбере што го поведе Леонидас во „300“, но на некој начин тоа може и да засмета бидејќи неговата карактеризација не е секогаш на место, особено кога на никој не му треба еден час плус за да се поврзе со Супермен во „Човекот од челик“.
Но, никој не може да негира дека неговото градење на светот недостигаше во „Лига на правдата“ од 2017 година кога Снајдер, оригиналниот режисер на филмот, го напушти проектот по снимањето на поголемиот дел од филмот, првиот од трилогијата, откако ќерка му си го одзеде животот.
Џош Ведон, свежо критикуван за неговата работа на Марвеловиот Avangers: Age of Ultron, беше назначен да ja преземе режисерската палка. Филмот доби поделени критики и не помина многу време за фановите подоцна да го повикаат Зак Снајдер да објави своја верзија на филмот на „Твитер“ преку хаштагот „Објавете го Снајдер кат“ (ReleaseTheSnyderCut).
Она што се сметаше за изгубена верзија на оригиналниот замислен филм, завиткан во сопствената митологија, конечно ќе ја има својата премиера на „Ејч-би-о макс“ во САД и „Ејч-би-о гоу“ во Југоисточна Азија, а светот, кој е моментно опседнат со суперхерои лансирани лево, десно и во центарот секоја втора недела, конечно ќе може да го види новиот четиричасовен филм „Лигата на правдата на Зак Снајдер“ или таканаречената Снајдер-кат верзија на „Лига на правдата“.
Она што ќе добиете е повеќе нијансиран пристап кон раскажувањето што се граничи со самозадоволство бидејќи Снајдер го ослободува секој аспект од она што го сакаше пред четири години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ким Кардашијан и Канjе Вест се согласија на заедничко старателство по разводот

Канjе Вест се согласи на заедничко старателство со Ким Кардашијан над нивните четири деца.
Неговиот одговор следи по барањето за развод кое Ким го поднесе на 19 февруари, со што започна процесот на ставање крај на нивниот речиси седумгодишен брак.
Во поднесените документи, американскиот рапер и ријалити-ѕвездата постигнаа согласност дека нивниот брак треба да заврши поради непомирливите разлики.
Тие исто така се договорија дека не им е потребна брачна поддршка.
Канје и Ким имаат две ќерки на возраст од седум и три години и два сина – едниот има пет а вториот ќе полни две години следниот месец.
Според поднесокот на Ким, тие го чувале својот имот одвоено во текот на целиот брак, согласно условите на предбрачниот договор.
Забава
„Барби“, „Прасето Пепа“, „Мојот мал пони“ опасни за деца, тврди кинсеко надзорно тело

Популарните цртани серии како Barbie, Peppa Pig и My Little Pony се на удар на критики во Кина, откако родителите се пожалија до надзорното тело за заштита на правата на потрошувачите дека содржат неприкладно однесување.
Советот на потрошувачи во Џиангсу во источна Кина објави список со 20 серии цртани филмови за кои тврди дека содржат однесување и јазик несоодветни за деца. Членовите на Советот ги гледале овие серии и разговарале со родители.
Осум од сериите се од странство, вклучувајќи ja британскaта Peppa Pig и две американски Barbie Dreamhouse Adntures и My Little Pony, со уште пет други од Јапонија, меѓу нив е Detective Conan, според Советот, кој всушност е организација поддржана од кинеска влада и формирана со цел да ги заштити правата на потрошувачите.
Во еден пример на сцена опишана како опасна во Peppa Pig, ликот „Деди пиг“ ја отвора вратата од авион и паѓа од него.
Во сцена од цртаниот филм „Моето мало пони“, лик се потопува во лава.
Во „Авантурите на Барби дримхаус“ има сцени на ликови кои висат од хеликоптер или кошаркарски обрач, газат врз некого или паѓаат од таванот, според извештајот на надзорното тело.
Забава
На повидок нова комедија со Џорџ Клуни и Џулија Робертс

Новиот филм со Џорџ Клуни и Џулија Робертс, „Билет за рајот“, треба да излезе следната година.
Двете ѕвезди на „Money Monster“ и „Ocean’s Eleven“ повторно ќе се здружат за претстојната романтична комедија во режија на Ол Паркер, каде ќе глумат разведен пар кој патува на Бали за да ја спречи својата ќерка да стапи во брак.
Били Лурд ја глуми ќерката, која престојува на Бали и ја пронаоѓа својата романса со локален лекар.
„Варајети“ објави дека филмот ќе се појави во киносалите во САД на 30 септември 2022 година.
Снимањето треба да започне во Австралија подоцна оваа година.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш