Забава
Пријанка Чопра како тинејџерка ја исмејувале по операција на носот

Индиската актерка која своевремено ја освои ласкавата титула Мис на светот сега успешно гради кариера во Холивуд.
Пријанка Чопра во четвртокот сподели на социјалните мрежи фотографија на која воопшто не изгледа како денес.
Sвездата на „Квантико“ облечена во белои бикини и панталони се смешка за фотографирање со рацете на колковите. Во тоа време таа била во доцните тинејџерски години или во раните дваесетти.
На оваа флешбек фотографија актерката изгледа витко и многу самоуверено, и затоа таа напиша: „Срамежлива? Никогаш не сум чул за неа.“
Ова се случува откако 38-годишната сопруга на Ник Џонас во својата нова книга откри дека операцијата на нејзиниот нос поради полипектомија прилично ѝ го сменила изгледот и поради тоа ја исмејувале во нејзината родна Индија кога била тинејџерка.
Минатиот месец таа им откри на читателите на нејзините мемоари Unfinished („Недовршенo“) дека порано ја исмејувале поради изгледот по операцијата, додавајќи дека не обрнувале многу внимание на естетика во раните 2000-ти.
Некои хејтери ја нарекувале „Пластична Чопра“. Како и да е, неколку години подоцна, таа беше победничка на изборот за Мис на светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Сталоне нема да се појави како Роки Балбоа во новиот „Крид“

Само неколку дена откако Силвестер Сталоне потврди дека нема да се појави во претстојниот „Крид 3“, режисерот и главен лик во филмот Мајкл Б. Џордан откри зошто.
Минатиот месец беше потврдено дека 31-годишниот Џордан не само што ќе се врати како Адонис Крид, туку и ќе го направи своето режисерско деби со продолжението.
Сталоне (74) во коментар на Инстаграм минатата недела напиша дека филмот ќе се снима, но тој нема да глуми во него. Ваквиот коментар дојде по интервјуто на Џордан за IGN за неговиот нов филм за „Амазон“, Without Remorse.
„Ние сакаме да се фокусираме на Адонис и семејството што тој го создаде. Се надевам дека ќе ви се допадне новата сторија во продолжението кое го подготвуваме. Мислам дека ќе биде нешто посебно “, рече Џордан во врска со одлуката на Сталоне да не се појави во филмот.
Веста не е изненадување, бидејќи Сталоне кон крајот на ноември 2018 година, веднаш по премиерата на „Крид 2“ рече дека ќе го пензионира ликот Роки Балбоа, менторот на Адонис.
Забава
Медиуми потсетуваат на денот кога принцот Филип одеше зад ковчегот на Дијана заедно со внуците

По веста за смртта на принцот Филип, војводата од Единбург, светските медиуми објавија многу фотографии и стории низ годините.
Принцот Филип, сопруг на кралицата Елизабета, почина во замокот Виндзор во петокот на 99-годишна возраст.
Една фотографија, широко споделена изминатиов викенд, го покажува војводата од Единбург додека чекори со принцот Хари, принцот Вилијам, нивниот татко принцот Чарлс и нивниот вујко Ерл Спенсер на погребот на принцезата Дијана.
Принцезата Дијана загина во сообраќајна несреќа во Париз во август 1997 година. Во тоа време, принцот Вилијам имаше 15 години, а принцот Хари 12 години.
Некои медиуми објавија дека одлуката да им се дозволи на принцовите Вилијам и Хари да го придружуваат нејзиниот ковчег од палатата Кенсингтон до опатијата во Вестминстер во тоа време била контроверзна.
Принцот Вилијам во документарниот филм Diana: 7 Days That Shook the Windsors (2017) рече дека тоа било одлука на семејството.
„Тоа не беше лесна одлука и тоа беше еден вид колективна одлука на семејството да го сториме тоа … постои таа рамнотежа помеѓу должноста и семејството и тоа е она што моравме да го направиме“, рече тој, како што наведува „Би-би-си“.
„Ивнинг стандард“ објави дека принцот Филип бил загрижен за своите внуци и бил многу отворен во тоа време во врска со улогата во погребната поворка.
Поранешен шеф на владината канцеларија за односи со јавноста изјави за „Ивнинг стандард“дека вечерта пред погребот, принцот Филип им рекол на своите внуци: „Ќе чекорам со вас“.
Момчињата одеа зад ковчегот со нивниот татко, принцот Чарлс, и нивниот вујко Ерл Спенсер, а со нив беше и нивниот дедо принцот Филип.
Забава
Ѕвездите заблескаа на црвениот тепих во „Ројал Алберт Хол“

Фиби Диневор, Пријанка Чопра и Ник Џонас беа меѓу првите што пристигнаа на црвениот тепих на најголемата вечер во британскиот филмски календар, наградите БАФТА.
Поради Ковид-19, победниците и номинираните не присуствуваа лично во „Ројал Алберт Хол“, тие се појавија виртуелно. Но, голем број sвезди дојдоа во лондонската концертна сала, местото каде што се објавуваа победниците.
Фиби Диневор, sвездата на најгледаната серија на „Нетфликс“, „Бриџертон“, донесе гламур на црвениот тепих во елегантен црн фустан на едно рамо.
Пријанка Чопра Џонас и нејзиниот сопруг Ник Џонас застанаа да се бакнат на црвениот тепих.
Рене Зелвегер се појави на екранот додека позира на виртуелен црвен тепих од Лос Анџелес.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш