Контакт

Естрада

Раперот Снуп Дог го облече коцкестиот дрес и предизвика делириум кај хрватските навивачи

Објавено пред

Хрватска стана светски хит поради фудбалерите што вчера со победата над Англија се пласираа во финалето на Светското првенство. Со историскиот успех на генерацијата предводена од феноменалниот Лука Модриќ е надминато третото место што Хрватите го освоија во Франција во 1998 година. Овој голем спортски успех беше забележан и од една позната светска ѕвeзда.

Имено, еден од оние што го поддржа пласманот на Хрватска во финалето е и Снуп Дог, еден од најпознатите светски рапери.

A post shared by snoopdogg (@snoopdogg) on

На својот профил на „Инстаграм“ тој објави фотографија каде што го носи препознатливиот коцкест хрватски дрес, што предизвика делириум меѓу хрватските навивачи кои изразија благодарност за неговата поддршка.

Финалето на Светското првенство меѓу Хрватска и Франција ќе се одигра в недела, 15 јули, со почеток во 17 часот на стадионот „Лужники“ во Москва.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

(Фото) Пирс Броснан е вљубен во жена која не е холивудска убавица

Објавено пред

Од

Јавноста е немилосрдна кон Кили Ши Смит, која го освои срцето на Пирс Броснан со кого е во брак од 2011 година и ги има синовите Дилан и Парис.

Таа не е како холивудските убавици што многумина би му ги припишале на овој актер, ниту, пак, се вклопува во стереотипот на убава русокоса со фасцинантни облини, но сепак успеа да го освои неговото срце.

Прикажи повеќе...

Естрада

„Вог“ ја прогласи Ема Вотсон за најубаво облечена на Вимблдон

Објавено пред

Од

Списанието „Вог“ ја прогласи Ема Вотсон за најдобро облечена славна личност на Вимблдон.

Пред некој ден таа блескаше на трибините во бело, од глава до петици, а триделниот костум и белата шапка навистина беа без мана.

Вчера таа се појави во долг бежов фустан на закопчување, но најверојатно ќе останеше незабележана доколку не ставеше ремен во боја на кожа. Трикот, сепак, не е во самиот појас, туку во начинот на кој го врза.

Прикажи повеќе...

Естрада

Кејт Мидлтон го избра најубавиот фустан за Вимблдон

Објавено пред

Од

Финалето во Вимблдон, во кое играа Новак Ѓоковиќ и Кевин Андерсон, го следеа војвотката и војводата од Кембриџ.

За таа пригода Кејт одбра прекрасен жолт фустан, а Вилијам се појави во елегантен сив костум.

Моделот на фустанот што го носи Кејт Мидлтон е едноставен, а војвотката веќе покажа дека фустаните ѝ се омилен дел од гардеробата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Димитров во дводневна посета на Косово

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, од денеска се наоѓа во дводневна официјална посета на Косово. Покрај средбата со својот...

Македонија13 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик, односно за новиот модел на избор на ДИК, кој попладнево беше...

Македонија14 часа

Власта бескомпромисна за амнестијата, од опозицијата велат дека не ни разговараат за тоа

Премиерот Зоран Заев по лидерската средба рече дека нема да има амнестија ниту директна ниту индиректна. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан...

Македонија14 часа

(Видео) Да нема двосмислени прашања на референдумот, порача Мицкоски

Да нема двосмислени прашања на референдумот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но не одговори што мисли за референдумското прашање...

Македонија14 часа

(Видео) Заев: Броени се деновите до референдумот, решение за ДИК на следната лидерска средба

Разговорите на политичките лидери ќе продолжат в недела навечер или понеделник наутро. Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува на следната...

Македонија15 часа

(Видео) Ахмети: Очекувам решение во наредните денови

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по лидерската средба, рече дека постојат разлики меѓу партиите и дека очекува храброст од сите...

Македонија15 часа

(Видео) Касами: Државата е во критична состојба

Беса цени дека државата е во критична состојба и во сериозна позиција за да продолжи со процесот за евроинтеграции, изјави...

Топ15 часа

Обвинение за три лица што тргувале со малолетничка и сексуално ја искористувале

Основното јавно обвинителство денеска до надлежен суд поднесе обвинение против еднa жена за сторено кривично дело трговија со дете, а...

Топ15 часа

Власта бара гаранции за успешен референдум, опозицијата реагира дека дошле неспремни на лидерска

По повеќе од два часа разговори, нема приближување на ставовите меѓу лидерите на партиите околу референдумот. Според неофицијалните информации што...

sovetnicka, vlada, dolg sovetnicka, vlada, dolg
Македонија17 часа

(Видео) Советничка на Заев стопирала наплаќање долг кон приватна фирма, сопствениците ќе останат на улица

Петнаесет лица, сопственици на кумановската фирма „Кридеа“, стравуваат дека ќе станат  бездомници бидејќи испорачувале услуги за државната фирма „Економија Идризово“,...

Македонија17 часа

Власта и опозицијата едногласни – пратениците ја изгласаа Декларацијата за членство во НАТО

Со 76 гласа „за“, без „воздржани“ и „против“, пратениците ја изгласаа Декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Македонија...

Македонија18 часа

(Видео) Четворицата лидери пристигнаа на средбата во Клубот на пратеници

Во Клубот на пратеници почна лидерската средба, во формат четворица лидери, двајца од опозицијата, двајца од власта. На средбата учествуваат...

Македонија19 часа

Нема фер пристап на референдумот ако цензусот се книжи како „против“

Поважно од карактерот на референдумот е фактот дали политичките партии ќе ги почитуваат резултатите, велат експретседателот на Собранието, Стојан Андов,...

Македонија19 часа

Села нема покана, Касами доаѓа на лидерска

Денешната лидерска средба, која е закажана за напладне, треба да се одржи во формат четворица лидери, двајца од опозицијата, двајца...

Македонија20 часа

Советот за етика бара Владата да го испита инцидентот со фоторепортерите

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) очекува од Владата на Република Македонија да го разгледа вчерашниот случај во...

Свет21 час

(Видео) Трамп: Путин е на чело на државата затоа е виновен за мешањето во изборите

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во интервју за „Си-Би-Ес ивнинг њуз“ изјавил дека е точно дека Русија се мешала во претседателските...

Регион21 час

Дијалогот Белград-Приштина ќе продолжи за неколку недели

По средбата во Брисел, претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, се согласиле да го обноват дијалогот...

Свет21 час

Момчињата јавно зборуваа за времето минато во пештерата, пиеле дождовница и се молеле за да избегнат негативни мисли

Дванаесетте момчиња и нивниот фудбалски тренер кои од тајландската пештера беа спасени од страна на спасувачки тимови на вчерашната прес-конференцијата...

Европа21 час

Откриени напаѓачите на Сергеј Скрипал и неговата ќерка

Британските истражители соопштија дека ги откриле осомничените напаѓачи кои стојат зад нападот со новичок на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал...

Македонија1 ден

Заев: СПМ остана до крајот на средбата, таа е за ЕУ и НАТО

СПМ остана до крајот на лидерската средба, таа, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, е за ЕУ и НАТО, изјави премиерот Заев...

Досие