Забава
Прогласени 10-те победнички во националниот избор за “Жена на годината 2025” во Македонија
На свечена церемонија исполнета со инспиративна атмосфера и многу позитивна енергија денеска во Скопје се одржа прогласувањето на победничките во македонскиот избор за “Жена на годината 2025”.
Наградени беа вкупно 10 дами, кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и оствариле забележителни резултати во годината што одминува.
Изборот за „Жена на годината“ започна со онлајн номинирање кое беше отворено за целата домашна јавност, при што беа поднесени вкупно 600 номинации. Од сите нив беше формирана листа на финалистки, по 5 во секоја категорија, за кои потоа гласаше жири-комисија составена од претставници на медиуми, образовни институции, организатори и соработници.
Лауреатот македонска Жена на годината 2025 го понесе Рисима Рисимкин, авангардна македонска кореографка за современ танц.
Во продолжение, следува листата со овогодинешните победнички во сите категории од изборот „Жена на годината 2025“:
1. Жена на годината – Рисима Рисимкин
2. Жена со трајни вредности – Индира Кастратовиќ
3. Жена менаџер на годината – Јелена Спасова
4. Жена со најголеми достигнувања во науката и технологијата – Венера Крлиу
5. Млада жена менаџер на годината (до 40 години) – Ениса Кадрии
6. Жена со најголеми достигнувања во културата – Наталија Теодосиева
7. Жена со најголеми достигнувања во спортот – Ангела Мојсовска
8. Жена со најголеми достигнувања за општеството – Моника Ризовска Таневска
9. Жена со најдобар стил – Наташа Петровска
10. Инфлуенсерка на годината – Миа Арабаџиевска (@mia.arabi)
Во конференцискиот дел на настанот, свои предавања одржаа: Павле Зимбаков, Сузанне Пазит Гева, Елена Бубало, Данчо Димков и Марина Анчевска . Организатори на „Жена на годината“ (www.zenanagodinata.mk) се Маркетинг365 и Касиа Евентс. Овогодишни покровители на настанот се: Империјал Тобако, Ананас, Фабу, Тиквеш, Енерџи Студио, Нескафе, Бизнис Академија Смилевски, Савекс, Семанта, Скопска Пивара и други.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Новиот роман за Гоце Делчев ги подели Македонците
Едни го нарекуваат најважното книжевно дело во последната деценија. Други велат дека отвора болни прашања за кои општеството не е подготвено.
Новото книжевно дело „Љубов и Смрт“ од авторот Зоран Спасов Sоф веќе предизвика силни реакции. Причината, вели авторот, не е во тоа како историјата се раскажува, туку во начинот на кој се чита.
Во романот, Гоце Делчев не е претставен како недопирлив симбол, туку како човек со сомнежи, стравови и морални дилеми. За едни, ова е неопходна зрелост на културата. За други, опасна релативизација на националните митови.
Поддржувачите велат дека конечно се појавило дело што ја враќа историјата во човечка перспектива. Според нив, ваквите книги ја прават нацијата посилна, бидејќи ја учат да се соочи со сложеноста на сопственото минато.
Критичарите, пак, предупредуваат дека ваквиот пристап може да создаде нови поделби и да ги отвори старите рани.
Но авторот не се обидува да го разурне митот. Тој го човечи.
Романот не поставува прашање дали Гоце Делчев бил херој. Туку каква цена плаќа човекот што станува симбол.
Токму затоа, делото веќе се опишува како книга што не остава никого рамнодушен. И можеби токму тоа е нејзината најголема вредност.
Во време на брзи мислења и лесни судови, „Љубов и Смрт“ бара нешто потешко: размислување.
Повеќе информации за романот може да најдете на следниот ЛИНК.
Забава
Една од најголемите и најскапите приватни јахти во светот се закотви во Дубровник
Импресивната суперјахта „Дип блу“ се закотви пред Дубровник, откако претходно беше видена во водите на Мљет, пишува „Дубровачки дневник“. Станува збор за една од најголемите и најскапите приватни јахти во светот, а според специјализираните портали, нејзин сопственик е кинескиот милијардер Ричард Лиу.
„Дип блу“ е долга 134,2 метри и е изградена во познатото германско бродоградилиште Лирсен. Вредноста на јахтата се проценува на околу 450 милиони американски долари. Беше пуштена во вода минатата година, по неколкугодишна изградба што се одвиваше подалеку од очите на јавноста.
Јахтата е распослана на пет палуби и може да прими 24 гости, за кои се грижи екипаж од 45 лица. Медиумите известуваат дека е опремена со бројни луксузни погодности, вклучувајќи базени, спа-зона, кино и хелиодром.
Ричард Лиу, чие вистинско име е Лиу Ќијангдонг, е основач и претседател на кинескиот гигант за е-трговија JD.com. Тој се смета за еден од најбогатите кинески претприемачи, а неговото богатство се проценува на неколку милијарди долари. JD.com е една од најголемите платформи за онлајн купување во Кина.
Иако доаѓањето на мегајахти во водите на Дубровник во текот на летните месеци не е невообичаено, „Дип блу“, со својата големина и изглед, е сигурно меѓу најимпресивните пловила што го посетиле Дубровник во последните години, пишува „Дубровачки дневник“.
фото/Depositphotos/илустрација
Забава
Раскинувањето по три години врска ја шокираше јавноста: „Подобри сме како пријатели“
Пејачката и актерка Аријана Гранде и актерот Итан Слејтер раскинаа по три години врска, а наводно се разделени неколку месеци.
„Аријана и Итан раскинаа пред неколку месеци, но тие остануваат пријатели и имаат многу почит и благодарност еден кон друг. Ова не беше одлука што ја донесоа лесно, но сфатија дека функционираат подобро како пријатели отколку во сериозна врска“, изјави извор близок до двојката, според Page Six.
Славниот пар се запознал на снимањето на филмот „Wicked“, кога двајцата биле во брак. Аријана била со Далтон Гомез, а Итан бил со Лили Џеј, со која има тригодишен син, а која во една прилика ја коментирала неговата врска со пејачката: „Моето семејство е само колатерална штета“, обвинувајќи ја за распадот на нејзиниот брак.
Сепак, Џеј и Итан наводно биле разделени два месеци пред тој да се впушти во врска со Аријана.
Раскинувањето на Аријана Гранде и Итан Слејтер се шпекулираше во октомври минатата година, кога извори тврдеа дека љубовната приказна се ближи кон крајот.
