Забава
Принцот Хари имал необични идеи за поткасти на „Спотифај“
Колапсот на договорот за поткасти на војводата и војвотката од Сасекс со „Спотифај“ сè уште е актуелна тема во медиумите, кои потсетуваат дека најголемиот дел од фокусот досега беше ставен на „Арчитајпс под“ на Меган Маркл, кој имаше само 12 епизоди во текот на 31 месец.
Имајќи предвид дека Хари и Меган се интересна тема за светските медиуми, некои од нив се осврнаа на идејата на принцот Хари во своите поткасти да ги покани Владимир Путин и Доналд Трамп нарекувајќи ја таквата идеја апсурдна.
Некои таблоиди дури и креиараа лажни фотогафии за непостојната средба меѓу претседателот Путин и принцот Хари.
Како ќе изгледаше разговорот со Путин
„Блумберг“ неодамна објави дека Хари имал крајно необични планови за својата серија поткасти на „Спотифај“. На пример, тој сакал да ги интервјуира Путин, Трамп, и фејсбук-могулот Закерберг за нивното растење и трауми од детството, а исто така,сакал да разговара за религијата со папата Франциско.
„Спотифај“ одбил ваква контроверзна серија на поткасти.
Репортерката за поткасти и музика, Ешли Карман, разговараше со своите контакти во забавната индустрија за да дознае повеќе за идеите на принцот и зошто ниту една од нив никогаш не се оствари.
Таа напиша: „Замислениот концептот бил Хари да разговара со низа контроверзни гости, како што се Владимир Путин, Марк Закерберг и Доналд Трамп, за нивните рани години на формирање и како тие искуства резултирале во возрасни личности какви што се денес.
„Хари исто така имал идеја за емисија фокусирана на татковството. Друг серијал би се занимавал со големи општествени разговори епизода по епизода, почнувајќи од климатските промени до религијата. За второто, Хари се надеваше дека ќе го има папата Франциско како гостин“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кралот Чарлс за прв пат во животот седна на ручек, создадена историска фотографија
Кралот Чарлс воведе нова рутина во своето секојдневие, како што открива „Дејли мејл“, британскиот монарх првпат во животот почнал да одвојува време за ручек, откако цел живот го прескокнувал средниот оброк, наводно сметајќи го за луксуз. На интернет се шират фотографии од неговиот наводно прв ручек, а Британците одат чекор понатаму тврдејќи дека тоа е „историски момент“.
Кралот Чарлс исто така тврдеше дека нема доволно време во неговиот напорен распоред за да си дозволи време за ручек.
👑 The King has started to incorporate a light lunch into his daily schedule, according to reports
Read more here 👇https://t.co/hovtdXwzZh pic.twitter.com/IP5kavTYow
— Telegraph Royal Family (@TelegraphRoyals) October 6, 2024
По наредба на неговата сопруга, советник и лекар, тој неволно почнал да јаде среде бел ден за да има доволно енергија. Кралот Чарлс, кој се опоравува од рак, инсистира дека за ручек ја има најздравата, но и најмодерната ужина што постои.
„Тој ја прифати препораката да јаде нешто за време на ручекот – всушност закуска. Јаде половина авокадо за да му даде сила. Ова е многу важно, особено ако сте болни“, рекол изворот за Daily Mail.
Познато е дека кралот Чарлс се храни здраво, дека инсистира на органски произведена храна, а особено сака јајца. Тој пред три години за Би-Би-Си изјави дека два дена во неделата избегнува месо и риба, а во тие денови избегнува и млечни производи.
Том Паркер Боулс, критичар на храна, откри дека кралот има штедлив пристап кон подготовката на оброците.
„Сè се рециклира. Ако нешто остане, ќе се направи нешто друго или ќе се појави на менито следниот ден. Ништо не се фрла“, откри тој.
Во најновата книга за историјата на храната во кралското семејство, тој открива дека неговата мајка, кралицата Камила, јаде каша секој ден, а ручекот и се лесни – пилешка супа или чаден лосос – додека Чарлс за појадок јаде суво овошје и мед, а претпочита ручек попладне.
„Забавите со чај отсекогаш биле спектакл за нив. Сите се собираат, а на масата нема само колачи и слатки, туку и сендвичи. Можеби ќе добиете дури и поширани јајца“, откри Паркер Боулс.
Забава
Леонардо ди Каприо се одмара во Рим со својата 26-годишна девојка и неговата мајка, носел маска во градот
Леонардо ди Каприо е фотографиран со девојката Виторија Серети во Рим.
Двојката се упати кон Италија откако Виторија направи неколку ревии на модната недела во Париз. Фотографите ги фатија актерот и манекенката како се гушкаат по скалите, а потоа и на романтична вечера во еден од рестораните.
Леонардо и 26-годишната Виторија во Рим претходно ги виделе најголемите знаменитости. Актерот најчесто се шетал по улиците со маска за лице. Мајката на актерот Ирмелин Инденбиркен и очувот Дејвид Вард се одмараат со познатиот пар во Рим.
49-годишниот актер веќе некое време престојува во Италија. Многумина веруваат дека тој сака да избега од скандалот што ја тресе Америка.
Ди Каприо, всушност, се најде во фокусот на јавноста поради наводните снимки кои откриваат дека се дружел со Диди. Се дозна дека Ди Каприо бил омилен гостин на забавата на Диди. Во клип од 2018 година, кој неодамна беше повторно објавен, Вог го праша Диди кој е број еден на неговата листа на гости за неговите „бели забави“. Тој одговори: „Леонардо ди Каприо“.
Објавени се и фотографии од „белата забава“ во 1998 година, на кои актерот се смее и пуши. Сепак, извор близок до Ди Каприо вели дека актерот со години не бил во контакт со Диди, иако има докази дека двајцата заедно присуствувале на Демократската национална конвенција на 29 јули 2004 година и дека актерот бил на забавата на Диди за 50-от роденден.
Забава
Хороскопски знаци кои не дозволуваат другите да им го нарушат нивниот внатрешен мир
Сите ние се соочуваме со предизвици кои можат да го нарушат нашиот внатрешен мир – без разлика дали се тоа мали нешта или големи проблеми. Но, некои луѓе едноставно не дозволуваат надворешни фактори да ги уништат. Нивната смиреност и отпорност на иритација ги прави шампиони во зачувувањето на сопствената хармонија. Знаат да постават граници и да останат смирени, без разлика на околностите. Според астрологијата, таквите луѓе се родени во овие хороскопски знаци.
Јарец
Кога станува збор за Јарецот, првото нешто што ви паѓа на ум е силата, издржливоста и непробојниот оклоп. Овие мајстори на самодисциплина не дозволуваат никој да им ја наруши менталната рамнотежа. Замислете Јарец да стои на врвот на планина, стабилен и непоколеблив, целосно невознемирен од ветровите што дуваат околу него. Јарците сакаат да го планираат секој чекор и не поднесуваат хаос, без разлика дали доаѓа од неорганизирани луѓе или премногу импулсивни ситуации.
Нивниот внатрешен мир доаѓа од фокусот – кога имаат цел пред себе, ништо не може да им го одвлече вниманието. Затоа туѓата драма често изгледа како мало камче на нивниот пат – доволно мало за да се игнорира, доволно безначајно за да не го спречи нивното искачување.
Јарците се како снежни бури – тивки, ладни, но неверојатно моќни кога ќе одлучат да ја подигнат границата на своите емоции. Кога некој се обидува да влезе во нивниот свет без покана, Јарецот едноставно поставува ѕид. Тивко, но ефективно.
Водолија
Од друга страна, Водолијата е знак кој знае да игра на сосема друга карта. Тој е воздушен знак, слободен и неостварлив како ветрот. Водолиите се познати по својата ексцентричност, но зад оваа надворешна слобода се крие вистински уметник за зачувување на внатрешниот мир. Тајната на Водолиите лежи во нивната способност да ги оддалечат емоциите и да ги гледаат ситуациите од поширока перспектива. Додека другите реагираат на малите нешта, Водолијата гледа сè како дел од големата слика – туѓата драма едноставно не се вклопува во нивниот универзум.
Водолиите сакаат иновации и промени, но нивниот внатрешен свет е како нивната сопствена галаксија – посветена на истражување, учење и личен развој. Кога ќе почувствуваат дека некој може да го наруши тој мир, тие едноставно го притискаат копчето „mute“ и продолжуваат понатаму, игнорирајќи ја бучавата. Нивниот ум е секогаш чекор понапред, па ни највредните луѓе не можат да им ја расипат мирната атмосфера.