Контакт

Бизарно

Работник во Јапонија казнет бидејќи на пауза заминал три минути порано

Објавено пред

Вработен во управата за водостопанство во јапонскиот град Кобе бил казнет поради тоа што на пауза заминал три минути пред однапред одреденото време. Неговите претпоставени за ваквата постапка на работникот дури свикале и прес-конференција на која како жално го опишале непристојното однесување и јавно се извиниле за целата ситуација.

Покрај тоа, откриле дека 64-годишникот ваквото поведение го повторил 26 пати во последните седум месеци, пренесува Japan Inside. Тој бил казнет со неколку илјади јени и добил укор.

„Терминот за ручек во нашата компанија започнува точно напладне и трае до 13 часот. Работникот направил грешка бидејќи  го напуштил работното место неколку минути порано, што претставува кршење на внатрешните правила на компанијата“, изјавил портпаролот.

„Многу е жално што дојде до вакво кршење на кодексот за однесување. Жал ни е“, изјавиле на конференцијата за медиуми, претставници на компанијата.

Работникот го прекршил Законот за државни службеници во кој се наведува дека тие треба да бидат строго концентрирани на работата.

Работната култура во Јапонија може да биде фатална, како што се покажа во повеќе случаи досега. На пример, светските медиуми го истакнуваат случајот со Мива Садо, млада новинарка која починала од срцев удар откако сработила 159 часа прекувремена работа во рок од еден месец. Мива имала само 31 година.

Вработените кои спијат во јавност или во своите канцеларии се сметаат за целосно посветени на својата работа и се истакнуваат како личности подготвени да го дадат максимумот.

Исто така, покрај строгата работа култура, Јапонија е позната и по јавното признавање на грешките на работниците. Така на пример, во ноември минатата година железничка компанија од Токио се извини на својата интернет-страница поради тоа што еден од нивните возови од станицата тргнал 20 секунди порано.

Случајот со вработениот во компанијата за водоснабдување ги доведе во прашање напорите на земјата да се спречат смртните случаи предизвикани од премногу работа, познати како „кароши“.

Во 2016 јапонската Влада објави извештај во врска со овој проблем, кој покажал дека речиси четвртина од анкетите спроведени во компаниите потврдиле дека вработените имаат повеќе од 80 часа прекувремена работа во текот на еден месец.

Неколку месеци подоцна Тадаши Ишии, претседател на маркетинг-агенцијата „Денцу“, поднесе оставка поради смртта на 24-годишната вработена Мацури Такаши. Такаши се убила со скок од покривот на просторијата за спиење на компанијата каде што работела. По нејзиното самоубиство, јапонската влада одлучи поконкретно да работи за решавање на проблемот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

  (Видео) Неписмен Индиец си го отсече прстот бидејќи погрешно гласал 

Објавено пред

Индиец тврди дека си го отсекол показалецот откако сфатил дека по грешка гласал за друга политичка партија, пишува Би-би-си.

Паван Кумар во видео кое се прошири на социјалните мрежи изјави дека случајно гласал за владејачката партија Барати Џаната. Тој сакал да го даде својот глас на регионалната партија, но го збуниле бројните симболи на гласачката машина.

На изборите излегол во четвртокот во Буландшар во државата Утар Прадеш.

„Сакав да гласам за слон, но по грешка избрав цвет”, рече Кумар, мислејќи притоа на симболите на партиите во гласачката машина што се прикажуваат веднаш до името на секој кандидат.

Партиските симболи играат голема улога за време на индиските избори бидејќи гласачите од земји каде што во многу области има неписмени граѓани лесно можат да ги препознаат.

Изборите се одржуваат во седум етапи, при што учествуваат 900 милиони гласачи, а гласовите ќе бидат сумирани на 23 мај.

По гласањето, службениците го означуваат показалецот на гласачите со долготрајно мастило.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Проколнат датум, на 15 април се случија голем број несреќи

Објавено пред

Пожарот кој во понеделникот, на 15 април, ја проголта катедралата во Париз, Нотр Дам, го потресе целиот свет. На улиците на Париз излегоа илјадници луѓе и со солзи во очите гледаа како исчезнува важен дел од нивната историја и еден од симболите на градот, а емоционални реакции и изрази на жалење пристигнуваа од сите страни на светот.

Познатата катедрала е длабоко вкоренета во историјата на Париз откако во 1163 година почна нејзината изградба и траеше речиси два века. Пожарникарите успеаја да го спречат уривањето на главната камбанарија и се обидоа да ги спасат религиозните реликвии и бесценетите уметнички дела. „Ние ќе ја обновиме Нотр Дам заедно”, вети францускиот претседател, Емануел Макрон.

По првичниот шок што ја предизвика оваа вест, интернет-корисниците наскоро забележаа необично совпаѓање.

На истиот датум во 2013 година се случи бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон. Две бомби експлодираа кога првиот од 27.000 учесници стигна на целта.

Во ужасната експлозија загинаа три лица, од кои едно е осумгодишно момче, а беа повредени 264 лица, од кои некои останаа без раце и нозе.

Но нападот во Бостонскиот маратон не е единствениот катастрофален настан што се случи на 15 април.

Многумина се сеќаваат во 1989 година и катастрофата на Хилсборо, една од најголемите спортски трагедии во историјата. На преполниот стадион Хилсборо во Велика Британија се играше натпреварот помеѓу Ливерпул и Нотингем Форест.

Поради организаторска грешка, на стадионот кој може да прими 39.000 гледачи беа пуштени повеќе од 54.000 обожаватели. Откако некој ја отвори безбедносната ограда се создаде стампедо, каде што 96 фанови на Ливерпул загинаа, а повеќе од 700 луѓе беа повредени.

Датумот 15 април е уште позлокобен ако се потсетиме на уште една трагедија што се случи на тој датум во 1912 година. Во раните утрински часови во Северниот Атлантскиот Океан, по ударот во глечерот, потона британскиот брод Титаник. Во катастрофалната хаварија животот го загубија 1.517 луѓе.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Додека мама не беше дома, момчето ја избричи својата и главата на неговата мала сестра

Објавено пред

Медицинската сестра од Тексас, Стефи Ли, на Инстаграм објави снимка од своите деца, синот Теди (5) и ќерка Елоиза со избричени глави – затоа што Теди одлучил и двајцата да ги избричи со електричен брич од мајка му. На почетокот на снимката мајката неутешно плаче додека ги гледа своите деца на кои им недостасува голем дел од косата на главата. Подоцна, таа почнува да се смее, „од мака” или да не ги растажи децата.

Веќе на прв поглед на Теди во видеото му се гледаат дупки на главата на местата каде што се поминал со брич, но ни косата на неговата сестра не е во многу подобра состојба. Дури кога девојчето го свртело грбот кон камерата, станало очигледно дека целиот заден дел на главата ѝ е ќелав, со мало опавче на секоја страна. Откако ѝ ги избриша солзите од лицето, нејзината мајка се обиде да ја убеди дека сè е добро.

„Во ред е, тоа е само коса, ќе порасне нова. Мама не се лути. И зошто му го дозволи тоа на брат ти?“

Наместо неа одговорил малиот фризер, кој ѝ рекол на мајката: „Таа рече дека ѝ се допаѓа и го сторив тоа, па сакавме да ти покажеме“. И кога ја праша Елоиза дали ѝ се допаѓа нејзината нова фризура, таа кратко и јасно рече: „Не”.

Братот на Стефи, Иан Хагагорн, го објави новиот изглед на децата, и тој напиша:

„Моите внуци најдоа електричен брич и полудеа.“

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Поглед во внатрешноста на аеродромот во Сингапур – домот на највисокиот водопад во светот

По четиригодишна изградба и огромен медиумски интерес, долгоочекуваниот аеродром ,,скапоцениот камен” Чанги во Сингапур е официјално отворен. Аеродромот се протега...

Избори 20192 часа

ДИК: Гласањето помина без проблеми

Државната изборна комисија вечерва излезе со оценка дека денешното гласањето поминало тековно и без проблеми. Ден пред претседателските избори во...

Европа2 часа

Париз: Уапсени 126 лица на протестите на ,,Жолтите елеци”

На протестите на,,Жолтите елеци” во Париз се уапсени 126 лица, а полицијата со демонстрантите, кои подметнуваа и мали пожари, се...

Регион3 часа

САД ќе и испорачаат три хеликоптери ,,Блек Хок” на Албанија

Соединетите Американски Држави (САД) ќе испорачаат три хеликоптери ,,Блек Хок” во Албанија, со цел да ги зајакнат нивните воени капацитети,...

Регион4 часа

Трговски центар во Сараево евакуиран поради дојава за бомба

Трговски центар во Сараево беше евакуиран попладнево откако во сараевската полиција пристигнала дојава за поставена бомба. Со брза реакција на...

Регион11 час

Во Косово вратени со авион десетици жени и деца на џихадисти од Сирија

Дестици жени и деца, членови на семејствата на косовски џихадисти кои војувале во Сирија, со авион биле вратени во Косово,...

Избори 201912 часа

Поради изборите МВР ќе издава лични карти денеска и утре

Министерството за внатрешни работи соопшти дека сите одделенија за управни работи ќе работат и денеска и утре. Сите барања за...

Топ12 часа

Трактор и три возила се судрија кај Струмица

Сообраќајка помеѓу трактор и три возила се случила синоќа на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „Ново Село“, на место викано „Леска“. МВР...

Топ12 часа

Сообраќајна несреќа на улица во Скопје, меѓу повредените и деца

Пет лица со повреди биле пренесени во болница по сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Кемал Сејфула“ во...

Свет12 часа

Брачен пар осуден на доживотен затвор, ги злоставувале нивните деца

Брачен пар од Калифорнија кој ја призна вината за повеќегодишното злоставување на нивните 12 деца, е осуден на доживотна казна...

Европа13 часа

Јункер: Постои страв дека ќе дојде до брегзит без договор

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, побара од Велика Британија да го искористи шестмесечното одложување на брегзит за разработка на...

Свет13 часа

Во Египет референдум за продолжување на мандатот на претседателот

Египѓаните на референдум ќе гласаат за амандманите за продолжување на мандатот на претседателот Абдел Фатах ал Сиси. Одлуката за распишување...

Избори 201913 часа

Денеска гласаат затворениците, раселените и немоќните лица

Денеска затворениците, раселените и немоќните лица гласаат на изборите за претседател и на предвремените локални избори што ќе се одржат...

Свет1 ден

Помпео: Русија се меша во изборите во целиот свет

САД ќе продолжат да го осудуваат руското мешање во американските избори и ќе преземат одлучни мерки против злонамерното дејствување на...

Избори 20191 ден

МВР ќе издава лични карти и утре и задутре

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат в сабота и в недела...

Македонија1 ден

,,Сведочите на рекла-кажала”, Мијалков се обиде да го дискредитира Звонко Костовски

Со поставување вкрстени прашања, ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков се обиде да го дискредитира сведочењето на Звонко Костовски, еден...

Македонија1 ден

(Видео) Јанакиески побарал увид во доказите за крвавиот четврток

Околу триесетина минути траеше распитот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во Обвинителството за организиран криминал и...

Македонија1 ден

Револтирана мајка: Син ми доби силна тупаница по главата поради бојата на кожата

Револтирана мајка од Скопје на Фејсбук објави дека нејзиниот 13-годишен син добил тупаница по глава, а претходно бил навредуван на...

Македонија1 ден

Надица се логираше со други имиња за да види што другите гледаат во системот, сведочеше Звонко Костовски

Обвинетата началничка во МВР, Надица Николиќ, на денешното судење за масовното прислушување познато под кодното име „Таргет-Тврдина“ го испрашуваше инженерот...

Крвав четврток2 дена

Јанакиески повикан на распит во обвинителство за крвавиот четврток

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е повикан на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во...

Досие