Контакт

Забава

Пронајден Џокер во Србија, го запираaт на улица и му бараат автограм

Објавено пред

На Ѓуро Нишевиќ од Белград му се расипал автомобилот и отишол на работа со автобус, но додека се возел во автобус некој го фотографирал и тоа го објавил на „Твитер“, пренесуваат српските медиуми.

Сето тоа поради неговата неверојатна сличност со Хоакин Феникс (45), кој го отелотвори Артур Флек во филмот „Џокер“. Ѓуро не го гледал филмот, па не ни сфатил за што станува збор кога, како што вели, неговата снаа го повикала на работа за да му каже дека станал славен.

„Бев лут, навистина. Бев лут и на снаата затоа што  се смееше. Не знам кој ме фотографирал, но сакав да го пријавам во полиција“, изјави тој за РТС.

Тогаш синот на Ѓуро му објаснил за што се работи и му покажал фотографии од актерот Хоакин Феникс.

„Подоцна, некои ми го покажаа овој актер од нивните мобилни телефони и навистина има некаква сличност“, призна Нишевиќ, додавајќи: „Некој ми се јави, ми бараше автограм … Тоа ми беше непознато, никогаш не сум го доживеал во животот. Какви автограми сега да му давам некому? Тие сакаа да дојдат во мојата куќа, прашаа каде живеам и така“.

Забава

Канје Вест влегува во претседателската трка

Објавено пред

Раперот Канје Вест соопшти дека ќе се кандидира за претседател на претстојните избори во САД.

43-годишната рап-sвезда откри преку Твитер дека има аспирации да стане американски претседател еден ден, посочувајќи дека планира да влезе во трката оваа година.

Канје, кој има речиси 30 милиони следачи на платформата за микро-блогирање, напиша: „Сега мора да го реализираме ветувањето на Америка со верба во Бога, обединувајќи ја нашата визија и градејќи ја нашата иднина. Јас се кандидирам за претседател на Соединетите држави“.

Амбицијата на Канје веќе доби поддршка од технолошкиот милијардер Илон Маск. Како одговор на објавата на Канје, тој напиша: „Вие ја имате мојата целосна поддршка!“

Сопругата на Канје, Ким Кардашијан Вест, го поддржи планот на нејзиниот сопруг со објава на социјалните мрежи, дополнета со американското знаме.

Сепак, останува нејасно дали Канје сериозно има намера да се кандидира за политичка функција во ноември.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Брачен пар од Русија во својот дом изградил пирамида

Објавено пред

Руската брачна двојка Андреј и Викторија Вакхрушева решиле да изградат вистинска пирамида на нивниот имот во селото Истинка кај Санкт Петербург, по примерот на египетските во Гиза.

Vintage News пишува дека соседите биле изненадени кога го виделе завршувањето на проектот на брачна двојка која секогаш била фасцинирана од цивилизацијата на древен Египет.

Андреј и Викторија неколку пати ја посетувале Гиза за да ги видат познатите монументални пирамиди со свои очи. Откако се вратиле во својата татковина, тие минатата година решиле да направат копија од најголемата пирамида на Кеопс во сопствениот двор, се разбира, со помали димензии.

Сега, во нивниот двор има пирамида висока девет метри со страни во дожина од 13 метри.За изградба на пирамидата е користен првенствено бетон со тежина од 400 тони. Ентериерот на пирамидата сè уште не е целосно уреден, но дури и сега е доволно интересен за посетителите кои се подготвени да платат 50 долари за да поминат време во нејзините одаи и да медитираат, пренесува „Кликс“.

Оваа пирамида е 19 пати помала од оригиналната во Гиза и е делумно под нивото на земјата (девет метри), а во неа има и саркофаг.

Андреј и Викторија не планираат да престанат по завршувањето на пирамидата. Имено, тие веќе прават план за египетски храм во нивниот двор, кој ќе биде поврзан со пирамидата со тунел.

Нивниот прв сосед, Александар Пустошински, ги опишува како „добри соседи“ и дека нивните необични постапки биле инспиративни за сите жители на селото.

Прикажи повеќе...

Забава

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Објавено пред

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го заштити од коронавирусот. Потребни биле осум дена да се направи маска над која е ставено 60 грама злато, рече Курхаде, кој живее на западниот дел на Индија.

„Тоа е тенка маска со мали пори за да можам да дишам“, рече тој за АФП, но призна дека сè уште не е сигурен дека таквата маска може да го заштити од вирусот, поради што презел и други заштитни мерки.

Шанкар Курхаде има 49 години, а кога излегува, сака да стави накит тежок околу еден килограм. Околу вратот носи златен ланец, носи нараквици и прстен на секој прст на десната рака.

Индиецот, кој поседува фабрика за градење на хангари, рече дека дошол до идеја да направи златна маска откако гледал извештај за човек кој за себе направил сребрена маска.

„Луѓето сакаат да се сликаат со мене затоа што се импресионирани кога ја гледаат златната маска којашто ја носам на пазарот“, додаде тој.

Во Индија задолжително е да се носи заштитна маска на јавни места во борбата против коронавирусот. Во таа земја, вирусот зарази 650.000 луѓе, од кои починале повеќе од 18.600.

Прикажи повеќе...

Најново

Култура3 минути

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија6 минути

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјава

Бројот на заразени од коронавирус во земјава надмина 7.000 лица, откако вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментов активни се...

Регион15 часа

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион16 часа

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава17 часа

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет18 часа

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт18 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија19 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ20 часа

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија22 часа

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија22 часа

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ23 часа

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа24 часа

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет1 ден

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет2 дена

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија2 дена

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа2 дена

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија2 дена

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион2 дена

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија2 дена

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Досие