Забава
Пријанка Чопра објави фотографија од детството, ја нападнаа дека е трансродова

Пријанка Чопра, индиска актерка, пејачка, поранешна мис на светот и сопруга на пејачот Ник Џонас, на социјалните мрежи објави фотографија од младоста поради која стана цел на негативни коментари.
View this post on Instagram
„Предупредување: Немојте да се потсмевате со мојата деветгодишна верзија. Неверојатно е да се мисли што може да ѝ направат пубертетот и дотерувањето на една девојка. Лево е мојата фотографија кога бев помлада со момчешка фризура што требаше да биде практично за училиште (благодарам, мамо). Претходно имав фризура во облик на чинија, па ова беше подобрување“, напиша Пријанка покрај фотографиите.
„На десната страна сум јас на 17 години по освојувањето на титулата мис Индија во 2000 година и уживав во шармот на косата, шминката и гардеробата. Фотографиите се направени со разлика од помалку од десет години. Како што прекрасно кажа Бритни Спирс: Јас не сум девојка, но сè уште не сум ни жена. Токму така се чувствував тогаш влегувајќи во големиот свет на забавната индустрија“, додаде таа.
View this post on Instagram
На „Инстаграм“ ја следат повеќе од 92 милиона луѓе, а некои ѝ напишале грди коментари поради фотографија од нејзиното детство.
„Убаво го напишавте сето тоа, но заборавивте да ја спомнете пластичната хирургија“, „Ова е неверојатно“, „Секогаш ми изгледаше малку мажествено, мислев дека можеби е трансродова, ова е доказ“, „Заблагодари му се на твојот пластичен хирург“, „Зад овие фотографии се крие подлабока приказна“, „Се родила како машко“, беа коментарите на некои луѓе.
Секако, имаше и такви што застанаа во нејзина одбрана и ѝ пишуваа комплименти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Се нуди награда од 60.000 евра за изгубената овца Беенкси

Засолништето за животни во Западен Кејп, Јужна Африка, нуди вредна награда за информации поврзани со нивната овци, по име Беенкси, која последен пат била видена на 1. февруари.
Животното го добило името по познатиот британски уметник Бенкси, а е позната по нејзините слики кои носат значителен приход во засолништето.
Сликарскиот дел не е шега, а едно од делата на Беенкси е продадено за околу 1.800 евра.
„Тоа неделно утро нè посети семејство од Британија кое сакаше да инвестира во уметност. Меѓутоа, никаде не можевме да го најдеме Беенкси. Мислевме дека се крие, а малку подоцна ја алармиравме полицијата“, велат од прифатилиштето.
Тие велат дека очајно се обидуваат да дознаат каква било информација и нудат награда од 60.000 евра.
„Дали се работи за кражба или некоја злонамерна шега, не знаеме“, велат тие.
Franschhoek Police detectives are probing a case of stock theft after the world’s only painting sheep has gone missing. Farm Sanctuary SA, which is home to “Banksy” is offering a reward of R1.2 million. #smile904fmnews 📷📹: supplied pic.twitter.com/T68I15QACT
— Smile90.4 FM (@Smile904FM) February 13, 2025
Додаваат дека наградата е голема, бидејќи губењето на Беенкси е како губење на член на семејството..
Сопствениците на засолништето веруваат дека Беенкси научила да слика гледајќи го Пигкасо, свиња тешка 700 килограми од Јужна Африка, чии слики се продадени за милиони ширум светот.
„Беенкси е единствената овца во светот што може да слика“, велат тие.
Локалната полиција истражува и кражба на добиток, по исчезнувањето на талентирана овца, но засега нема новини.
Забава
Рене Зелвегер призна дека копала низ ѓубрето во тоалетот додека сите ја чекаа да си ја подигне статуетката „Златен глобус“

Рене Зелвегер вели дека со текот на годините присвоила некои од најпознатите особини на нејзината долгогодишна улога Бриџит Џонс.
Зелвегер потоа се потсети на несреќата во тоалетот на доделувањето на Златните глобуси.
Актерката објасни што всушност се случило кога Хју Грант ја прогласи за добитник на Златен глобус во 2001 година за нејзината улога во филмот „Болничарката Бети“, а таа бе беше присутна во салата.
„Го вадев карминот од корпата за отпадоци. Распоредот на масата погрешно го прикажуваше тајмингот на доделувањето на наградите во категориите, па тоа беше совршена можност за мене да одам во тоалет. Ги знаете тие мали чанти што ги носите кога излегувате? Навистина немате многу простор во нив, па мора да бидете многу одлучни за тоа што ставате внатре. Се обидов да ја затворам, но не можев. Тоа е како да играте тетрис, сè треба да си дојде на свое место. Морав да жртвувам нешто, па го извадив карминот и го фрлив во ѓубре. Потоа се сетив дека можеби ќе ми треба, па морав да копам за да го најдам. Потоа некој почна да ме вика на вратата, додека јас копав низ ѓубрето“, рече таа.
@cbs Ever watched the #GoldenGlobes and wondered when they have a chance to use the facilities? In Renée Zellweger’s case, it was when she won for Best Actress! 😅 #awardshows #redcarpet #tv #hollywood ♬ original sound – CBS
Забава
Европски градови со најскапа кирија, во еден цената достигнува над 3.000 евра

Трошоците за живот во Европа варираат од место до место – во некои градови можете да потрошите половина месечна плата на вечера, додека во други шише пиво ќе ве чини помалку од евро.
Сепак, киријата обично е прилично добар показател за тоа колку е скап еден град, а новото истражување открива кои дестинации во Европа имаат најголеми трошоци.
Врз основа на податоците од Euronews и Rightmove, просечната кирија во Лондон порасна на неверојатни 3.220 евра месечно – 2,5 отсто повеќе од минатата година, пишува TimeOut.
На второ место е Амстердам, каде, месечната кирија за еднособен наместен стан чини 2.275 евра. Холандските градови се истакнати на оваа листа, а меѓу првите 10 се Ротердам, Хаг и Утрехт.
Најскапите градови за кирија во Европа:
Лондон: 3.220 евра
Амстердам: 2.275 евра
Рим: 2.000 евра
Париз: 1.862 евра
Ротердам: 1.795 евра
Хаг: 1.790 евра
Минхен: 1.770 евра
Утрехт: 1.746 евра