Контакт

Забава

Принцот Чарлс ја покажа својата градска страна

Објавено пред

Принцот Чарлс, идниот британски крал, покажа нова страна на екстроверт во текот на посетата на Банката на Англија со сопругата Камила, војвотката од Корнвол, во средата, тврди експерт за говор на телото, цитиран од „Дејли експрес“.

Принцот Чарлс (73) тешко дека е познат по својот сарторијален вкус, но се чини дека идниот монарх покажа нова раскошна страна на својата личност, со прилично смела облека за да ја посети Банката на Англија. Експерт за говор на телото тврди дека пругастиот костум  и „ситибој вратоврската“ ја навестуваат неговата желба да се вклопи со банкарите што ги посети, пренесува весникот.

Чарлс извршува низа важни работи во име на кралицата и во средата ова вклучуваше посета на Банката на Англија.

Тој го посети националното тело за да добие увид во активностите и програмите на Банката за да помогне во поддршката на економијата на Велика Британија среде пандемијата на Ковид-19.

Забава

(Видео) Поставена новогодишната елка во „Галери Лафает“ во Париз

Објавено пред

Иако Франција е во делумен карантин, па сите не толку важни продавници се затворени – „Галери Лафает“ и оваа година ја претстави својата елка со придружните празнични украси, дури и пропишаните ограничувања ги инспирирале за украсувањето.

Божикната елка годинава е украсена со десетици  подароци донесени во Париз од девојчето Селест и со трепкачки лампиони што светат на секој половина час.

Бидејќи патувањето во моментот не е можно, ниту е препорачливо, белгискиот уметник Том Шамп ги однел сите заинтересирани на виртуелно патување со девојчето Селест. Тој украсил 11 излози на стоковни куќи со мотиви од нејзините авантури и прикажал сè – од северните села со поларни мечки преку пустините до дождовните шуми со загрозени снежни леопарди.

Сопствениците се надеваат дека стоковната куќа ќе се отвори набргу. Дотогаш празничните украси може да се уживаат преку социјалните мрежи или ѕиркајќи од улица во накитените излози.

Прикажи повеќе...

Забава

Дејвид Бекам заработува 70 милиони долари од видеоигра

Објавено пред

Дејвид Бекам наводно заработува повеќе од фудбалска видеоигра отколку што некогаш заработил во текот на својата кариера на професионален фудбалер.

Фудбалкската легенда (43), кој се повлече од спортот во 2013 година, потпиша тригодишен договор вреден 40 милиони фунти (70 милиони долари) за да се појави како играч икона во видеоиграта „ФИФА 21“.

Извор за весникот „Сандеј мирор“ изјави: Авторите на „ФИФА ЕА спортс“ му понудија 30 милиони фунти за три години, но тој успеа да постигне подобра спогодба.

„Тоа е голем додаток на брендот Бекам и најлесните пари што некогаш ги заработил“, рекол истиот извор.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Роби Вилијамс објави божикна песна со тема за Ковид-19

Објавено пред

Новата песна на 46-годишниот пејач и текстописец Роби Вилијамс, Can’t Stop Christmas („Не можам да го запрам Божик“), се однесува на пандемијата во 2020 година, но вели дека ништо нема да ги спречи празничните прослави оваа година.

Текстот на песната има стихови: …каква мизерна година… какво време да се биде жив. За жал, некои пријатели исчезнаа… никогаш порано не било вака… како да сме во војна.

„Ништо нема да го запре Божик, нема шанси“.

„Дедо Мраз е на санка, но сега тој е на два метра растијание. На луѓето ќе им треба нешто во што ќе веруваат по една ваква година“.

Синглот е преземен од новиот двоен албум на Роби, The Christmas Present („Божикен подарок)“, во кој се појавуваат и сер Род Стјуарт, Брајан Адамс, Џејми Калум и Тајсон Фјури.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Оксфордската вакцина ефикасна до 90 проценти, а ќе чини само 3 долари

Вакцината против коронавирус, што ја развива Универзитетот во Оксфорд во соработка со „АстраЗенека“, ќе чини меѓу три и четири долари,...

Свет8 часа

Бајден избра нов државен секретар

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден го избра Ентони Блинкен за државен секретар на САД, соопшти тимот на Бајден. Toj денеска...

Свет8 часа

СЗО: Итно се потребни уште 4,3 милијарди долари или сиромашните нема да добијат вакцини

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат вакцини против коронавирус, заради стампедото што ќе произлезе од овие лекови,...

Свет9 часа

Борис Џонсон го објави зимскиот план за ковид

Британскиот премиер, Борис Џонсон, на денешното јавно обраќање ги објасни деталите за излезот од „локдаун-от“, што започнува на 2 декември,...

Македонија10 часа

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на...

Македонија13 часа

Филипче: Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал да извршат вонреден инспекциски надзор за...

Регион14 часа

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Европа14 часа

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година...

Македонија15 часа

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Регион15 часа

Со коронавирус заразен епископот Давид, кој ја водеше литургијата на погребот на Иринеј

Српскиот епископ Давид е заразен о1д коронавирус и се наоѓа во Центарот за клинички болници (КБЦ) „Д-р Драгиша Мишовиќ“, објави...

Македонија16 часа

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа16 часа

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион17 часа

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа17 часа

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Македонија18 часа

Лекот „фавира“ пристигнува во македонските аптеки

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „фавипивир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки кога Агенцијата за лекови и...

Свет18 часа

Оксфордската вакцина против коронавирусот е 70 проценти ефикасна

Тестовите покажаа дека вакцината за коронавирус развиена од Универзитетот во Оксфорд е 70 проценти ефикасна во спречување на заразата, пренесува...

Свет19 часа

(Видео) Напад во црква во Калифорнија, најмалку двајца убиени

Две лица се убиени, а неколкумина тешко повредени во црква во калифорнискиот град Сан Хозе кога непознат маж ги нападна...

Свет19 часа

УНИЦЕФ на сиромашните земји ќе им испрати две милијарди дози вакцини

Земјите во развој ќе добијат речиси две милијарди дози вакцина против Ковид-19 в година, објави Агенцијата за деца на ООН....

Свет1 ден

Британија ќе ја прекине блокадата, намален бројот на нови инфекции

Британскиот премиер Борис Џонсон планира да ја прекине блокадата низ Англија, која е предвидено да трае до 2 декември и...

Македонија1 ден

Во Македонија се регистрирани нови 1.112 заболени и 24 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2553 тестирања, а регистрирани се 1112 нови случаи на...

Досие