Забава
Претпразнична еуфорија со инстант-лозот ЕКОСКУТЕР

Многу причини да купите за себе, или за подарок, пакет инстант-лозови ЕКОСКУТЕР:
· ЗАРАДИ ЗАБАВА И ХУМАНОСТ
· ОД ЖЕЛБА ДА СЕ ОСВОИ ЕКОСКУТЕР
· ОД ЖЕЛБА ДА СЕ ОСВОИ БОНУС ДО 150.000 денари
· ЗАРАДИ СОН ДА СЕ ВОЗИ BMW X1
Инстант-лозот ЕКОСКУТЕР е најзабавен, најхуман и најеко, а тоа е играта што носи и најмногу изненадувања.
Со инстант-лозот ЕКОСКУТЕР забавата најдолго трае, затоа што секој недобитен лоз, доколку го регистрирате преку веб-странicата www.loto.mk, може да е ваша влезница во БОНУС ИГРА и ве донесе до лото студиото во Канал 5 Телевизија, каде што може да завртите тркало на среќата и да добиете паричен бонус до 150.000 денари. Сите други регистрирани лозови, а неизвлечени за учество во студио, остануваат во игра за извлекување на два неверојатни BMW X1.
Важно е и да потсетиме дека за време на празниците, најзабавниот подарок што може да го дадете некому е токму – пакет инстант лозови ЕКОСКУТЕР. Овој инстант лоз чини 60 денари (доколку го купувате поединечно), но пакет од 6 инстант лоза ќе ве чини 300 денари (5+1), при што добивате и повеќе шанси да освоите, или подарите, една од 365-те премии – електричен тротинет.
Не треба да се заборави дека инстант лозот ЕКОСКУТЕР е и најхуман, бидејќи од неговата продажба, покрај редовните 6 % коишто се изделуваат во републичкиот буџет за општестеноодговорни цели, дополнителни 10 % Државна лотарија, во соработка со Црвен крст, посветува на поддршка на најнемоќните лица за борба со Ковид-19.
БОНУС ИГРАТА – ЗАВРТИ ЕКОСУТЕР ТРКАЛО започна на 6 ноември и веќе имаме нови среќни лица со коишто се дружевме во студиото и коишто со едно вртење тркало на среќата добија до 150.000 денари. Дозволете да ве запознаеме со првите пет среќни бонус играчи коишто своите недобитни инстант лозови ЕКОСКУТЕР ги регистрираа преку нашата веб-страница www.loto.mk и влегоа во БОНУС ИГРА.
Анета Спасојева од Радовиш ‒ првата учесничка во бонус играта „Заврти екоскутер тркало“ која ги „одмери силите“ со тркалото на среќата и си замина со освоен бонус од 150.000 денари. Со Анета се дружевме во ТВ-студиото на Лото 7 каде што, пред камерите, ни раскажа дека редовно се забавува со игрите на среќа на Државна лотарија, а особено се израдувала на новата Бонус игра „Заврти екоскутер тркало“ затоа што со недобитните инстант-лозови, играчите добиваат втора шанса за добивка.
Ценко Ивановски од Битола е вториот извлечен гостин од оваа бонус игра и освои 150.000 денари. Ценко регистрирал повеќе недобитни инстант-лозови на www.loto.mk, од коишто со еден беше извлечен, по електронски пат, да биде специјален гостин во емисијата Лото 7. Остатокот од другите негови регистрирани недобитни инстант лозови влегуваат во игра за првиот автомобил BMW X1.
Трајче Мушев од Кавадарци ‒ третиот извлечен учесник во бонус играта ЗАВРТИ ЕКОСУТЕР ТРКАЛО, освои 100.000 денари. Трајче исто така регистрирал повеќе недобитни ЕКОСКУТЕР лозови, на веб-страницата www.loto.mk, но не очекувал дека токму тој ќе биде специјален гостин во 93. коло на Лото 7 и ќе добие можност за бонус добивка. Со нас сподели дека лесно и брзо ги регистрирал недобитните инстант-лозови со внесување на само два баркода во полињата, а воедно и испрати порака до гледачите на Лото 7 да си ја пробаат среќата.
Александар Гроздановски од скопската населба Кисела Вода, си замина дома со освоен бонус од 100.000 денари. Задоволен од остварениот бонус, ни раскажа дека често се забавува со инстант-лотаријата на Државна лотарија и ја поздравува оваа бонус играта затоа што играчите добиваат втора шанса за добивка, а добивката во овој случај може да биде и прекрасен BMW X1.
Тина Белобрадиќ од Скопје учествуваше во тв емисијата на 97. коло Лото 7 и со вртење тркало на среќата освои бонус вреден 50.000 денари. Во краток разговор со нас сподели дека омилени инстант лозови и се ЕКОСКУТЕР и Макси златна рипка. Тина, само што слушнала за новата бонус игра регистрирала вкупно 18 недобитни инстант-лозови ЕКОСКУТЕР. Еден од 18-те регистрирани недобитни лозови ја доведе Тина во ТВ-студиото на Лото 7, останатите нејзини 17 лозови учествуваат во првото извлекување за BMW X1, закажано за 8 јануари 2022 година.
Среќните приказни во Државна лотарија се секојдневие. Со нив се потврдува дека игрите на среќа на Државна лотарија може да го променат или барем да го разубават животот, да внесат радост, забава, среќа и финансиска благосостојба. Затоа сме постојано инспирирани за нови предизвици и изненадувања.
Посебно сме среќни што нашата веб-страница ‒ www.loto.mk е сè почеста адреса за забава, уплата на лото и џокер броеви, а од месец октомври е и адреса на две бонус игри. Влезницата за учество во едната игра е токму недобитен инстант лоз ЕКОСКУТЕР ‒ најзабавниот, најхуманиот инстант лоз којшто носи и најмногу изненадувања.
Можноста за учество во бонус играта ЗАВРТИ ЕКОСУТЕР ТРКАЛО трае заклучно со 23.3.2022 година. Во тек на овој период, по еднаш седмично, секоја сабота, во лото емисијата, се извлекува (по електронски пат) по еден од учесниците којшто ќе биде поканет во живо, да го заврти тркало на среќата со можност да освои паричен бонус (50.000, 100.000 или 150.000 ден.). Сите недобитни регистрирани инстант лозови ЕКОСКУТЕР влегуваат во игра за две возила BMW Х1, и тоа со две извлекувања, по електронски пат ‒ на 8 јануари и на 19 март 2022 година.
Потсетуваме дека со купување на пакет 5 + 1 „Екоскутер“, давате Ваш придонес во општественоодговорни цели и заедничката акција на Црвен крст и Државна лотарија под име „Круг на среќа и солидарност“ наменета за поддршка на најнемоќната категорија граѓани во борба против Ковид-19.
Повеќе податоци на www.loto.mk
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ким Катрал ќе се појави во финалето на серијата „И, едноставно, така“

Ким Катрал, која беше забележително отсутна од првата сезона на новото поглавје на „Сексот и градот“, со наслов And Just Like That… („И, едноставно, така..“), се согласи да се појави во втората сезона.
Според „Вараети“, таа ќе ја репризира улогата на Саманта Џонс во само една сцена од завршната епизода.
Истиот извор открива дека Ким го снимила својот дијалог без другите ѕвезди од серијата, вклучувајќи ја и Сара Џесика Паркер.
Кери Бредшо на некој начин ја одбележа приказната, Саманта Џонс беше омилениот лик на многумина, веројатно затоа што рушеше табуа. Гледано и во модна смисла, Саманта и Кери беа доминантни.
Ликот на Катрал беше објаснет како отсутен во приказната во која таа е преселена во Лондон.
Оригиналната „Сексот и градот“ се прикажуваше во шест сезони од 1998 до 2004 година и генерира два спиноф-филма.
Хит-серијата создаваше приказни за работата и љубовните врски на четири жени од Њујорк во 90-тите и раните 2000-ти.
Забава
Дени Мастерсон прогласен за виновен за силување

Актерот Дени Мастерсон на повторното судење во Лос Анџелес беше прогласен за виновен за силување и се соочува со затворска казна до 30 години.
Актерот, кој го глумеше Стивен Хајд во хит-серијата „Луди седумдесетти“, беше прогласен за виновен по две точки од обвинението.
Поротата составена од седум жени и пет мажи ја донесе пресудата по седумдневно заседавање. Нему му се заканува затворска казна до 30 години, пишува „Гардијан“.
47-годишниот актер наводно им ставал дрога во пијалаците на жените за да може да ги силува. Обвинителите изјавија дека тој силувал три жени, вклучително и својата девојка, во својот дом во Холивуд Хилс помеѓу 2001 и 2003 година.
Поротата не можеше да донесе пресуда за силувањето на неговата девојка, со која бил подолго време, но го прогласи за виновен за силување на преостанатите две жени.
Обвинителите тврдеа дека Дени го користел своето влијание во Сциентолошката црква, каде што сите три жени биле членови во тоа време, за да избегне последици со децении.
Актерот не сведочеше, ниту неговите адвокати повикаа сведоци. Одбраната тврдеше дека делата биле консензуални и се обиде да ги дискредитира тврдењата на жените посочувајќи промени во исказите и недоследности.
Портпаролот на Мастерсон одби да даде коментар, но неговите адвокати речиси сигурно ќе поднесат жалба.
Забава
Повеќе докази дека ќерката на Моника Белучи, Дева, е следното големо нешто во манекенството

Како ќерка на италијанската дива Моника Белучи и францускиот актер Винсент Касел, не е чудно што 18-годишната Дева Касел сега е на својот пат кон славата.
Дева се впушти во манекенските води, каде што станува сè поуспешна.
Како модел таа дебитира на 14 години во кампања за парфеми на „Долче и Габана“, а четири години подоцна, нејзината кариера на модните писти зеде сè поголем замав.
Дева беше фотографирана додека снима реклама за долна облека од тантела на брендот „Долче и Габана“ кај барокната Фонтана ди Треви во Рим претходно неделава.
Сличноста со мајка ѝ, една од најубавите жени на светот, е очигледна благодарение на темните кадрици и шминка, кои го отсликуваат препознатливиот изглед и безвременска убавина на Моника од 90-тите.
Нејзиниот шарм е совршен спој на убавината на Моника Белучи и магнетизмот на Винсент Касел.
И Моника ја почна својата кариера како модел и муза на модното дуо Долче и Габана, па затоа често Дева ја споредуваат со мајка ѝ.
„Во моментот сум посветена на манекенството, како и на драмската работилница, на која присуствувам. Не би ми пречело да се обидам да глумам. Мислам дека навистина би уживала во тоа, но знам дека тоа е тешка професија, чие усовршување бара многу време и многу лични вложувања“, изјави таа неодамна во интервју за магазинот Glass.
„Навистина го ценам фактот што моите родители никогаш не ме принудија да глумам. Секогаш ми велеа дека можам да бидам што сакам кога ќе пораснам поради што бев многу отворена во разни домени“.
Дева ќе глуми во претстојната италијанска серија „Леопард“, која ќе се емитува на „Нетфликс“. Станува збор за серија инспирирана од филмскиот класик во режија на Лучино Висконти, кој освои „Златен лав“ во 1963 година. Во тој филм глумеа Клаудија Кардинале, Ален Делон и Берт Ланкастер.
Во серијата од шест епизоди, сместена во заднината на социјалната револуција во Сицилија во 1860, Дева ќе ја портретира Анџелика Седара (која ја глумеше Клаудија Кардинале во оригиналниот филм), млада жена од средната класа, која станува катализатор на општествените превирања.