Забава
„Рајанер“ ја исмејува Хрватска по поразот од Аргентина: „Следно слетување – Задар“
„Рајанер“, ирска авиокомпанија со седиште во Даблин, на социјалните мрежи се пошегува на сметка на поразот на Хрватска од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство во Катар.
„Целосно внимание на најдобриот на сите времиња. Следно застанување – Задар“, напишаа покрај фотомонтажа на Меси како ги исмева Модриќ и Петковиќ во авионот.

Ирската авиокомпанија и претходно објавуваше провокации на сметка на испаѓањето на Шпанија и Англија од првенството.
„Се враќаат дома“, твитна „Рајанер“ исмевајќи ги Англичаните. Фотографијата веднаш стана вирална на социјалните мрежи.

Авиокомпанијата се соочи со бурни реакции откако ja исмеја Англија со дрзок твит. Повеќето корисници на социјалните мрежи беа бесни за шегата, а некои коментираа: „Само што изгубивте многу клиенти со овој твит“.
Друг корисник на „Твитер“ напиша: „Поправете ме ако грешам, но Ирска никогаш не влезе во групната фаза, а камоли да излезе од неа за осмина-финале или подоцна“.
Кога Шпанија беше елиминирана, авиокомпанијата сподели фотографија од нивната репрезентација качена на авион во лет.

„Сте слушнале за elf on the shelf (џуџе на полица), a сега подгответе се за логично продолжение на реченицата… Spain on the plane!“ (Шпанија во авион).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
На позната плажа на Сардинија забранети чадори за сонце
На една од најпознатите плажи на Сардинија, Пунта Молентис, воведена е забрана за користење чадори за сонце за поголемиот дел од посетителите, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Според новите правила, само семејства со деца помлади од 10 години и лица постари од 65 години имаат право да постават по еден чадор. За останатите посетители е забрането внесување чадори и друга опрема за создавање сенка.
Од 5 јуни до крајот на октомври, влезот на плажата се наплатува 10 евра, додека лицата со попреченост и нивните придружници се ослободени од плаќање.
Локалните власти велат дека одлуката е донесена од безбедносни причини. Минатата година, поради пожар во околината, десетици луѓе морале да бидат евакуирани со брод, а големиот број чадори го отежнал пристапот и евакуацијата од плажата.
Одлуката предизвика бројни критики од туристите, кои сметаат дека посетителите ќе останат без соодветна заштита од сонцето во текот на летните горештини.
Пунта Молентис не е единствената плажа во Италија со строги правила. На некои плажи на Сардинија е забрането изнесување песок, за што се предвидени високи парични казни. На одредени локации има и ограничување на бројот на посетители, како и задолжителни онлајн резервации за пристап до плажите.
Забава
Четири хороскопски знаци родени за спортски успеси
Иако спортскиот успех зависи од талентот, работата и посветеноста, астролозите сметаат дека четири хороскопски знаци почесто поседуваат особини што ги водат кон врвни резултати.
Овен – се издвојува со натпреварувачки дух, храброст и силна желба за победа. Поразите ретко го обесхрабруваат, туку го мотивираат да работи уште повеќе.
Лав – сака успех, признание и лидерска улога. Самодовербата му помага добро да се носи со притисокот и важните натпревари.
Јарец – е симбол на дисциплина, трпение и напорна работа. Подготвен е долгорочно да се жртвува за да стигне до целта.
Шкорпија – се истакнува со фокус, истрајност и ментална цврстина. Добро се снаоѓа под притисок и често ја користи мотивацијата од поразите за идни успеси.
Според астролозите, токму овие четири знаци најчесто ги поседуваат карактеристиките што можат да придонесат за успешна спортска кариера.
Забава
Софија Вергара во дилема кого да поведе на Светското првенство
Колумбиско-американската актерка, Софија Вергара, вели дека најголем проблем пред Светското првенство е како да одлучи кого од своето бројно семејство да поведе на натпреварите, бидејќи има ограничен број билети.
„Се водеше вистинска мала битка околу тоа кој заслужува да оди на Светското првенство, но беше забавно“, изјави Вергара.
Таа потврди дека ќе присуствува во Лос Анџелес и на финалето во близина на Њујорк, а планира да следи и уште неколку натпревари.
Вергара откри и дека неодамна разменувала пораки со Шакира, која ќе настапи на полувремето од финалето. Актерката рече дека е возбудена да го гледа нејзиниот настап и очекува уште едно спектакуларно шоу.
Покрај фудбалот, Вергара ги охрабри луѓето да разговараат со семејството и за здравствените проблеми, истакнувајќи дека спортот има моќ да ги зближува луѓето.
