Контакт

Забава

Расел Кроу го поздрави договорот помеѓу Македонија и Грција

Објавено пред

Познатиот австралиски глумец Расел Кроу е еден од многуте јавни личности што во средата го поздравија договорот за решавањето на спорот за името помеѓу Македонија и Грција.

„Ја сакам Грција. Ја сакам Македонија. Се надевам дека сè ќе биде во ред“, напиша Кроу на својот твитер-профил.

Забава

Почина легендарниот фризер што создаде илјада супермодели

Објавено пред

Невозможно е да се зборува за модата без да се спомене легендарниот фризер Орибе, кој почина на 62-годишна возраст.

Во 1992 година тој направи вистински бум на модната ревија на „Шанел“, а исто така и следната година. Тој е роден во Куба во 1956 година како Орибе Каналес, и секој го познаваше како бунтовник кој сака да ги урива трендовите. Тој соработуваше со познати имиња како што се Стивен Мејсел, Ричард Аведон, Џани Версаче и Ани Лебовиц. Исто така, жените го обожаваа, меѓу кои и Наоми Кемпбел, Линда Евангелиста, Синди Крафорд и многу други.

Зад себе го остави легендарниот салон на Петтата авенија, кој го отвори во 1991 година. Неговите клиенти беа Ријана, Лејди Гага, Пенелопи Круз и многу други познати дами. Соработката со Џенифер Лопез беше пресвртна точка во неговата кариера, бидејќи од тој момент тој престана да биде обичен фризер и стана вистинска холивудска ѕвезда и големо име во светот на славните. Со Џенифер Лопез патуваше низ светот скоро една деценија.

View this post on Instagram

When I was 16 I was fascinated with Vogue magazine I would ride on the train and look at all the images of the supermodels and I was obsessed with the hair!! When I saw an image I loved I would check who did it and it was always someone named Oribe… Wow… he’s amazing I would think!! Cut to years later I was making my first album. I started working with Benny Medina and he said to me we have to do an album cover shoot who do you want for hair and makeup… honestly I was so new to the industry I knew no one and remembered my time flipping thru those magazines on the 6 and said ummm Oribe and Kevin Aucoin… Benny laughed and said oh OK! The next 10 years I would spend with Oribe by my side in every waking and working moment. We fell in love with each other. We traveled the world together. And along with Scott Barnes they helped me blossom into JLO. It was a magical and exhausting time…And when I was tired he would say to me… “You are gonna get up and go out there and be beautiful and fabulous bc that your job!!” We’d laugh bc that sounded crazy and then we would get to the business of doing our “job” !! He made me love the glam part of things. Bc he loved it so much and saw it as a powerful tool to empower women. He loved beauty and wanted women to feel beautiful and sexy. He loved the messiness and the imperfection and saw how interesting that was. He was a true artist. He made me feel special and beautiful for so long. I could go on and on but I will just say with a heavy heart… Thank you sweet, beautiful man… I will miss you. I love you Oribe… so much… 💔#latinolegend #artistextraordinaire #hairgod #familia

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

На својот инстаграм-профил пејачката објави цела галерија фотографии со познатиот фризер и изрази благодарност за сиот труд што го вложил и рече дека тој е заслужен за тоа што е денес. Тие соработувале 10 години, а фризерот се појавува и во видеото за еден од нејзините најголеми хитови „Jenny from the block”.

Многу познати дами споделија свои фотографии со фризерот со зборови на благодарност и жалење што оставанале без член на семејството и голем пријател.

Прикажи повеќе...

Забава

Снег во Пјонгјанг, најмногу му се радуваа децата

Објавено пред

Снег ја зафати Северна Кореја кон крајот на минатиот викенд, а фотографиите што доаѓаат од Пјонганг покажуваат како децата уживаат на снег.

Децата во главниот град одвај го дочекаа снегот, па веднаш излегоа надвор да си играат.

На една фотографија се прикажани девојчиња како си играат на плоштадот Ким Ил Сунг, а момчињата на истиот плоштад се маваат со топки снег.

Тие изгледаат многу среќни, па на моменти се чини како овие фотографии да не се снимени во најзатворената земја во светот, чии лидери се сметаат за диктатори.

Возрасните мораа да го исчистат снегот од тротоарите, а некои луѓе се прикажани како во снежниот ден одат да ги завршат секојдневните обврски.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Куќа – вселенски брод во Малибу се продава за 14 милиони долари

Објавено пред

Неверојатна куќа во Малибу, Калифорнија, која личи на вселенски брод, се продава по цена од 14 милиони долари.

Позната како Ravenseye, куќата со три спални соби била изградена во 1997 година и е дизајнирана од архитектот Хари Геснер, кој е познат по изградбата на најпознатата Wave House од 1957 година на плажата на Малибу.

Куќата, која се протега на над 4.000 квадратни метри, има тавани високи 25 метри, прозорци врамени со дрвени лакови што гледаат кон Пацификот и заоблени камини што личат на прозорците.

Масивни греди се испакнуваат од куќата и како нозе на пајаците продолжуваат кон земјата.
Надвор има базен, топла када и туш на отворено.

Продавачот Гавин Каин, англиски бизнисмен, ја купи куќата за 3,895 милиони долари во 2008 година.

Тој заедно со архитектот Геснер работел на детаљно реновирање на имотот, преуредување на прозорците и проширување на кујната.

Тој ја продава куќата бидејќи не поминувал многу време на Малибу.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Пратениците одлучија дека има потреба од закон за амнестија

Пратениците дадоа зелено светло за расправа по предлог законот за амнестија. Претседателот на Собранието, Талат Џафери го стави предлог решението...

Македонија20 минути

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бојкотира уставните измени

ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група донесоа одлука да не учествуваат во процесот на уставните измени, истакна на прес-конференција пратеникот...

Македонија2 часа

Царинската управа отвори истрага за Трајковски, гостинот на Груевски во Будимпешта

Царинската управа вчера отвори истрага за царинскиот службеник Александар Трајковски, кој беше фотографиран со експремиерот Никола Груевски, азилант, во Будимпешта....

Македонија2 часа

Подобро е да нема снег оти со механизацијата на „Македонијапат“ стара над 30 години може се да заглави

Со стара менханизација и без доволен број работници „Македонијапат“ оваа година ќе се справува со снегот по магистралните патишта. Возилата,...

Истражувања2 часа

Владата го засака барокот на фасадата, мислењата на експертите баталени

Владата на Зоран Заев, која се колнеше дека ќе го чуе гласот на граѓаните, а посебно на експертската јавност, една...

Македонија2 часа

Саливан: САД ќе ѝ помогнат на Владата да се спротивстави на штетното влијание на Русија

Нема да биде изненадување за никого овде ако кажам дека Русија се спротивставува на патот што Македонија го има избрано...

Македонија3 часа

(Видео) Заев и Ципрас номинирани за Нобеловата награда за мир

На денешната свечена церемонија, која се одржа на Универзитетот ФОН во Скопје, премиерите на Република Македонија и на Република Грција,...

Македонија4 часа

Фетаи за трошоците од прегласувањето во Струмица: И еден денар да е во прашање, направена му е штета на буџетот

Судењето за „Титаник 2“, кое се однесува на изборни нерегуларности од локалните избори од 2013 година, продолжи со наодите на...

Крвав четврток4 часа

(Видео) Александрова: Прашајте ги обвинетите пратеници дали ќе бараат амнестија, јас не сум дел од 27 април

„Право на секој во согласност со законот е да поднесе барање. Дали некој од пратениците ќе поднесе или не, не...

Топ5 часа

(Видео) Половина тон марихуана вредна над милион евра запленета на ГП Богородица

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во координирана акција со Министерството за внатрешни работи и Царинската управа...

Македонија5 часа

(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа

Ова не е само сторија за куче што помага на болен човек. Ова е сторија за две суштества чии животи...

Македонија6 часа

(Видео) Пратениците ќе носат закон, а Кацарска и Рускоска ќе амнестираат

„Нема да бидат амнестирани лица што биле организатори на настаните од 27 април. Тука спаѓаат лицата што носеле оруже и...

Топ6 часа

Кавадарчанецот што избоде жена на нива обвинет за обид за убиство

Кавадарчанецот што во јуни годинава избоде жена на нива во прилепско село ќе одговара за обид за убиство и за...

Македонија6 часа

Обвинителството поднесе жалба против пресудата за смртта на родилката во Гевгелија

Основното јавно обвинителство во Велес поднесе жалба на пресудата на Основниот суд Велес во предметот за смртта на родилката Маја...

Македонија7 часа

Управниот одбор на ЗНМ едногласно го потврди Младен Чадиковски за нов претседател

Управниот одбор вчера на конститутивна седница едногласно донесе автентично толкување на одредбите од Статутот на ЗНМ, кои се однесуваат на...

Македонија7 часа

Патник од автобусот на смртта: Се враќаме дома со траума што никогаш нема да ја заборавиме

„Им благодариме на сите што ни помогнаа кога најмногу ни требаше. Се враќаме дома со траума што нема да ја...

Вести7 часа

Нов извештај: Русија со дезинформации на социјалните мрежи му помогнала на Трамп да победи

Два извештаја, подготвени за Сенатот на САД, покажуваат дека Русија во координирани кампањи му помогнала на Доналд Трамп да го...

Топ8 часа

ИОМ: 3.400 мигранти и бегалци ги загубиле животите во светот годинава

Миграцијата е многу значајно прашање на оваа ера. Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018...

Македонија9 часа

Забрана за тешки возила на Стража, Маврово-Дебар и Тетово-Попова Шапка

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот...

Регион19 часа

Вучиќ во ОН: Исплашен сум за иднината на народот во регионот

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вечерва на седницата на Советот за безбедност на Обединетите Нации изјави дека е многу загрижен, а...

Досие