Забава
Пријателите на принцот Хари не ја канат Меган на дружење

И покрај тоа што јавноста во Велика Британија ѝ е многу наклонета, Меган Маркл не е добро прифатена од пријателите на принцот Хари. Различниот начин на живеење и однесување влијаеше Меган да не се вклопи во високото општество на кое му припаѓа нејзиниот сопруг. Наводно, Меган веќе воопшто не ја канат на дружење бидејќи војвотката никако не може да се навикне на правилата на однесување на отмени вечери.
Меган, според британски „Мирор“, ги игнорира правилата на однесување што наложуваат маж и жена да не седат еден покрај друг на маса. Војвотката, наводно, секогаш седи до принцот, додека другите дами ги почитуваат правилата. Правило е да се избегне прекумерно изразување емоции и допирање меѓу сопружниците, што важи за многу непристојно во високото општество во Велика Британија. Бидејќи Меган не ги почитува правилата, многумина престанаа да ја канат на отмени вечери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Aлиша Кис се залага за ангажирање повеќе жени во индустријата за забава

Алиша Кис има сериозни мисли кога станува збор за еднаквоста.
38-годишната пејачка говореше за застапеноста на жените во индустријата за забава додека беше на настанот Billboard x Amex Impact Brunch во четвртокот.
Ако сакам да најдам жена дизајнер за светло, како можам да ја најдам таква личност? Ако сакам да најдам жена инженер за звук, како можам да најдам таква? Ако сакам да најдам жена менаџер за бизнис или жена адвокат,“ рече таа на сцената додека зборуваше со Гејл Мичел.
„Се случува луѓето да се навикнат да работат со оној со кого работеле порано, а потоа одите да побарате препорака, и тие се навикнати да работат со Џон веќе 100 години, па затоа и ви го препорачуваат Џон.
Таа продолжи да говори за статистиката на жените уметници и објасни дека само 17 проценти од уметниците во Топ 100 на Билборд оваа година се жени.
Пејачката ова го нарече „длабок и вознемиривачки јаз“ и додаде „ако работите се неизбалансирани ние мора да ги исправиме и корегираме“.
Алиша вели дека и самата прави промена со вработување на жена и на тој начин отвара можност жените да направат бранови во нивните кариери.
На настанот, таа на себе имаше едноставен стилски топ и панталони проткаени со златен конец, креација на Мајкл Корс.
Забава
Тејлор Свифт плени во морнарско син комбинезон на настан во Лос Анџелес

Таа без сомнение е жена на деценијата по многубројните распродадени турнеи (вклучувајќи ги и стадионите) и албуми на врвот на светските топ-листи.
Тејлот Свифт, која утре полни 30 години, ги плени присутните додека позира на црвениот тепих на настанот Billboard Women in Music, каде што беше почестена со изборот за жена на деценијата.
Таа беше добитник на „Греми“ на 16 години кога првпат стана славна со својот деби-албум. А досега таа има добиено многу награди и признанија, како што се 23 Билборд музички награди, 12 награди од страна на асоцијацијата за кантри-музика и 10 „Греми“.
На манифестацијата што се одржа во Лос Анџелес во четвртокот пејачката на хитот Lover изгледаше како да излегла од љубовна приказна – во морнарско син комбинезон и златни синџири на рамењата.
„Што значи да се биде жена на оваа деценија? Па, тоа значи дека сум видела многу. Кога почна деценијава имав 20 години. На 16 години веќе имав деби-албум, а албумот што стана моја пресвртница беше наречен ‘Бестрашен’. И тогаш видов дека постои свет на музика…“, рече Тејлор Свифт во своето обраќање пред публиката.
Забава
УНЕСКО ја додаде тајландската масажа на листата со културно наследство

Традиционалната тајландска масажа со која се истегнуваат и крцкаат коските на грбот сега е дел од листата на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото, кое опфаќа традиции и практики што им се пренесуваат на генерациите.
УНЕСКО е агенција на Обединетите нации за образование, култура и наука.
Нематеријалното културно наследство е одвоено од списокот на светско наследство, кое опфаќа објекти и места од значење за човештвото.
На списокот за културно наследство има 550 точки – поделени во три категории – од 127 земји, пренесува Би-би-си.
Традиции и активности се додаваат секоја година, а годинашниот состанок на Комитетот се одржа во Богота, Колумбија.
Други практики додадени на годинешниот список се:
– алпинизмот
– ирското харфање
– селестинското простување во Италија
– традиционалниот португалски карневал
– малезиската вештина за самоодбрана – силат
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми
- Македонија3 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене