Забава
Промоција на албумот на Влатко Илиевски со необјавени песни

По компилацијата со најголемите хитови на Влатко Илиевски – „За љубов се пее до крај“, објавена во 2020 година, на иницијатива на семејството на Влатко, на 2 јули ќе биде промовиран уште еден негов албум – „Последно танго“, составен од досега необјавени песни.
На денот кога Влатко ќе го прославеше својот 37. роденден, 2 јули 2022, точно напладне во ресторанот на ФК „Работнички“ во Градскиот парк, во присуство на неговите најблиски соработници и пријатели, првпат ќе бидат претставени песните, кои пред неговото трагично заминување беа подготвувани за неговиот нов студиски албум. Нешто што несомнено претставува музички тестамент на нашиот Влатче, велат организаторите на настанот.
Станува збор за колекција од 14 песни, кои авторски ги потпишуваат Кристијан Габроски, Владимир Дојчиновски, Ристо Самарџиев, Дарко Тасев, Весна Малинова…, како и легендарниот лидер на „Дивље јагоде“ – Зеле Липовача.
Зеле и Влатко, на радост на многубројните фанови, заедно го снимија големиот хит на „Дивље јагоде“ – „ Не желиш крај“.
Албумот содржи досега необјавени песни на носач на звук (некои фестивалски, две со златните славејчиња…), од кои половина се сосема нови и никогаш не се најдоа ниту на носач на звук ниту во радискиот етер, стои во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Адел: Oдложувањето на престојот во Лас Вегас бeше најлошиот момент во мојата кариера

Одлуката на Адел да го одложи престојот и настапите во Лас Вегас била најлошиот момент во целата нејзина кариера.
Поп-ѕвездата требаше да започне серија концерти во Син Сити уште во јануари, но таа откажа во последен момент, со објаснување дека пандемијата ја спречила да го организира престојот – а сега откри дека кризата направила да се чувствува девастирана и засрамена.
Во интервју за британски „Ел“ таа рече: „Тоа беше најлошиот момент во мојата кариера, убедливо најлош. Бев толку возбудена поради закажаните настапи. Беше разочарувачки што морав да ги откажам“.
Поп-дивата објасни што тргнало наопаку, признавајќи дека поставувањето на сцената не се одвивало како што треба.
„Едноставно немаше душа во неа. Поставувањето на сцената не беше правилно. Беше многу одвоена од мене и мојот бенд, и немаше интимност. И можеби се трудев премногу сè да биде во најдобар ред,“ објасни таа.
Настапите „Викенди со Адел“ во Колосеумот во палатата Цезар ќе траат од 18 ноември до 25 март 2023 година. Покрај 24-те презакажани датуми, додадени се уште осум изведби.
Забава
Шантел Џефрис: Животот е плажа

Шантел Џефрис ги намачи нејзините 4.7 милиони следачи на Инстаграм во понеделникот, кога се огласи со нова дрска објава.
29-годишната диџејка и модел сподели неколку фотографии на кои позира во бебешко сино бикини на одмор на Бахамите.
Поранешнaта девојка на Џастин Бибер ги покажа своите облини, а и безгрижниот дух со необичен опис на објавата: „Животот е плажа“.
Инфлуенсерката стои на бел песок за секси фотографија покрај море.
Џефрис ја покажа својата природна убавина без шминка за денот на плажа со пријателката Сара Снајдер.
Забава
Илон Маск убеден дека роботите на „Тесла“ ќе можат да готват и да се грижат за стари лица

Неодамна, статија на Илон Маск за изгледите за развој на технологии кои го менуваат начинот на живот на луѓето се појави во официјалната публикација на кинеската управа за прашања поврзани со киберпросторот. Оваа управа ги надгледува прашањата за безбедност на информации.
Меѓу другото, милијардерот ги сподели своите идеи за примена на хуманоидни роботи развиени од „Тесла“.
Во својата статија, Маск пишува дека роботите на „Тесла“ ќе опслужуваат милиони домаќинства со тоа што ќе учествуваат во процесот на готвење, грижа за тревниците и за постарите граѓани.
Сонот на Маск, како што е објаснето во статијата, е живот на Марс, односно самодоволен град во кој живеат луѓе. Меѓутоа, овде тој, на негов вообичаен начин, не ги именува условите за колонизација на Марс на ова ниво.
Милијардерот, исто така, припишува одредена улога на компанијата „Неуралинк“ во светот на иднината. Оваа компанија е специјализирана за имплементирање на интерфејс помеѓу човечкиот мозок и компјутерот.