Контакт

Забава

Принцот Мајкл од Кент под истрага, го користел кралскиот статус за да продава пристап до Путин

Објавено пред

Принцот Мајкл од Кент, 78-годишниот прв братучед на кралицата Елизабета Втора, е нов предмет на истрага на „Сандеј тајмс“ и „Ченал 4“. Тој е под сомневање дека својот кралски статус го користел за лична корист за да обезбеди пристап до тимот на рускиот претседател Владимир Путин.

Истражувачки репортери на весникот се претставиле како јужнокорејски инвеститори во злато и менаџмент-консултанти од фиктивна компанија House of Haedong, која бара контакти во Кремљ за да го прошири бизнисот во Русија.

Во текот на тајно снимена средба преку „Зум“ братучедот на кралицата им рекол на прикриените новинари, односно потенцијални инвеститори, дека може да ја искористи својата улога како неофицијален амбасадор на нејзиното височество во Русија за да добие пристап до носителите на одлуки во Кремљ. Тој навел сума од 10.000 фунти на ден како хонорар за неговиот ангажман на доверливи презентации во Кремљ.

Во снимениот разговор тој им побарал и 200.000 долари доколку сакаат фиктивната компанија да добие негово кралско одобрување. На крајот на разговорот тој изјавил дека е среќен што го користи својот дом во палатата Кенсингтон како заднина.

Забава

Внатре во замокот каде Кардашијанови ја снимаа последна епизода на реалното шоу 

Објавено пред

Хациендата во Саут Лејк Тахо, каде што во четвртокот се снимаше финалето на „Дружење со семејството Кардашијан“ – мегазамок распространет на имот од 15 акри, со 17 спални соби – 18 бањи – може да се изнајми по цена од 6,300 американски долари за една ноќ.

Имотот е наречен Gunbarrel Lodge, според Tahoe South Vacation Rentals, и располага со девет кинг-сајз спални соби со кралски кревети, четири спални соби со по два брачни кревети и четири спални соби со еден брачен кревет.

 

Повеќе шоубиз медиуми ја покажаа импресивната вила за финалето на долгогодишната ентертејнмент-серија што ги вивна Кардашијанови до меѓународна слава, а сега кланот тука го поминува зимскиот одмор.

Во емисијата во четвртокот, Крис Џенер и нејзините ќерки Ким, Кортни и Клои Кардашијан и Кендал и Кајли Џенер отидоа во раскошниот имот со активности вклучително и забава на снег и сикрет санта (таен Дедо Мраз).

Прикажи повеќе...

Забава

Четворицата најдобри мажи според Зодијакот

Објавено пред

За да го пронајдете совршениот партнер можеби ќе треба да ги барате одговорите во ѕвездите. Астрологијата зборува многу за особините, а открива и кои знаци особено уживаат во улогата на сопруг.

Бик
Сигурен, искрен и романтичен, Бикот знае како да ја одржи својата сопруга среќна и сакана. Тие секогаш бараат стабилност во односите и тоа е она што најмногу го ценат. Со нив секогаш ќе се чувствувате сакани и чувани и тие ќе ве разгалат со својата љубов до крај. Тој секогаш ќе биде тука за вас и ќе се грижи за вас. Со нив никогаш нема да ви недостига внимание.

Лав
Лавот е верен до сржта и има многу, дури и премногу разбирање. Тие сакаат да ѝ се восхитуваат на партнерката и сакаат да ја опсипувааат со внимание и љубов. Лавовите ќе ја разгалат својата жена со тоа што ѝ купуваат многу подароци, ѝ подготвуваат раскошни изненадувања и планираат заеднички патувања. Жените го поддржуваат партнерот Лав во сè.

Рак
Тие се семејни луѓе и сакаат да поминуваат време со својата поубава половина покажувајќи ѝ огромна љубов. Емотивни се, и кога се во брак, сакаат бесконечно. Тие најмногу сакаат да покажуваат љубов и да поминуваат време со својата партнерка правејќи ја среќна и сакана. Имаа љубезно срце и би сториле сè за нивната животна сопатничка да биде среќна.

Риба
Овој хороскопски знак сака да ги задоволува и радува другите. Тие најмногу внимание посветуваат на своите жени и таа е приоритет за нив. Тој ќе стори сé за да ја направи својата партнерка среќна и сакана и да види сила и поддршка во нив. На своите сакани тие сакаат да им бидат утеха и рамо за плачење, пренесува  порталот PinkVilla.

Прикажи повеќе...

Забава

Тројан Белисарио се породила во автомобил

Објавено пред

Актерката од Pretty Little Liars („Убави мали лажговци“) и нејзиниот сопруг Патрик Адамас овој месец го дочекаа нивното второ дете, девојче, Елиот Роен Адамс, а парот дури сега го откри драматичното доаѓање на свет на нивната ќеркичка.

„Почнав да го туркам појасот далеку од мене. Имав голема болка и повеќе не можев да останам во седечка позиција,“ рече актерката.

А Патрик се присети: „Кога пристигнвме во Медицинскиот центар Седарс-Синај, Патрик, само што го притиснав копчето на влезната капија и го зграпчив билетот, таа вресна, и додека ја свртив главата, Тројан веќе беше на раце и колена.

„Истрчав до портирот и му велам: Се случува, во автомобилот. Треба да симнете инвалидската количка, ни требаат луѓе, сите луѓе! Сите професионалци!“

По многуте врискања, Патрик решил да ги спушти пантолоните на својата сопруга, а малата глава на бебето била токму таму пред него. На мајката ѝ олеснило кога го слушнала бебето како плаче додека Патрик го држел наопаку.

Тие навестија искуство на диво раѓање кога го објавија доаѓањето на нивното малечко.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт3 часа

Пандев со обраќање до нацијата: Генерацијата која ја обедини цела Македонија

Капитенот Горан Пандев преку Инстаграм прати порака до нацијата пред историскиот настап на Европското првенство во фудбал, во кое зборува...

Регион6 часа

Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца од 12 до 15 години

Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ за деца на возраст од...

Македонија7 часа

Заев – Брнз: Извршната наредба на Бајден ги штитат САД, Северна Македонија и сојузниците

Премиерот, Зоран Заев, денеска имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз, при што во фокусот на разговорите...

Македонија8 часа

Андоновска: Системот за вакцинирање со сериозен недостаток, ако се пријавите повеќе пати, се регистрира последното пријавување

Ако веќе еднаш сте пријавени на vakcinacija.mk не се пријавувајте повторно, затоа што се евидентира само датата на вашата последна...

Македонија9 часа

Регистрирани 20 нови случаи на Ковид-19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 2.885 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на КОВИД-19 од: Куманово – 5,...

Македонија9 часа

Еко-активистите бараат увид во извештајот за состојбата на исечените дрвја, Богдановиќ тврди дека биле стари и суви

Еко-активистите изразија револтираност од, како што велат, масакрот на дрвјава на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало, направен вчера. Од...

Македонија9 часа

Македонски полицајци ќе се грижат за безбедноста на Европското фудбалско првенство

По повод Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020, на кое првпат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација, Министерството за внатрешни...

Македонија10 часа

Продолжен притворот на Орце Камчев

Бизнисменот Орце Камчев останува во затворот во „Шутка“. Кривичниот совет му ја продолжи мерката за нови 30 дена. Судиите сметаат...

Македонија11 час

САД со поддршка за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, без одложување

САД изразија поддршка за итен почеток на преговорите за Македонија и Албанија во ЕУ, објави портпаролот на американскиот Стејт департмент,...

Македонија12 часа

Во тек се двете трансплантации на бубрег од починатата донорка

Во моментов на Клиниката за урологија во тек се двете трансплантации на бубрег од 44-годишната пациентка која вчера беше дијагностицирана со...

Топ13 часа

Албански државјанин им дал мито на полицајците, кои во неговиот камион пронајдоа дрога вредна 200.000 евра

Албанскиот државјанин кој вчера беше фатен со голема количина дрога во камион со приколка на патот Прилеп-Градско, претходно им понудил...

Свет13 часа

Кина ја одобри вакцината на „Синофарм“ за деца постари од три години

Вакцината против Ковид-19 на кинеската компанија „Синофарм“, што ја направи Институтот за биолошки производи во Пекинг, доби одобрение за употреба...

Свет14 часа

(Видео) Бајден: Ќе донираме половина милијарда вакцини за сиромашните земји и нема да бараме против-услуга

Американскиот претседател Џо Бајден, кој најави дека САД ќе донираат половина милијарда вакцини против Ковид-19 во 92 земји кои се...

Македонија14 часа

Матурантите го полагаат вториот екстерен испит

Матурантите денеска од 10 часот ќе го полагаат вториот екстерен испит. Гимназијалците и оние од стручното образование, избираа помеѓу предметите...

Македонија15 часа

Успешно извршена четвртата трансплантација на срце

Рано утрово, срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука. Министерот за здравство,...

Македонија15 часа

Макрон: Лично сум вклучен да се најде решение со Бугарија

Франција го поддржува процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, време е да се конкретизира без да се губи...

Спорт1 ден

Пандев: Знаеме дека сите навивачи живеат со нас!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев во интервју за МТВ пред стартот на Европското првенство, вели дека сите во...

Свет1 ден

Затворска казна за Французинот што му удри шлаканица на Макрон

Судот во Франција денеска го осуди 28-годишниот Дамиен Тарел, кој во вторникот му удри шлаканица на претседателот Емануел Макрон на...

Македонија1 ден

Нови 18 заболени и еден починат од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 2.411 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 8,...

Регион1 ден

Европската комисија: Западен Балкан да се стрпи за слободно патување во ЕУ

Европската комисија го поздравува напредокот на земјите од Западен Балкан во однос на епидемиолошката состојба и вакцинацијата, но вели дека...

Досие