Контакт

Забава

Принцот Хари: Ја изгубив мајка ми, а сега Меган е жртва на истите сили

Објавено пред

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл (38), тужи еден британски весник за објавување некои нејзини приватни писма без дозвола, според списанието „Хелоу“. На официјалната веб-страница на кралската двојка принцот Хари (34) објави долга изјава, во која вели дека неговата сопруга станала една од жртвите на британските таблоиди и дека тоа било многу болно за нивното семејство.

„Како двојка, ние веруваме во слободата на медиумите, објективноста и вистинитоста во известувањето. Веруваме дека ова се заснова на демократија и во овој момент во светот, на сите нивоа, никогаш не ни требале поодговорни медиуми. За жал, мојата сопруга е една од последните жртви на британскиот печат што плаќа за кампањи против поединци, без да размислува за последиците. Немилосрдната кампања ескалира во текот на изминатата година за време и по нејзината бременост“, вели принцот Хари.

Двојката истакна дека досега не успеале да ги поправат грешките и заблудите што се појавуваат за нив.

„Затоа, се обидуваме тоа да го доисправиме по легален пат, а процесот трае со месеци“, вели Хари. Тој го нарече однесувањето на медиумите кон Меган малтретирање, што не е прифатливо на ниту едно ниво.

Исто така, тој стравува дека историјата се повторува бидејќи тоа ѝ се случувало и на мајка му, принцезата Дајана.

 

Забава

Рајан Рејнолдс го покажа своето новороденче и ги предупреди сите политичари

Објавено пред

Рајан Рејнолдс (42) и Блејк Лавли (32) ја објавија првата фотографија од своето новороденче на социјалните медиуми користејќи ја објавата за да зборуваат за климатските промени.

„Ја сакам Британска Колумбија. Посакувам моите ќерки да пораснат на истото игралиште во природа како и јас. Кандидатот што ќе го изберете сега, ќе ja води политиката за климатски промени во наредните четири години. Се гордеам на напредокот што го постигнавме во последните четири години“, напиша актерот притоа откривајќи дека Блејк родила ќерка пред два месеца.

Со тоа славната холивудска двојка го прекина медиумскиот молк, а на бебето на фотографијата му го прекриле лицето. Тие се фотографирани на местото каде што се запознале.

Двојката веќе има две ќерки, Џејмс (4) и Инес (2).

Прикажи повеќе...

Забава

Миранда Кер третпат стана мајка

Објавено пред

Познатиот модел и поранешен ангел на „Викторија сикрет“, Миранда Кер (36), и нејзиниот сопруг, милијардерот и коосновач на социјалната мрежа „Снепчет“, Еван Шпигел, повторно станаа родители. Тие го добија синот Мајлс.

Убавата Австралијка на својот инстаграм-профил ја соопштила веста за раѓањето на бебето.

„Не можеме да ја скриеме возбудата што станавме родители на момче. Ние сме многу среќни за Мајлс и ви благодариме на сите за поддршката и честитките“, напиша Миранда.

Мајлс е нивно второ дете. Претходно, таа роди син, Харт, кој има една година.

Кер беше три години во брак со британскиот актер Орландо Блум (42), со кој има син, Флин, кој наполни осум години.

Прикажи повеќе...

Забава

„Диор“ се извини по гафот со картата на Кина без Тајван

Објавено пред

Француската модна куќа „Диор“ се извини за прикажување карта на Кина на која недостигаше Тајван поради што луксузниот бренд се најде во скандал за кинескиот територијален интегритет, што им се случи и на „Коуч“, „Версаче“ и на „Живанши“, пренесува РТ.

„’Диор’ длабоко се извинува за погрешната изјава и погрешното претставување направено од член на персоналот на презентацијата“, соопшти брендот на социјалната мрежа „Веибо“ во четвртокот.

Во изјавата се додава дека „Диор“ ја почитува политиката на Кина и строго ги поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина и ветува дека ќе спречи вакви грешки да се случуваат во иднина.

Претходно, неделава, „Диор“ одржа презентација за време на која ги покажа своите продавници во Кина, но Тајван беше исклучен од картата. Пропустот веднаш го забележал некој од публиката, кој запрашал зошто недостига островот.

Вработениот објаснил дека сликата е во премал размер и Тајван е многу мал за да се покаже. Сепак, упорниот студент одговорил дека Тајван е поголем од островот Хаинан, најјужната точка на Кина, кој бил прикажан на картата. Вработениот тогаш рекол дека Тајван и Хонгконг биле вклучени само во презентациите што се однесуваат на пошироката област на Кина.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 минути

Воз удри во автомобил во Прилеп, повредени четири лица

Четири лица се повредени во железничка несреќа која се случила во близина на меѓуградската автобуска станица во Прилеп. Според информациите на...

Македонија30 минути

Без многу оптимизам се очекува конечната одлука за преговори со ЕУ

Денешните разговори на лидерите на ЕУ во Брисел се последна надеж дека земјава може да го добие очекуваниот датум за...

Свет1 час

Трамп во нова трговска офанзива, воведе царини на бројни европски производи

Дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа европски производи денеска воведоа САД, што претставува нова трговска...

Свет1 час

Eксплозии и пукање во Сирија, еден ден по договорот за прекин на огнот

Експлозии на гранати и пукање во областа на градот Рас ел Ајн во североисточна Сирија, на само еден ден по...

Европа2 часа

(Видео) Барселона во пламен, протестите излегоа од контрола

Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред. Како што пренесуваат локалните медиуми, на...

Свет14 часа

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Регион16 часа

Рама: Направивме сè што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија17 часа

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет17 часа

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Регион18 часа

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат...

Македонија19 часа

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени...

Македонија20 часа

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Македонија20 часа

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ22 часа

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија22 часа

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ22 часа

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија23 часа

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Европа23 часа

Постигнат договор за брегзитот

Договорот за брегзитот, конечно, е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија за новиот...

Македонија24 часа

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Европа1 ден

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси, ќе биде главен обвинител на Европската унија за...

Досие